Нормално дека ќе има, тоа е дозволено на 6 месеци, а ти си испила и во пократок рок, па сега и трето сакаш. Немој да пиеш.
Со причина е кажано дека апчето смее да се пие најмногу два пати годишно , има висока доза на хормони кои секако ти прават пореметување во организмот. Ако не свршил во тебе немој никако да го пиеш, и ако планираш да пиеш после секое пукање на кондом подобро пиј пилули за контрацепција...
Е да. Значи прв пат еве, на 25 год. ми се случува вакво нешто. Јбг за се има прв пат нели..особено коа со неискусен идиот си имаш работа, па му пукнал кондомот па морал унутра да сврши, не било филинг надвор. Како и да е, значи уште во рок од први 40 мин се напив Норлево, но немав никакви симптоми од крварење, гадење, вртоглавица. само ме пукна депра очигледно од фактот дека тоа се случи. Претходно се избришав и изнаскокав добро. Неплодни денови ми беа. Ај ако некој добро се разбира и има искуство со Норлево го замолувам да ми каже дали е нормално да не искрварам?
Значи не мора да значи воопшто дека сме неуки туку се случува кај девојки да иде и секој месец на иста дата....така да ова со платава малку ме изнервира ама нема везе! не е тоа до неукост туку ете стварно секој организам е различен и различно функционира!Поздрави
значи вака: апчето се пие од 12 до 72 часа, знаеш дека штити од бременост, е хормон и не се препорачува да се пие толку често, и циклусот мозе да ти дојде за некој ден порано, а следниот месец планирај да ти дојде порано(во упатството пишува) за вртоглавици незнам, најдобро посоветувајсе со фармацевт/гинеколог
Добро зошто не си ги читате упатствата??? Во упатството многу добро пишува и сите симтпми како што се гадење, главоболка, вртоглавица и крварење се наведени како несакани ефекти, а не дека апчето делува.
Го прочитав упатството. Темава постои сепак за разменување искуства нели? Некад искуството е многу побитно од упатството.
Не мора да има никакви симптоми. Може да ти касни или да ти дојде порано, зависи за кој како. Прочитај поназад, целава тема е со искуства.
Ќе ве молам за помош....вака сеа ни пукна кондомот..меѓутоа дечко ми не сврши внатре, а згора на тоа не ми се ни плодни денови, досега не сум имала вакво искуство и незнам дали да пијам вакво апче...ваше мислење???
Здраво на сите на форумов значи вака ми дојде на 03.12.2011 а правевме однос после една недела и сакам да прашам имав заштитен однос со дечкото но се случи мал инцидент пукнал кондомот...а тој ми кажа дека не свршил во мене(барем така тврди)...сега не сум сигурна дали е така а после односот едно 12 до 14 часа пиев таблета норлево и не добив крварење...после тоа една недела на 17.12.2101 добив крварење како да имам менструација еве веке е втор ден како го имам тоа и сакам да прашам од што можи да е тоа дали е од таблетата ми дошло прерано и има ли можност да останам бремена...ве молам за итен одговор многу сум загрижена
благодарам на песната и брзиот одговор сигурно сакаш да ми кажеш да не се секирам ама побарав искуство и мислење малку повеќе да ми кажите дали е некој имал слично искуство како моето па ако има нека го сподели
Јас сум имала, и не се нервирај воопшто. Можеби тоа што крвариш е само крварење од апчето, можеби си добила порано (што не е чудно воопшто). Како и да е, не се грижи, само повеќе пазење друг пат, не дозволувај такво нешто да ти се повтори.
а чудно ми е што за една недела поточно кажано од кога го испив апчето ми иди пак а редовната ми беше на 03.12.2011 затоа и се исплашив па од сега па натаму многу ке внимавам на тоа а и на него му се нема случено до сега тоа и сме во врска повеке од година време се немаше случено такво нешто ама се случи за жал и се надевам дека е се во ред ми олекна малку