сега си се спасила и памет за друг пат. И да знаеш ова апче еднаш во 6 месеци смееш да го пиеш. Апел: не си играј со здравјето,драгоцено е. (добронамерен е коментаров)
Токму така,ама морав навистина.Имам 2за трето не размислувам па ова ми беше единствено решение.Добро е што делуваше, иако е бомба за организмот.
Дали некој знае зошто нема Норлево никаде по аптекиве? Или лажат дека нема...... Цел ден барам а времето проаѓа
Пробај во Еурофарм, нека се јават од една во другите аптеки. Имаше знам една зема од таа до Буњаковрц трговскиот. А во Зегин нема и тие не даваат ништо без рецепт што е на хормонска основа
Мислам дека те лажат за да останеш трудна..да 100% @BlackNight јас имам земено во Сити мол во Зегин, нит рецепт имав нит 18. Не може за такво нешто рецепт да ти бараат.
Не може ама во Зегин бараат дефинитивно што е апсурд. Во Еурофарм не а ставот на Министерството е дека не треба рецепт, инаку која е смислата на апчето. За Ella One кое мислам кај нас сеуште го нема треба, но тоа има ефект до пет дена
Јас во февруари оваа година купив, ти кажувам сеа.Не ми бараа рецепт.На страна што личам за 16 години.Не ми правеа проблем.
Здраво девојки, имав вчера заштитен однос во кој пукна кондомот, но тој веќе имаше свршено. Денес стандардно ми дојде циклусот. Сега сум во паника дали да пијам апче за ден потоа. И дали некој има пиено во ваква ситуација да каже искуства.
Не ти биле плодни денови, има шанси но се многу мали.. но сепак оплодувањето не се врши во моментот, туку после 2-3 дена се формира зигот. Ако ти е страв можеш да пиеш апче.
Дечки, сум ја видела истава дискусија во темава, дали треба рецепт за Норлево или не. Едни викаат да, други не. Тргнав да ви напишам, викајте инспекција ако ви бараат, ама прорчкав и на сите упатства што ги најдов онлајн, како и на тој од регистар на лекови од министерство, на почетокот на упатството пишува дека не треба рецепт, за на дното од упатството, под дополнителни информации за лекот - пишува дека се издава со рецепт. Повелете: https://lekovi.zdravstvo.gov.mk/drugsregister/detailview/817972752 Стои дека се издава без рецепт, ама отворето го упатството, долу е во ПДФ. Дали навистина постои ваква дупка во закон, за едно толку важно апче за здравјето на жената, да е подложно на индивидуална интерпретација на фармацевтот/аптеката? Стварно се надевам дека не, па не е возможно. Има ли друга ревизија после 2010? Се надевам нема да ми се изгуби постов без одговор, ќе ја тагнам и @theowndemon зашто мислам дека е фармацевт, не?
Само мене уште не ми е јасно како може да е лек и без и со рецепт, на самиот упат. Не е лек за кашлица туку нешто од што зависи бременост. Кај има временски рок од кој зависи ефективноста, уште девојчиња да трчаат по аптеки, да најдат кај ке им се погоди. Нешто дефинитивно не ми штима.
Не е лек шо е со фондот, од таму не можи да е на фондовска рецепта. Хормонски лекови се на приватна рецепта, црвена, без бројче горе. Е сега проблемот со нашите аптеки е шо се јавуват до кај доктор, ќе им прати рецепта, на некој ќе дај без приватна рецепта пошто приватните рецепти се чуват ама никој никогаш не ги проверва. Нешто шо е на приватна рецепта често се вели дека е без рецепта чисто оти не е со фондот.
Не бараат и тоа ова ти го кажувам како човек кој бил зад каса во Зегин. Ептен ретко некоја ако се погоди да побара, ама во глобала не бараат. Поентата со апче за ден потоа е шо во 98% во случаите ќе го добиеш без рецепта. Сем ако налеташ на некоја аптекарка која нема да сака да го дај или пак има сфатено дека за апсолутно сите хормонски апчиња да мора рецепта. Овие се т.н. итни апчиња, се нема време да се оди да се закажува термин на ген. само за да се земи апче и да се пропушти прозорецот за пиење во меѓувреме. Нема смисла да е така.
Exactly, затоа изреагирав и јас, нема никаква смисла, ама и овде и страници наназад девојки пишуваат дека им бараат. Ако според закон е во ред да им бараат за конкретно ова апче, не знам што да кажам. Јас дефинитивно сметам дека не би смеело да е така, и да е тоа на чисто регулирано со закон, како во многу држави.
Јас сум многу за да е регулирано, ама да се испочитува и итноста на ситуацијата. Колку покасно се пие, помали се шансите за ефективност. Па да е со телефонски повик регулирано, пример сабајле одам во одредена аптека пошто вечерта ми се утнало и уз пат јавувам на матичниот да му кажам вака и вака, одам земам ќе се напијам, пиши ми рецепта ќе му ја однесам поручек ( ако не е сабајле матичниот, па тој зборува и гарантира со рецепта кај аптекар), ако е сабајле одиш дирек без закажвање и ти пиши една приватна рецепта и тркнуваш до најблиска аптека. Непотребна компликација звучи како да е, ама према мене е многу потребна. Пошто познавам примери од мое опкружување каде девојката се нафаќа за незаштитен однос, со свршување внатре, без намера за имање на дете, во плодни денови. Планот беше да се напие апче за ден потоа. И апсурдно ми е то. Ова е апче шо треба шо поретко да се пие и према мене матичен гинеколог треба да има увид пациентките колку пати и кога имаат пиено ова апче. Значи не е ова за аптекарите, искрено гајле ми било некој шо пие, ама ова поќе за докторите. Или место да ги враќаат без рецепта, онака да прашат кој му е матичен и да му јават и да му дат. Да не е толку битна рецептата колку да знај гинеколог и во исто време да се испочитува итност на ситуацијата. Ама стварно ми е чудно дека за ова им барале рецепт пошто прв месец кога почнав со работа знаев дека треба за хормонски приватна рецепта. Ама прашав за Норлево и ми викаат "не барај за тие, океј е" и тоа го знам дека е така и дека не бараат во најголем процент од аптеките пошто познавам вработени со кои комуницирам и зато пишав 98% даваат, зошто до сега не знаев за некој/а која не дава ова апче без рецепта се дур не прочитав тука.