Ај прво израчунај си ги деновите, провери дали ти се деновите околу овулација. Ако ти е помината веќе 2-3 дена или треба да биде за повеќе од 4 дена, подобро ич не го пиј апчето и не паничи. Ако не знаеш да израчунаш, еве како: Овулацијата настанува на средина од циклусот, па така ако циклусот ти трае 28 дена, овулација е на 14ти ден. Еве ти пример. Почнуваш да ги броиш деновите од денот кога почнуваш да крвариш, значи ако си добила на 1ви декември, а очекуваш да добиеш накај 28ми декември, тогаш значи дека овулацијата ти била на 14 декември и на пример немаш апсолутно место за грижа, зошто поминала една недела од овулацијата. Девојчиња (не зборам конкретно за тебе, може ти знаеш, но читам дека многу од вас не знаат, значи ова важи за сите), аман основно е да научите што претставува овулација, што е менструален циклус, кога настанува овулацијата, како се прави дете и во кои денови од месецот можете да останете бремени. И не значи дека ако не ви е во план да станете родители во моментот, дека треба кога не сте во овулација да си играте со оган и да дозволувате партнерите да ејакулираат во вас. КОРИСТЕТЕ КОНДОМИ, и не само за да не останете бремени, зошто ако не користите, кога ќе наполните одредени години и кога ќе тргнете редовно по гинеколози (ова ви го кажувам зошто знам дека не одите, иако треба) може да се соочите со разни стари инфекции, бактерии, вируси и триста чудовишта кои направиле штета на вашите репродуктивни органи. Така е зборот, ама така е.
Вчера добив менструација и имав незаштитен однос дечкото сврши во мене има ли потреба да земам апче ?
Ама зошто !? Баш ме интересира, зошто не користите заштита па и свршил во тебе а не сте спремни за дете? И сега што да ти кажам? Знаеш дека доста девојки останале бремени на истиот начин, па ти одлучи дали треба да земеш или не. Не можам да те советувам да земеш кога знам колку штетни се а не се работи за незгода, туку свесно настаната ситуација, која веројатно ќе се повтори во иднина.
Затоа што рече нема шанси да останеш трудна прв ден од циклусот ти е јас му реков да сврши надвор цццц И сега не сум раат
Толку те почитува идиотот. Си свршил на него топ му е а ти сега куби си коси од нервози. Ептен се напнав како можете да бидете со некој кој не ве почитува.
И мене не ми е јасно како им дозволувате така. Се иритирам што ве читам. После таква постапка може само очи да не ми види веќе. Значи за ваше тело се работи и за една од најсериозните и најважни работи во животот - дете. Како можете да им дозволувате така ако не сте спремни? И после што, хормонски апчиња или недај боже абортус?? Разбирам да се напиеш Норлево при незгода иако сте користеле заштита, како на пример кинење на кондом, баш за тоа и е намената на апчето. Ама вака лековерно да си имате односи и после да чукате глава, не ми е јасно.
Во четвртокот се напив апче и не искрварев а и плус ми касни веќе два дена, знам дека е хормонско апчето и дека прави хаос ама ме плаши тоа што пред две години кога го испив после еден или два дена искрварев, и се има ли случено и на некоја друга вака? Ептен сум во паника, ќе почекам уште два дена и ако не ми дојде ќе одам на лекар.
Ако си го испила на време не би требало да има проблем. Јас неколку што ги знам само им подранил наредниот месец, а јас прокрварев. Ќе видиш и во темава дека има многу што не прокрвареле.
Здравоо на 26 требаше да добијам цикулс вечерта на 25 .. имав однос и се скина кондомот и сврши во мене после сат време одма испив апче EllaOne не добив на 26 ден покасно добив место за паника мислам дека апчето делувало крварам нормално во помали количини
Zdravo, itno mi e pa ve molam za odgovor !! Na 5 Noemvri mi zavrsuva menstruacijata, na 7 noemvri imame ne zastiten odnos so maz mi .. nekolku casa podocna jas pijam norlevo i dobivam na 24 noemvri, menstruacijata trae 9 dena sto inace ne e slucaj najvise 6 dena . A sega e vekje 2 ri januari jas nemam dobieno po nekoja procenka trebase da dobijam okolu 23,24 dekemvri.. osekjam poduenost vo stomakot i prejadenost .. omalaksanost.. dali nekoja imala slicno iskustvo ?
Мила да си направиш тест за бременост и бхсг вредност,па потоа консултација со матичниот гиниколог за да ја видите причината за каснењето.Иначе апчето знае да направи дисбаланс на организмот,но вака ќе си начисто и мирна ќе си.Секое добро
Denes dobiv .. so ogromni bolki sto ne e voobicaeno, apcevo sega i nikogas povtorno. Podobro zemajte kontracepcija nego da se macite vaka
Здраво, циклусот ми е 28 дена, на 19ти ден имав однос незаштитен, се напив ellaone, но никакви симптоми?.. Искуства?? Малку паничам, зошто еве поминаа 2 дена од испиена таблета а јас немам никакви промени..
Не сум сигурна дали менструација доаѓа во секој случај или не...пред точно еднљ година се напив и по 5дена ми дојде а овој пат не ...има ли за што да се секирам или?
Не разбрав, требало да добиеш менструација сега, а си се напила апче поради ризичен однос? Може од апчето да се нарушило нешто во хормоните, ако не добиеш за некој ден, направи тест за бременост.