Не планирам да се надмудрувам со тебе. ја и ти сме најмалку битни во дискусијата. Прочитај околу таблетата и размисли што ја советуваш. Во западно европските земји ја даваат после силувања , алоо
Ако било надвор, не може да забремениш. И не ми е јасно зошто не користите кондоми??? Зошто да си ја ставаш главата во торба? Наври кондом и мирна глава. И мене не ми се допаѓа ова со апчињава за ден по тоа. Ударна доза на хормони се... партал прават во организмот. Како 25ти септември? Нели август?
Алооо имаме пиено многу па сме живи здрави и плодни после неа. Ако не сака бременост нека ја испие веднаш но нека внимава следен пат. Не дека советувам дека е убаво да се земе, но ако не сака бебе ке го испие. Ова е хормонско апче но тоа не влијае на плодноста на една жена.
Тоа се случи синоќа или вечерва. Девојко...не си бремена... од здрава немој да си навлечеш куп компликации.. не ги слушај... нема шанси да зачнало
Свршил надвор, по некој ден од менструација? Не пиј без потреба. Така ако се забременуваше, во моите 22 години сексуална активност, 22 деца ќе родев сигурно.... ако не и повеќе
се случи пред 4-5 часа. САкавме да купиме апче ама беше затворена аптеката, па имам време да размислам до утре
Не мора на плодноста. Дисбаланс на хормоните прави, ако не за секогаш, барем за некој период. А тоа не е добро за организмот. А и нема потреба, бидејќи секс имале вечерва, менструација последна на 27 август, плус надвор свршил дечково.
Ти си на почеток на циклус...нема шанси да имаш зрела јајце клетка... Уживај...и памет во глава за во иднина.
Веројатноста за бременост е мала.. Ама не е невозможно, освен ако не мериш температура и да знаеш точно кога ти се плодните денови... Плус, може и повеќе јајце клетки да произведеш, посебно ако си млада... Не знам... Испиј го еве. Купи утре испиј, и друг пат, никако без кондом! Ама ни под разно!!
Знам, го имам пиено и добро знам за него. Но во секоја гледна точка е подобра опција од не сакана бременост, барем за мене беше така.
Девојче..значи да не го пиеш. Шансите за бременост ти се 1%. Шанса за бременост постои и со кондом. Така да -Немој
фала ви многу на советите, најверојатно нема да го пијам, но не сум никако спремна за дете па ќе видиме како ќе биде
Извини, а колку долго сте заедно, дали ви е убаво во врска, дали се сакате и на која возраст сте? Не мора да одговриш овде, сама одговори си.
Да не го пиеш. Твоето тело е во прашање...ако ги зезнеш хормоните рачунај на проблеми долгорочно кои постепено ќе се манифестираат. Ако случајно, велам случајно си бремена...а не сакаш да го родиш, имаш дечко ...не ви ја знам релацијата, но ако од него немаш подршка имаш родители...ке идеш во некоја добра клиника и ќе го решиш проблемот. Во иднина.... бери памет
Апчето е многу лошо ако го испиеш, ама затоа ако останеш бремена абортусот ти е гола вода, најлесно нешто и имаш еве поддршка. Моето го кажав, сама одлучуваш. Секое добро