Каде може да се купи апчево без рецепт и дали може да ми стои во новчаник или треба да се чува некако посебно? Голем паничар сум и мнооогу ми е страв да не се скине кондом, а таблети не сакам да користам, од луѓе што ги знам повеќето се со негативни искуства - дебелеење, фала однапред ♥
Зошто да го земаш уште сеа? Ако не дај боже ти затреба ќе го земеш од било која аптека, но внимавај да не ти затреба.
Не би препорачала да го ставиш во новчаник бидејќи постои шанса да се оштети заштитната фолија. Е сега, ако ептен толку паничиш, не знам, еве купи сејотејп и излепи го (оној за хартија, што не остава траги).
Девојки имам едно прашање. После апчево добив, порано и секако не беше како предходно. Треба да ми заврши, дали неделава што предстои закажам на гинеколог да проверам дали е се во ред, би покажало доколку не дај боже оставило некои последици или да почекам? Фала, секој совет би ми значел.
Секако ќе одам да си смирам совест, прашањето ми е дали да почекам (7-8 дена од кога ќе ми заврши целосно) или веднаш да си закажам да не чекам.
Од коментариве заклучувам дека апчево било доста актуелно (за жал) е сеа околу мојот проблем.. Пред година ипол кога испив Норвело немав никакви реакции,ни крварења,ни доцнење и слично,се си беше во ред..меѓутоа пред точно две недели имав незаштитен однос а бев ден пред овалуација,партнерот два пати сврши надвор меѓутоа ај ради превензија одлучив да земав апче после 15тина часа од односот..после 4 дена прокрварев прво неколку капки кафеаво, за наредните денови да се претворат во пекол,од Вторник до Недела крварев преобилно со исфрлање на парчиња (како што ги нарекуваат џигери),носев само ноќна улошка менував на секој 40 минути, неможев да се јавам на гинеколог затоа што бев надвор од државава, еве веќе недела дена крварам,сега намалено е ради капките кои ги пијам за намалување на крварење кбидејќи додека не се ичистам неможе да ми направат преглед.. Слично искуство..? некој?? П.С- размислете два пати пред да земете хормонална бомба..
Slicno iskustvo, sto bi ti rekle koga kolku i da izgleda slicno, nikogas ne e isto, bidejki sekoj organizam reagira svojstveno na sebe, sekoja reakcija e individualna. Socekaj da sopre krvarenjeto, ke napravis gin. pregled i ke dobies odgovori na prasanjata koi vo momentov te macat. Neka ti e so pomin, daj Boze da nema posledici, drugoto veke ti e jasno, spored ova sto go procitav.
More voopsto nisto ne mi e jasno veke Mislev na toa dali nekoj imal iskustvo ili mu e poznato volku dolg period na krvarenje...
So toa sto rece deka treba dva pati da se razmisli, pred da se zeme apce, kaza deka ti e jasno, a toa e mnogu vazno. Dzabe ke ti kazuvaat maricica, bidejki bez ogled na toa dali nekoja zena imala dolgotrajno krvarenje (a sigurno e deka ne si edinstvena), vremeto na prestanok na krvarenjeto zavisi od organizmot, za koj spomnavme deka reagira individualno. Toa sto se slucilo, neka mine i neka ne se povtori.
Здраво, околу 28 август испив апче и после една недела добив (до редовниот циклус имаше уште 3 недели) и еве веќе 14 дена имам добиено со што последниве 7 дена имам капки постојано а веќе требаше да ми заврши. Дали некој имал слично искуство?? Дали треба да се консултирам со гениколог?
Тоа апчето ги избудалува хормоните ,избегавај да го употребуваш и не е лошо да посетиш гинеколог,сигурно и циклусот ти го има пореметено.
Здраво ... Имав односи со дечко ми, каде што врска за која моите не знаат итн, со заштита но се скина кондомот... Ми идеше да се убијам кога видов ама тоа е сама сум си крива што воопшто почнав. Нема назад па да ми каже некој тоа беше ноќеска сабајле да купам апче даваат во било која аптека без рецепт? И друго осеќам у стомаков чудно ваљда од стресот сеа.. Ако може некој што го користел апчево и порака да ми пише.. И да дали има некоја што испила апче и останала трудна ? Премногу ми е страв значи никад више со некој шо не ти е сигурен!