Девојки, испив апче "ден потоа" и добив после 5 дена како и што ми беше кажано, меѓутоа крвта ми е буквално ЦРНА, како исцедок само не тече обилно, веќе 6ти ден со ист интензитет, а обична менструација ми трае 5 дена. Имавме и однос завчера и при односот крвта беше нормално црвена, потоа на улошката пак црна. Има ли простор за паника и за консултирање со стручно лице? Иначе го испив апчето затоа што кога заврши кондомот остана внатре со се спермата и дур го извадиме све се растече
Се чудам како машкиве не знаат да користат КОНДОМ во 21 век.Не знаат да си го наместат,и да го користат како што требаЕдукација од градинка под хитно,ДОСТА патат девојките од неедукација.
Последен пат ќе ве замолам да се држите до темата. Не коментирајте за туѓи избори, (лажен) морал, постапки и што би било кога би било. Коментирајте за апчето, последиците од него, на што треба да се внимава, како да се набави...
Апчево никој не го пие од што сака но од друга страна пак ако еднаш се "згрешило" треба да се внимава повеќе. Го имам пиено еднаш и никогаш повеќе. Во мене како да внесов хормонска бомба. Ниту после него треба да се добие по извесен период ниту пак показател дека треба да ти доцни. Хормони, кај секого различно делува. Доколку доцни циклусот, тест би покажал дали апчето делувало или не. Внимавајте многу, јас после него 3 месеци не можев да ми се врати циклусот во нормала и плус од него си добив гратис циста. Затоа внимавајте, апчево нека ви биде последна опција.
@1992g се надевам дека се ќе биде во ред, но друг пат за да не дојде до ваков стрес, најдобро е да земаш контрацептивни таблети, препорачани од гинеколог. Се работи за тебе и твојата иднина . Пиши што направи и дали апчето делувало ( искрено се надевам дека ќе делува) . Поздрав од мене и сметај дека ова е само животна лекција . Се надевам дека понатаму нема да имаш потреба да го земаш пак . П. С. Оние кои ја осудија , обидете се да се ставите во нејзина кожа . Не и е лесно на девојката . Можеби таа не е спремна за дете вие без да знаете веднаш претпоставувате дека е секс за една ноќ , или дечкото е неодговорен . Можеби се долго време заедно , но ете немаат услови сега за бебе . Затоа и ја советував во каква врска и да се , мора да му каже дека не може да најде апче , да побараат заедно .
Dragi feminki, Imavme odnosi so decko mi i ne svrsi vo mene, posle nekoe vreme otkako se izbrisa so vlazni maramcinja imavme pak odnosi. Mene vcera mi zavrsi mens. Dali e mozno da zabremenam? P.s dali treba da pijam apce 24h potoa...? Sme imale i prethodno bez kondom no nikogas taka edno po drugo bez kondom.
Теоретски можеш да забремениш. Е сега не знам колку навистина е лесно на тој начин да се забремени. И по 100ти пат пишувам тука, не знам како толку лесно се ставате на ризик штом не планирате бременост..да не ти се верува.. За апчето не знам, нека каже некоја друга членка доколку била во слична ситуација.
Многу се мали шансите за бременост во оваа ситуација,така да не се грижи не си бремена...и не мисли сега цело време на тоа бидејќи од нервоза уште повеќе ке ти доцни и ке те фати поголема паника.Ова од искуство ти кажувам.
Fala vi mnogu, taka e znam. Treba da dobijam duri naredniot mesec pak. I do togas ke bidam vo misli, a i nemam redovna menstruacija nikogas. I sea se mislam dali da pijam apce dur imam vreme uste nekolku saati.
За ваква ситуација јас пиев апче по препорака на мојот гинеколог. Според него не се баш мали шансите да останеш бремена ако имаш однос одма едно по друго без заштита. Јас апче за ваква ситуација пиев и никогаш повеќе.
Pred 2 dena ispiv apce den potoa posle 20 casa od odnosot. Posle 4 casa od ko go ispiv I se uste koga mokram mnogu me pece I cesto mokram. Imav bolki vo dolniot del na stomakot a se osekam Sega podueno.Dali se raboti za infekcija ili dali e od apceto nus pojava? Denes me bolat gradite a sledna menstruacija mi e na 30ti maj. Nekoj sovet da mi dadee
Zdravo. Go ispiv apceto posle edna den, poso pisuvase deka trae do 72 casa. Posle 6 dena od pienje na apceto, krvarev 5 dena. Napraviv i test za bremenost (bese negativen) pred dva dena da mi dojde menst. A sega eve vekje mi kasne 4 dena, neznam, dali da kupam uste eden test, ili moze apceto deluvalo i napravilo nekakvi promeni, bidejki e hormonalno. Sovet?? fala
Од апчето ти е се, ти ги помешало хормоните. Ќе ти требаат неколку месеци за да ти се врати во нормала, тест ако имаш правено 2 недели после односот и бил негативен немаш потреба пак да правиш.
Благодарам, уфф се надевам дека ќе се среди . Обично колку може да ти касне од предвидената дата што треба да дојде?
Dali e mozno stomakot da se nadue od apceto? Pred 6 dena ispiv nemam nikakvo krvarenje samo cesto mokram.