Да бидам попрецизна пред една година сврши во мене се напив апче и по 5дена ми дојде менструација....е сега повторно мислиме дека напраивме грешка и за секој случај се напив апче еве поминаа 6дена и не ми доаѓа...дечко ми ми вика демек ако има нешто (ембрион)доаѓа менструација ако не редовниот циклус си течи оној од 29-30дена...се уште ми нема дојдено и прашањево ми е дали тезата од дечково е точна или не? Дали да кревам паники или да си чекам да ми дојди менструација на датумот кој ми е одреден според календарот?
Ако си се напила апче и си прокрварела, а не ти било време да добиеш по календар, тогаш најверојатно апчето завршило работа. Сега не мора да значи дека пак ќе прокрвариш после пиење на апчето. Ако не ти дојде циклусот кога треба по календар, направи си тест.
Дали го испи апчето на време доколку не си може да очекуваш и друго и секако да не си имала дијареа тогаш кога си го испила.
Да не ги клукате тие апчињата 'За ден потоа', ко да се бомбони. Користете кондоми! Тоа хормонски шок за организмот е, секој пат ко ќе чукниш Норлево.
Девојки, со партнерот имавме односи и кондомот ни се скина, не осетивме ни јас ни тој и сврши во мене. После 12 часа се напив Норлево и еве после 7-8 дена имав сосем мало крварење (кафеавкаста, темноцрвена боја). Дали е ова ефект од апчето или имам причини да бидам загрижена? Инаку, редовна менструација би требало да ми дојде за 10тина дена.
Девојки, на 29.12 имав незаштитен однос, после 39 часа се напив Елла. Немав никакви несакани ефекти, добив на 15.01 точно на денот кога требаше. Ама...од вчера почнаа градите да ме болат како пред добивање а треба да добијам на 11.02 малку рано ми е пмс (обично ме фаќа недела порано) , можно е да се симптом на бременост??? Или си паничам без врска
Здраво девојки, Многу би Ве замолила за помош бидејќи ситуацијата е навистина неизвесна. Претходниве неколку дена имав ПМС, многу ме болеа градите, ми потекоа, плачев за се живо и диво итн. Немав односи, па скоро една недела со партнерот се до вчера. Секогаш користиме кондом но вчера му се лизна, остана кондомот во мене, а и тој несвесен pull out-на и ејакулираше кај мене на нога и во близина на вагината. Не сме сигурни дали навлегло нешто внатре и дали има шанса за бременост па се размислувам да земам Норлево. Навистина ве молам за помош, времето ми истекува!
Ова е лудило во темава, навистина.. На сите многу ви е лесно да пиете вакви апчиња за ден потоа,а после ќе се чудите дали ќе делува, зошто ви касни, зошто порано сте добиле. Играјте си со хормоните. Еве мојата другарка уште нема нормална менструација и после 6-7 месеци од пиењето на норлево. И се поремети циклусот. Хаос и се направи. Сите сме биле во ризична ситуација и сме се решиле да пиеме. Ама кога ќе прочитам дека пиете, а не сте сигурни дали има потреба... Косата ми се крева. Имав партнер кој никогаш не беше сигурен во себе, и затоа секогаш користевме заштита. Ако се ослонував на него ќе имав испиено до сега над 100 вакви апчиња..
Imav nezastiten odnos posle toj odnos dobiv dve mentruacii redovni i normalnii......vcera imav nekoe losenje i glavobolka i bolka vo stomakot da ima slucajno shansi da sum bremena .....inc ne svrsi vo mene
Прв пат испив таблета ела оне а имам 30 години.Синоќа имавме однос со дурекс сврши во мене но веднаш го изваде.После тоа видовме дека од страна дурексот пукнал. Не ми се плодни денови бидејки прв ден на последен циклус ми е 19 јануариа добивам редовно на 28 или 29 дена. Значи за3-4 дена од синоќа треба добијам, но за секој случај и сигурност сабајле испив таблетка. Се надевам дека ќе е се во ред.
Здраво девојки ве молам за мислење. Вчера ми заврши менструацијата, а денеска имав секс со дечко ми и вториот пат пукна кондомот среќа го забележавме и преминавме тој не сврши. Што мислите дали имам потреба да пијам Норлево?