1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Апче за ден потоа

Дискусија во 'Бременост' започната од Barbie.Girl, 30 март 2010.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Сериозно прашував :) Навистина не знам кој од тие параметри кои ги наброја, како делуваат.

    Сега ми отвори уште едно прашање: Нели може и повеќе од една јајце клетка да произведат јајниците, посебно кога се помлади девојките и нели може да бидат произведени во различен период од циклусот?
     
  2. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    1.432
    Допаѓања:
    4.624
    @WildMk Незнам дали иронично ти е прашањево или не, ама нвм. Студирам мед
    Може да. Така и се добиваат двојајчени близнаци - две јајце клетки се оплодени од два сперматозоида. Додека еднојајчените се добиваат со делба на една јајце клетка. И кај помладите може да се оформат повеќе. Инаку во секој момент во оваријалната кора на јајникот имаме јајцеви фоликули кои се наоѓаат во разни стадиуми - примарен, секундарен и терциерен фоликул. Е овој терциерниов фоликул (најчесто еден се создава, а може и повеќе) испушта секундарна ооцита која оди кон јајцеводот и чека средба со сперматозоид. И просечно се задржува околу 24 часа. Овој е тој период наречен овулација. Инаку во секој циклус околу 20тина „незреани фоликули“ се обидуваат да созреат во терциерен фоликул, ама сепак 1-2 созреваат накрај. Другите дегенерираат.
     
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Прашањето ми беше, дали може во различен период да созреат јајце клетките и да бидеш во 2 различни денови плодна?
     
  4. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    1.432
    Допаѓања:
    4.624
    @WildMk И да, друг интересен податок кој верувам дека мал број на жени го знаат е дека секое женско новороденче има 400 000 примордијални или би ги нарекла примитивни фоликули. Се до пубертето си стојат. Почнуваат да се „трошат' со првиот менструален циклус. За секој циклус околу 20-30 одат и се стремат да „созреат“. Во просек, од овие 400 000 примитивни фоликули, само околу 400 дожувиваат овулација (што е еднакво на менструалните циклуси на една жена во текот на нејзиниот живот).

    Да, можно е. Но не кај сите. Кај поголем процент е само еднаш.

    Но не во голем временски интервал. Пак се случува се за околу 36 часа.
     
    Последна измена од модератор: 3 септември 2018
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Знам за ова... и многу ми е јако... :inlove:
    Толку е се' 'совршено функционално' во човечкиот организам... ме фасцинира :inlove:
     
  6. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    1.432
    Допаѓања:
    4.624
    Човечкиот организам е комплексна и бесконечна галаксија би рекла. Колку се поврзени, редоследни и зависни некои процеси тоа е чудо. И цело време се откриваат нови работи. Интересно е!
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Anna85

    Anna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    @LadyR
    Би те замолила, кога ќе имаш прилика ако не ти е проблем да напишеш краток пост (што не верувам дека може да биде краток) за можните несакани дејствија од таблетата за 72-часовна контрацепција и за последиците на подолг рок.
    За сето ова имам читано артиклс кои се навистина да те извадат од памет...
    Добро би било секој да ги има информациите па сам да си ја донесе одлуката и да си ги сноси последиците...
    Мислам дека кога е во прашање овој начин на контрацепција одлуката не треба да се носи врз основа на искуствата на другите, него врз основа на науката.
    Тажно е кога некои девојки носат одлуките поради кои подоцна би зажалиле, а при тоа истите ги донеле недоволно информирани.

    Однапред ти благодарам.

    П.С. според медицината, што носи поголем ризик за во иднина - абортусот или таблетата за 72 чаовна контрацепција?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    И јас би сакала да знам.
    Не мора ЛејдиР, може било кој, што знае детали да ги напише.
     
