1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Апче за ден потоа

Дискусија во 'Бременост' започната од Barbie.Girl, 30 март 2010.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Да, нема забележани контраиндикации помеѓу Норлево и АД
     
    На *rainBow* му/ѝ се допаѓа ова.
  2. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.797
    Допаѓања:
    57.295
    Пол:
    Женски
    Девојки, ме мачи цела вечер нешто па да се консултирам со вас и ќе решам сабајле што ќе правам. Попладнево имав односи без заштита, не сврши во мене но едно нешто ме мачи за кое се освестив предоцна, имавме 2 пати со растојание од 10 тина минути. Ме мачи тоа да не останало нешто во него првиот пат кога свршил па да ми го пренел кога имавме по втор пат. Совет, да земам апче?
     
  3. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    Мислам дека нема место за паника.Дали првиот пат кога сврши се избриша или изми партнерот?
    Ако не постои можнос нешто да ти оставил.Али и да оставил може нема да има нешто никогаш не се знае.
    На другарка моја нејзина блиска има останато трудна од вториот пат што тој не се избришал.
     
  4. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.797
    Допаѓања:
    57.295
    Пол:
    Женски
    Да, за бришење и миење да. Но не знам дали уринираше..
     
  5. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    Сепак мислам дека нема место за паника али не ме фаќај за збор.
    Еве ние со партнерот сме имале неколку пати ризичен однос но до сега не се случила бременос.
    Секоја жена е различна.
    Побарај совет од твојот гинеколог
     
    На lost123 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.797
    Допаѓања:
    57.295
    Пол:
    Женски
    Девојки, со консултација од гинеколог со негова рецепта земав подле 22 часа поминати. Тој ми кажа дека не треба да имам некои последици или реакција дека прв пат го земам.. Но некоја да сподели искуство, што реакција би можела да имам?
    Аптекарката исто ми рече дека не треба да имам некои реакции или поместување на циклусот.
     
  7. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.454
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    Можно е да имаш кафеав исцедок два-три дена откога ќе го испиеш или да добиеш порано. Но нема простор за страв, на некои им се случува, на некои не. :)
     
    На lost123 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.797
    Допаѓања:
    57.295
    Пол:
    Женски
    Ми кажаа дека можно е да имаам болки во стомакот. Дали смеам да се напиам апче за против болки доколку ги имам пример од утре?
    Поминаа 2 саати, чуствувам болки во желудник...
     
  9. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.454
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    Немам слушнато некој да имал болки, може е вистина, може не. Не можам да тврдам. Но мислам дека нема да штети да се напиеш апче против болки доколку имаш. Како и да е, болките кои сега ги имаш ти се на психичка база, најверојатно. Пробај да не мислиш на тоа и се ќе биде во ред.
     
  10. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.797
    Допаѓања:
    57.295
    Пол:
    Женски
    Па искрено можеби, не можам да кажам не. Гинекологов и аптекарката ми кажаа дека не би требало да имам никакви лоши ефекти, само заборавив да прашам доколку имам болки дали смеам да земам апче против болки..
     
  11. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.727
    Допаѓања:
    172.716
    Пол:
    Женски
    Нели пишува во упатството?
     
  12. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.797
    Допаѓања:
    57.295
    Пол:
    Женски
    Го прочитав целото, има евентуални последици но никаде не пишува дали смее да се испие апче против болки доколку ги има.
     
  13. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.727
    Допаѓања:
    172.716
    Пол:
    Женски
    Смееш ..
    Тоа е за болка, ова е за друга намена.
     
    На lost123 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.797
    Допаѓања:
    57.295
    Пол:
    Женски
    Девојки здраво,
    Сабајлево ми е 3 ден како го испив апчето, до сеа немав некои поголеми промени но од утрово имам бело прање многу густо. Сакав да прашам дали кај секоја девојка се појавува тоа крварење и кога да би го очекувала кај мене? Ако сака да ми пише некоја која ова го поминала.
    Фала..
     
  15. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.454
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    Бело прање не е крварење и не би требало да е последица на апчето. Можеби имаш некоја инфекција.
     
  16. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.797
    Допаѓања:
    57.295
    Пол:
    Женски
    Знам дека не е, денес ми се појави многу густо бело прање. Прашањето ми е дали секоја прокрварува и после колку време. Бидејќи мене ми е рано за добивање, да си знам.
     
  17. анелеее

    анелеее Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2017
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Ви пишав пред една недела дека се напив апче поради скинат кондом, и дека бев исплашена од можна бременост. И токму тоа се случи ги имав сите симптоми почна да ми доцни, тест купив беше позитивен и на преглед бев и таму позитивно. Ми закажаа абортус веке 4та недела сум, за два дена ќе биде абортусот, многу сум исплашена, а и плус е тоа што никој не знае и не треба да дознае, раскинавме пред да дознаам и еве сама сум во ситуацијава.
     
  18. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.574
    Допаѓања:
    39.511
    Пол:
    Женски
    Зошто не му кажеш дека си бремена?
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  19. анелеее

    анелеее Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2017
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Не сакам воопшто да се дознае, студирам, млада сум, а тој не е тука во моментов а и не планирам да продолжам со него. Само не ми се верува дека тоа се случи и покрај заштита и покрај норлево...
     
  20. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.797
    Допаѓања:
    57.295
    Пол:
    Женски
    После колку време го испи апчето?
    Како пред недела си го испила а бремена 4 недела? Тоа од друг однос ти е не од тој кога си пиела апче.
     
    На BabyStyle и Dadusicka им се допаѓа ова.