Може да е нус појава од апчето, и да е бременост неможе толку рано одма да имаш симптоми. Може и психички да е... чекај да добиеш, ако не добиеш, тест.
@CrazyGirl15 мислам дека ја имам читано дека и покрај испиено норлево останала бремена. Ако чита нека пише ред-два.
Девојки откако го имам испиено апчето после недела ми дојде само како кафена крв и веќе немам ништо дали тоа е нешто за паника ??
Точно Тинче , се тешев дека сум го испила предоцна ( иако го испив некои 10 часа по ризичен однос ) , а можеби едноставно не делувало кај мене . И онака организмот мој е наопаку , кај сите делува на пример Омепразол апче за желудник , кај мене повеќе болка создава . @Pretty_woman јас и тест за бременост правев и покажа една црта ( иако сум била веќе еден месец бремена ) , најубаво е на гинеколог да си провериш или преку крв . Јас после цел тој процес не верувам во тестови и таблети . Еве го син ми има 4 полни години . Не се жалам што го родив , само посакувам да не минев низ тој стрес што го доживеав . Среќно !
Гледам и се чудам, колку со лесно дечковците им свршуваат во нив и накрај решението е апче. И после ќе се чудат зошто немале деца и тн. Кај замина младинава...
Дали некоја од вас има користено ella таблета ми кажаа дека делува исто како norlevo одкако го испив немаше никаква реакција а еве веќе 5 дена ми касни?
Ако делува исто не би требало да си бремена,но за секој случај направи си тест доволно ти касни и ако има нешто би покажало.Да не те паничам, но има случаи од феминки кои и покрај испиено апче останале бремени.Секој организам е индивидуален.Секое добро.
Ела може да се земе до 5 дена после незаштитен секс.. и шансите се горе-долу исти како со Норлево Ама направи си тест..
Откако го испив апчето, после некои 4 дена почнав малку да крварам, не обилно туку многу малку. Плус сега ми почнаа плодните денови. Има некој се соочено со ваква или слична ситуација ?
Можно е да покаже негативен после еден месец бременост ако тестот кој си го правела бил за детектирање на рана бременост. Секој тест има праг (од-до колку HCG детектира). И под, но и над тој праг покажува негативен.
Искрено , не се сеќавам баш за границата на ХЦГ , ниту пак на името на тестот , пред 5 години беше . Можеби и тоа била причината што тестот беше неточен ..
Здраво Пред 3 дена имавме незаштитен секс со дечкоми и тој сврши во мене после 30минути пиев норлево вчера ми протече две капки крв и кафеав исцедок,денес повторно ми тече крв но не во големи количини.Дали тоа значи дека делувало норлевото или не?Ве молам кажетеми побрзо преплашена сум
Здраво феминки Ме интересира ваше мислење или искуство.. последна менструација имав на 06.10 траеше до 11.10, на 17ти ни се скина кондомот со дечкото и тој сврши во мене.истиот ден по 9 часа се напив норлево пошто по календарот тие ми беа плодни денови. Откако го испив норлевото по 5 дена,односно на 22ри мене ми дојде менструација која ми трае сеуште.. сега ме интересира дали треба да ми дојде пак за 7 дена пошто тогаш нормално треба да ми дојде или ова се рачуна како менструација? Фала ви однапред
Ова крварење е предизвикано од апче, би требало да ти дојде кога и треба точно, само ако не настане некое пореметување.