    На Anna85 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.845
    Пол:
    Женски
    Девојче жал ми е за твојата неинформираност. Баш штета што мислиш дека бременост може да настане само во плодни денови. Уште поголема штета е што абортус споредуваш со апче за ден потоа. Биди така (y) ;)
     
    На DAngel, Dust и forumce им се допаѓа ова.
  10. Anna85

    Anna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    :) Оплодување настанува коа ќе се спојат сперматозоид со созреана женска јајце клетка која се ослободува во периодот на овулација и истата може да биде оплодена во наредните 12 до 24 часа.
    Тој период на овулација кога клетката е спремна за оплодување народски се нарекува “плодни денови“ кој по теорија се случува на 14-ти ден од денот кога си добила.
    Без созреана јајце клетка тој 14-ти ден не се нарекува „плодни денови“ па од таму тебе ти е заблудата дека не се забременува само во плодни денови :)
    Јајце клетката може ќе созрее во 15-ти ден , во 17-ти ден, а може па и во 10-ти ден од циклусот ...зависи кога е созреана и ослободена за оплодување тогаш се плодни денови...
    Па размисли бре малку логички (facepalm)
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  11. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.845
    Пол:
    Женски
    Еве гледаш си знаеш а во претходниот пост малку лупаш глупости. Јас ти па ни членката не знаеме кога се плодни денови, особено ако менструацијата е нередовна. Јесте да би требало да е 14тиот ден ама ко шо пиша може и 10тиот. Тој ми е муабетот, јас ќе си свиркам дека на 10ти ден не ми се плодни, а може да ми се. Мојата овулација кога останав бремена беше на 18ти ден. Можев и јас да мислам аха нема да се фати плодните денови на 14ти ден поминаа. Теоретските плодни денови и реалните баш и не се погодуваат.
     
    На forumce му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Anna85

    Anna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Во дискусијата беа опфатени повеќе можни исходи... Тоа што тебе те мрзи да читаш, па уште се фаќаш само за само еден коментар од целата дискусија - Тебе те прави смешна.
    Мрзата е опасна работа.

    Ова само збори за твоето ниво во комуникацјата со другите, односно за тебе.
     
  13. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.096
    Допаѓања:
    37.562
    Пол:
    Женски
    Ти се читаш ли што пишуваш? Дај бе не лупај глупости ти се молам. Еве и јас го имам пиено апчето па останав бремена ОД ПРВА. Немој ти се молам да пишуваш работи кои не ги разбираш оти секакви луѓе читаат
     
    На DAngel и fana им се допаѓа ова.
  14. Anna85

    Anna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    |( кое вербално резонирање?!
    Кај прочита во мој коментар дека не можеш да останеш бремена??? - не одговарај, ова е само реторичко прашање, пошо гледам дека и ти си слаба со читањето...
    Напротив во некој од првите коментари реков дека девојката која ја знам а која пиеше апче, после 9 месеци остана бремена, па го изгуби бебето... и еве сега да кажам, дека после спонтаниот пак остана бремена, уште два пати и има две прекрасни девојчиња.
    Во моите коментари алудирам на други компликации по здравјето....
    Прочитај за улогата на хормоните во организмот, за миоми, и разни други врагови кои не се на штета само на репродуктивното здравје а се последица на хормонален дисбаланс. |(
     
  15. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.845
    Пол:
    Женски
    Јер апчето прави р'шум во организмот али киретажа е права ствар :clap:

    (facepalm)
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Pretty_woman

    Pretty_woman Активен член

    Се зачлени на:
    2 август 2018
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Дали можеда ми дојде 2-3 дена порано од апчето?
     
  17. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.729
    Допаѓања:
    55.353
    Пол:
    Женски
    Да.
     
  18. Pretty_woman

    Pretty_woman Активен член

    Се зачлени на:
    2 август 2018
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки дечко ми сврши во мене по околу 15часа испив Норлево по два дена имам многу остри болки во долниот дел на стомакот а сега почнав да имам болки во грбот и нозете.Дали е можно да сум бремена иако имам испиено апче...
     
  19. Eni.r

    Eni.r Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2018
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    2.032
    Пол:
    Женски
    Не
     
  20. meggle

    meggle Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    2.349
    @Pretty_woman прочитај на упатството од Норлево, јас имам пиено само еднаш во животот, колку што се сеќавам неколку дена после пиење на апчето треба да добиеш..