Памет в глава следен пат, да не свршува во тебе, туку да го извади пред да сврши. Зарем планираш секој втори секс апче да пиеш?
@1992g ако сеуште не си прашала, прашај во оние betty аптекине, можно е да ти дадат без рецепт, ако најдеш отворена. Јас еднаш примолутнор за одлагање на циклус, единствено таму не ми побараа рецепта, по сите други аптеки ми бараа. Едит-сега видов, си се снашла.
@1992g Се потврди мојата првобитна хипотеза, дека за one night stand станува збор, а? Патем, те цитирам не за да те навредам или ти набијам чувство за грижа на совест, туку за да го научиш ебачот твој на одговорност. Како не сфаќате дека во вакви ситуации СЕКОГАШ треба да бидат и мажите трезвени за можните консеквенции. Дури јас би им ставила на грб двојна одговорност, зошто се кладам дека не се трудат да свршите in the first place. Не бидете чурки, бидете силни и независни. Не дозволувајте некој да ве искористува. Ај поздрав.
Една до две недели најдоцна после регуларниот датум, под претпоставка дека од хемиските својства на таблетата е можно малку да ти се измести датумот на добивање. Како се викаше она што го зема?
Баш оти не се знае треба типот на свршување да го вади, а не да свршува со кондомот внатре. Барем јас така порано сум правела. Апче не е решение ова што го пишав погоре е.
Добро, не ми е јасно. Како се впуштате во некои работи а не знаете ништо? Ако имаш волку години спрема никот значи Треба да добиеш нормален циклус како до сега, така и натака освен ако нешто не е у реду...
Па добро секој има право да праша нешто што не знае,ти од раѓање сигурно се знаеш,боже боже па толку негативна особа прв пат на форумов сретнувам.
Добро, експертке, извини еве не знам, немам искуство, досега немам пиено такво апче и сакам да знам искуства од членките што конзумирале, дали добиле циклус, за колку време после пиењето и слично. Јас тек за 12-13 дена треба редовен да добијам. Едит: Јасно ми е тоа што го читам на нет, ама барам искуство лично.
Има право да праша. Ама членките погоре и пишаа и објаснија таа пак. И така се клука норлево без да ги знае последиците од се тоа. Важно да и влезе, па после ќе си лула глава од ѕид. Извини што сакав да и покажам волја за едукација во иднина.
Тоа може де се случи на секој,и знам како е да ти гори под нозе затоа прашува по сто пати,а и ако не сакаш не одговарај никој не те натера со сила.
За жал се исклучува човечкиот фактор при коментирање и осуда. Целиот ден ми беше паника, вртење навака, натака, ѕвонење телефони, па знаете, и не можеш секому да кажеш таква работа нели ? Затоа јас побарав тука помош. А и нигде не видов да ми одговори некоја членка за искуство (освен членката што напиша дека и покрај апчето, забременила).
@1992g гледам дека ти дале неколку неточни одговори поврзани со апчето. 1. Не мора да значи дека ќе добиеш нормално на очекуваниот датум. Може да прокрвариш порано, а може и да ти задоцни. Доколку ти задоцни, направи си тест. 2. Апчето не се препорачува да се пие повеќе од 2 пати годишно, а не 1 годишно или 1 во циклус.
Нормално циклус на датумот - ни порано, ни покасно. Немав никакви нус појави. Апсолутно никакви. Ама нели кај секого различно дејство има.
Апчето не е препорачливо да се пие ако нема поминато 6 месеци од последното земање. Затоа се вели најмногу 2 пати годишно. Тоа не значи дека е во ред во размер од два циклуси еден по друг да испиеш таблета за ден потоа, а твојата теза укажува на ова.
@1992g, мило ми е што си нашла апче и се надевам ќе ти функционира. Но препорака од мене, батали го типот. Сфаќам да се гледаш со некој за секс, и јас сум се гледала, но да ѝ свршиш на некоја внатре и да си отидеш лабаво на викенд во Грција? Па ти си нечовек, без грам совест и чувство на одговорност, ако сакаш и најголемиот к*р на светот имај го. Направи си услуга и батали го.