Здраво апчето за ден потоа ако се испие и после повеќе од поминати 24часа од односот дали има шанси да ичисти се?
Може да се испие најдоцна до 72 часа од односот, меѓутоа, колку порано се земе, толку ефикасноста е поголема. Апчето не чисти, туку ја превенира или одложува овулацијата. Токму затоа највисока ефикасност има ако се пие во првиот дел од циклусот. Иако во упатството пишува дека може да се земе во било кој дел од циклусот, искуството (и неколку студии) вели дека ако се земе на денот на овулација или следниот ден, нема ефект, затоа што нема дејство врз имплантацијата. Со среќа!
Zdravo na site,nova sum tuka i sakam da postavam edno prasanje.imam ispieno norlevo apce pred edna godina i ne ostanav bremena togas prokrvariv i tolku.e sega dali e mozno da ima nekoi problemi pri zacnuvanje ili donosuvanje na bebeto do devetti mesec poradi toa apce,znaci ispieno mi e pred edna godina i samo toa edno apce mi e.fala vi
Заради апчето од лани, нема да имаш проблеми. Некои и во истиот циклус кога го пијат апчето остануваат бремени и немаат проблем, не се грижи.
Не размислувај негативно! Од апчето, а и пред време нема резон да се плашиш. Вие со партнерот само редовно си работете, па да се надеваме дека ќе остварите успешна бременост во скоро време.
Да, треба да се пазиш тоа е само за ден потоа. После овулацијата си е нормална следниот месец. Не пијте за без врска апчиња, хормонска терапија е тоа не е играчка. Пази се, користи заштита.
Пореметува хормони, може да ти дојде одма може по 2 месеци. Штетно е сигурно бидејќи не препорачуваат да го пиеш повеќе од еднаш годишно. За подетални информации обратете се кај вашиот лекар или фармацефт
Дали имам потреба од апче, имавме не заштитен однос. Не сврши во мене т.е воопшто не сврши, треба да добијам во понеделник
Ако не свршил зошто ќе пиеш апче? Едуцирајте се пред да имате односи, не си го поремерувај здравјето без потреба. И користете заштита штом вака лесно паничиш.