Здраво, во голема дилема сум па затоа сакам да ве прашам, на 14.12 имав однос со дечко ми но се скина кондомот (не бев во плодни денови, наредната менструација требаше да ми започне на 18.12) утредента се напив норлево но уште немам прокрварено, чувствувам некое слабо гадење а менструацијата ми доцни. Ме интересира дали е можно да ми доцни од апчето што се напив или е можно да сум забременила? Благодарам однапред!
Ако си се напила Норлево, не верувам дека си забременила. Дејството на Норлево е да прекине бременост, а не да предизвика. Гадењето кое го чувствуваш сигурно ти е од психата, пошто сигурно постојано мислиш на тоа и се плашиш да не си бремена. Остави сега до пред НГ, почекај да ти дојде, опуштисе и ако не ти дојде ќе си направиш тест. Ама, во секој случај не верувам дека си бремена.
здраво девојки знаЧи веЧерва отепав два Часа на оваа тема,го проЧитав цело писувано од прва страна па до последна. како прво да казам ,доколку во мк би имало воведено сексуално образование по сколоите.неби постоел овој форум.јас еве веке 2 месеци сум мазена свајцарија,мазена сум и сепак некои работи со сексот и мене немисе јасни.а од кога дојдов овде по4нав дасе осекам глупаво затоа сто овде 10 годисно дете даго прасаат за секс.ке казе се во врска со него.овде има воведено сексуално обрразование задолзително од 4 одделение па нагоре.секоја недела на тв даваат емисии со сексуални искуства.и лоси и добри.некој останале бремени на 15 па го родиле,некои абортирале и тн тн,сето тоа јавно и лицно го казуваат,е сега зборот ми бесе за ап4инјата за контрацепција.посо гледам дека има некои од вас сто ги пиете.несакам сега ова даго сватите дека сум против вас,но јас одкако ја гледав емисијата кога се зборувасе бас за нив.никогас не би се напила.знаци даваа зиви примери сто користеле такви ап4инја по извесно време од здрави прави 4итави досле до инвалидска коли4ка и ментално пореметуванје,тоа било ретка појава,но сепак постоела,е сеа не разбрав добро сто влијај тоа во телото за да деформиса така.али стварно девојките сто ги показаа беа грев4инја.тазна бесе гледката коке показеа слика каква била порано а каква во моментот на тв.јас во мк непознавам таков слуцај.али ете негде сепак постоел.знаци едноставно да бидите здрави и сигурни дека несте бремени.е само васиот де4ко да внимава,инаце се др е ризицно кондомите пукаат,апцинјава настетуваат кој помалце кој повеке.коке видиме нисто нее здраво и сигурно. и јас имам страв да останам бремена посо сеусте сум млада имам само 20 год ,и несум сеусте подготвена за мајка,посо кога користиме застита со мазотми кога не.али повекето да,и јас сакав да поцнам да земам ап4ина за контрацепција.али коке мисе врати филмот од емисијата сто ја гледав,совеста неми дава да поцнам даги пијам
Далеку сме ние од Западот а овде си има некое Министерство за образование кое решава што ќе учат учениците и по кои учебници, иако и на нив не им е јасен 60% од материјалот али нема врска. Каква и да користиш контрацепција се користи во договор со гинеколог. Таму кај тебе бар има писмени гинеколози (стручни лица) и ќе ти објаснат што и како а и нус ефектите од контрацепција. А и негледај многу многу емисии, продуцентите мора малку и да нафилуваат за да им се гледа емисијата
Се напив од апчето вчера и денеска многу ме боли стомакот во долниот дел како да ме бцка некој со нож..дали е тоа нормално?
ВЕ МОЛАМ ЗА ПОМОШ Со дечко ми имавме секс на 27 дември,и не користевме заштита и се случи тоа што не го посакувавме се занесовме и сврши во мене,не целосно го извади но дел веке заврши во мене...е сега тоа беше кај 16:00 h.после 3 саати испив апче Норлево...е сега работата е што пишува дека после Апчето ке ми касни 5 дена а мене ми дојде еден ден порано,значи имавме на 27 а мене ми дојде на 5 а требаше на 11-12 после апчето...ке ве молам ако знаете нешто пишете ми!!!
ВЕ МОЛАМ ЗА ПОМОШ Не се плаши и не се секирај...во упатството на апчето пишува дека е можно да касни но не е морално. Мене ми се случи истото...значи ти кажувам од лично искуство.
ВЕ МОЛАМ ЗА ПОМОШ Е добро де што, си се напила апче, ти дошло овој месец малку порано, каде е проблемот? Не си трудна не се секирај.
ВЕ МОЛАМ ЗА ПОМОШ Тоа го кажувам и јас...нема потреба да се секира баш така не е трудна само и дошло порано...
ВЕ МОЛАМ ЗА ПОМОШ Ме мачи тоа да не го испив апчето мн брзо после 3 саати и да не делувало,знам дека не треба мн и да чекам да го пијам после 72 саати,сепак фала мн се надевам дека сте во право!!!
ВЕ МОЛАМ ЗА ПОМОШ Што побрзо го испиеш апчето тоа поубаво...за мене сигурна сум дека сум во право зошто ти кажувам од лично искуство. Инаку колку да знаеш јас апчето го испив после неполн час, така да нема потреба од грижа, спротивно треба да си среќна зошто апчето делувало т.е не си трудна
ВЕ МОЛАМ ЗА ПОМОШ И јас сум пиела Норлево набрзо и сум немала никаков проблем. Не ми дојде како што требаше, па се беше во ред. Не се секирај, апчињава се ептен ефикасни. Само повеќе внимание понатаму!
Јас се напив апче Норлево по 15 саати од односот.Пукна кондомот и 80% сигурно е дека не свршил во мене ама сепак сакав да се напијам. Менструација треба да имам на 13-16 овој месец, ама само на тоа мислам и ја прочитав цела тема и не најдов одговор дали некоја и после пиењето на апчето останала бремена?
Штом не си нашла одговор дека некоја останала бремена...тогаш нема зошто да мислиш и да се секираш и ти 80% си сигурна дека тоа не завршило во тебе...така да уживај и не мисли на тоа и голема предност е што си го испила во првите 24 часа. Со среќа !
Синоќа имавме незаштитен секс со дечкоми. Го фати паника многу бидејки не сврши во мене, но многу предсемена течност осетил во мене. Купив денеска апче за ден потоа Норлево, но сепак ми е страв, бидејќи до сега дечкоми никогаш не дигнал паника олку Мислете ли дека ке дејствува апчето, бидејќи прв пат го пијам и незнам дали е ок?
Секако дека ке дејствува ако го испиеш во наредните 24 часа после односот. Апчето не влијае лошо и штетно на организмот така да за да не се секираш и да не мислиш додека да добиеш следен месец подобро испи го и да си бидеш сигурна