Испиј го! Од едно, нема да биде крај на светот. Ама уште еднаш ако имате секс без кондом, ќе ве најдам и ќе ви ги пресечам на двајцата!! Жими се'!! Не ве разбирам зошто се сексате без кондом???
Имам прашање за членкиве кои ја советуваат да го испие: Дали сопствената ќерка во ваква ситуација би ја советувале да пие апче За Ден Потоа? @DAngel, @lost123
Е ќе си купите повеќе или ќе се воздржите ако немате во моментот. Терај сега како што се договоривме и не си играјте друг пат... Ко на ќерка ти кажувам
Повикај се на последниот мој пост.. штотуку ја посоветував да се напие ... како на ќерка што би и' советувала.
Не сум прозвана, ама морав да искоментирам. Да! Зошто има 18 години и зошто не користела заштита. Не знам како можеш да бидеш толку сигурна дека не е бремена?! Што ако е?! Млада е и неспремна за бебе. Девојко пиј апче!
Затоа и не те означив во коментарот ... Уште од старт и кажа дека таблетата е поштетна од секое друго можно сценарио
И' кажав дека не е паметно ако свршил надвор, ама кажа дека можно е да било внатре... И тој пак.... детиште, не знае кога свршува Абе плачат за ќотек!!
Сигурна сум затоа што и е 4-ти ден од циклусот. Шансата да остане бремена е помала од 1%, исто толкава е шансата да пукне кондомот и да не приметат. Која е разликата? Баш така
@Mimis Девојче вака, кажи ми како стоиш со висина/тежина? Дали си здрава, без никакви посериозни болести во минатото? Дали имаш редовен циклус или не? Кога последен пат ја имап проверено крвта и дали резултатите ти биле океј?
Ај објасни ми го муабетов со прашањава? Сакам да знам... не сум пиела никогаш апче за ден потоа... ме интересира...
163 цм 54 кг здрава сум без болести со редовен циклус,а за крвта резултатите биле океј, само слабо железо
@WildMk Незнам дали иронично ти е прашањево или не, ама нвм. Студирам медицина-при крај сум. Се обидувам да сфатам дали девојчето е здраво, бидејќи ова апче може да и направи огромен хормонален дизбаланс во организмот кој може во иднина да влијае врз мнооогу нешта. Бидејќи не ја знам, мора вака. @Mimis Значи реално шансите да забремениш ти се многу мали. Не си во плодни денови, на почеток на оформување ти е јајце клетката и сеуште не ти е оформен терциерен фоликул кој ги нуди потребните услови за успешно оплодување. Ако си здраво и силно девојче, испиј го за да не те боли глава! И нареден пат без кондом да не сте ни помислиле. И после неколку дена обавезно, значи ОБАВЕЗНО да одиш кај матичниот гинеколог (ако го немаш, одбери си - сексуално си активна и не си мала, мора да одиш на редовни прегледи) на контрола. Ќе му кажеш дека си пиела апче, и ќе му кажеш да ти направи рутински преглед. И ако имап некои тегоби, потешкотии ќе му кажеш на докторот. И памет во глава друг пат!