И мене ми се деси истото вчера, незаштитен однос, он не ни сврши, ама да му се плукнам бе страв ми е од предсемена пошо тоа ни беше втора рунда
Тука има шанси, доколку не се измил и не бил во тоалет, не знам колкави се шансите, но секогаш треба да се внимава.
Леле сеа уше толку се стаив у бед. Ама ете веќе 2 години имаме така односи ( 1ва рунда заштитено, 2ра незаштитено, со свршување надвор) и до сега не се десила беља. Ама ете не знам зошо паничам и страв ми е многу.
Па ако имаш поголемо бебенце на кое можеш да му скратиш еден оброк(доење) испиј го. Јас сепак не би пиела. Мислиш дека ќе имаш друга бременост? Ако не си сигурна не си пореметувај само хормоните со норлевото.
Здраво. Сакам да ве прашам после колку дена од земање на Нпрлево таблетата ви дојде менстеуација? Јас ја испив на 11.12 (одма по односот во кој ни се случи грешката) и уште немам добиено. Дали е тоа нормално или има врска со тоа што во последниве денови пијам многу лекарства за ишијас? Правев тест за бременост одма по 2 недели од односот,негативен беше. Молам за искуства.
На секоја таблета и треба одредено време додека да се раствори и процесира во организмот, затоа ми беше прашањето. Пример, вентор кога пијам за 20мин ми делува.
Ти ако си имала потреба да го испиеш ова апче, колку побрзо си го земала од моментот кога се случила "грешката", толку поголеми шанси има да делува.
Здраво вчера партнерот сврши во мене и се напив апче ellaOne кое што е слично како Норлево.Сега кога бев во wc се забришав неколку пати и забележав крв а не ми е период за добивање.Дали е нормално? Секако дека планирам после ова да идам на гинеколог но многу ми е страв а воедно и тешко за сето ова.