Бидејки другаркава од кога го испи доби за една недела, а и беше рано за редовниот циклус, а од тогаш помина месец дена и сеуште не добила, по правило утре треба, но немала симптоми за добивање..
Нека направи тест, но циклусот да и се среди ќе и требаат 3 месеци сепак има испиено хормонско апче. Ако и касни подолго нека закаже преглед на гинеколог.
Можеби малку банално прашање, но дали при вршење на голема нужда после неполни два часа апчето може да се исфрли? Го пиев ден пред да ми дојде менструација, и после тоа ми каснеше само 3-4 дена, и немав никакви несакани дејства освен вртоглавици и омалаксаност истиот тој ден.
Апчето го пиеш,не го ставаш во аналниот отвор па да го исфрлиш при голема нужда под голем напон Донт вори не е исфрлено
Дали да пијам апче за ден потоа?Имавме незаштитен секс и он сврши ама не му текнува дали го извади на време. Не осетив никаква течност во мене, не сум во плодни денови, но сепак паничиме
Не сум медицинско лице ама знам дека овие таблети се многу опасни и штетни...прават тотален хормонален дисбаланс во организмот кој што може да влече сериозни последици на долг рок. Познавам девојка која пиеше таква таблета на нејзини 20 години...9 месеци после таблетата остана бремена, сакаше да го роди но го изгуби бебето...дали е од таблетите -Не знам. Нејзините коментари беа дека после таблетата се чувствуваше многу лошо, како хаос да и се дешава во организмот. Подобро немој...не брзај со одлуката...сепак имаш уште две други опции.
Абе како така да пие...Како така си играте со здравјето?? Не сум за абортус, но не сум против оние кои така решиле...Ако биднало нешто тоа е далеку по безбедна метода. Она не е ни сигурна дали децкото свршил во нејзе, плус не и се плодни денови...99% не е бремена Зашто би пиела за ден По Тоа???!!! Дај мислете малку со глава
И треба да се плашиш. Значи ако имаш редовен циклус , многу мали се шансите да имаш утка со плодните денови. Во кој ден од циклусот се случи тоа?
Немал осет кога свршил, бев влажна но не знам дали беше од спермата, но сепак и да било од спермата не беше внатре во вагината, туку површински.
Ако не си во плодни денови и да свршил во тебе пак не си бремена.... Затоа немој ... Што и да се случи утре можеш да најдеш решение... ако го пиеш апчето никој не ти гарантира за последиците дури и се упатува на мозни несакани дејствија
па секогаш има шанси за бременост и да е плоден денот и да не е.Друго решение освен арбортус не знам..
Така, денес ја советувате да не пие апче, утре ќе ја советувате да не абортира, и ќе и викате "шо мислеше кад се онадеше". @Mimis ако не сте сигурни - пиј. И повнимателно следен пат.
Значи не е така...ако нема зрела јајце клетка што ке оплоди? Во плодните денови, на 14-ти ден од првиот ден кога си добила, созрева јајце клетката и може да биде оплодена...доколку истата не е оплодена во овој период како ти би останала бремена. Затоа те прашав кога доби, кога се случи тоа да сврши во тебе (потенцијално)? Ја ти препорачувам да не го пиеш апчето. И да, абортусот е по безбедна метода Ај скролни малку погоре и прочитај што сум пишала... Ако те мрзи да читаш поштеди ме од вака иронични коментари... Девојка е, утре ке сака да биде мајка...од еден неоснован сомнеж може куп проблеми да си направи
Абортус побезбедна метода И не, не може дури ни на редовен циклус со сигурност да ги пресмета плодните денови. Апчињата за ден потоа не влијаат на плодноста.