Здраво девојки, Претходниот месец на 9 Февруари се напив норлево таблета по незаштитен однос,истиот месец добив менструација нормално на редовниот датум 18 февруари. Но овој месец ми доцни веќе 3 дена,од датумот на пиењето таблета немав незаштитен однос. Дали е возможно да ми доцни од таблетката?
Zdravo sakam da se informiram so slicno iskustvo.... Ke ve zamolam da me poshtedete od nepotrebni kolmentari... Pred 10 dena piev tableta den potoa, vecerva imav nezashtiten odnos... Vednash posle svrshuvanjeto imavme povtorno e sega me interesira dali imam rizik od bremenost ne sum vo ovulacija veke sum I pred ciklus... Ve molam ako moze nekoj da me po oslobodi samo bez osudi...
Zdravo na site. Imam problem, so deckoto imavme sex toj svrsi vo mene, do menzis imam uste eden dva dena, dali e mozno da sum bremena ili za sigurno da zemam apce za den potoa i me interesiraat kontraindikaciite dokolku ke treba da pijam.. sto e mozno pobrz odgovor, vi blagodaram
Ако после секој однос пиеш апче за ден потоа тешко на твојот организам. Шанса за забременување има секогаш, на било кој ден од циклусот.Можеби мали се шансите, но постојат. Поготово па со свршување внатре а незаштитени.
Прво, тоа што имаш уште два дена до мензис ништо не значи, и немаш никаква сигурност дека за два дена ќе добиеш. Можеби и баш од стрес ради ситацијава ќе ти доцни. И никој не може да ти каже дали си бремена, секако дека постои можност штом си имала посебно незаштитен однос. Второ, ако веќе си решила да земеш апче, кога ти беше односот е прашање. Зашто апчето има одреден период во кој е активно и што подоцна од односот го земеш толку му е помало дејството. И трето, за контраиндикациите. Ако земеш апче, имаш упатство на него, ти пишува кои се можните контраиндикации. Секое тело е различно, немаат сите исти реакции на апчето. Без да звучам остро, зашто истово и на другарка би и го рекла, се надевам дека ова ќе те "опамети" за незаштитен однос во иднина. Ризикот не е само од бременост туку и од низа други работи. Бидете одговорни кога сте сексуално активни.
Имав ризиче однос на 18-ти, кој ми беше плоден ден. Норлево испив после 24 часа. На денот кога требаше да добијам, почна некој кафеав и многу густ исцедок кој траеше 2 дена, на моменти личеше и на мензис. Имав и многу грчеви и болки. Нормалниот циклус ми трае 5 дена. Сега, на третиот ден се чувствувам лошо, како гадења, подуеност.Има ли некоја од вас вакво искуство?
Нема место за паника. Јас мислам дека ти се има пореметено од апчето што си го испила но ќе ти се среди менструацијата.. Сепак треба да се внимава да не се дојде до пиење апчиња внимавајте... Можат да створат проблеми со циклусот како што се доцнење, чудна боја, подолго или прекратко траење кај сите е различно. Но не се секирај се ќе се среди поздрав
Zdravo devojki, sakam da ve prasam nesto. Imav ispieno norlevo vo septemri kade sto togas mi ja podrani mn mens i od togas navamu mi doagja od toj datum. Vo megjuvreme od septemvri nemav odnosi se do pred nekoja nedela, togas so vlaznosta bese se vo red no po nekolku odnosi vaginata mi stana mnogu suva dali ima nesto mesto za panika ili sepak e nesti drugo vo prasanje? Fala vi odnapred za odgovort ke mi znaci
Некоја што има искуство со симптомите потоа односно хормонското пореметување да ми пише лп ве молам..
Здраво девојки. Пред една недела ни пукна кондомот, па после половина час се напив Норлево. Менструација требаше да ми дојде пред 2 дена, но ми доцни и утре планирам да правам тест. Доколку сум бремена, одлучени сме за абортус затоа што и двата со дечко ми сме сеуште на факултет и немаме услови за дете... Прашањето ми е, каде е најдобро да се направи абортус, но и најсигурно со оглед на ситуацијава со Ковид. Исто така ме интересира како оди закажувањето за абортус и дали некаде се запишува тој зафат, па матичниот лекар да може да види? Затоа што се баш добри пријатели со моите, а за тоа не би сакала да се дознае... Ви благодарам
Џизс.. Чим си се напила трудна НЕ СИ. Почекај малце, апчето ти ги збрлавува хормоните.Ќе добиеш. А ако ептен ти е страв напрај тест. За абортус мислам матичниот нема врска туку гинеколог. Не сум до толку запознаена со тоа али мислам нема да има потреба, Плус ако не свршил у тебе немало потреба ни од Норлево.. Не се заебавајте со апчето.Џокер карта е што се користи еднаш-2 пати во 12 месеци.Не е витамин Ц
Најпрво дали си бремена па да одиш далеку со мисли и прашања. Апчето треба да делува, доцнењето е сосема нормално, испиено имаш хормонско апче. Ако поминат 2 недели и не добиеш, направи тест.
Знам какви ефекти има апчето, затоа досега не сум го зела. Но сврши во мене и Норлево беше неизбежно колку и да не сакав. Како и да е, форумов не е за правдање туку за помош кога е потребна. И благодарам на одговорот.
Апчето би требало да завршило работа, најверојатно не си бремена. Од него може да ти касни. Но секако 2-3 дена не се ништо... Треба да се почека како што ти пишале околу 2 недели. Ако прерано правиш тест, а си бремена, може да испадне лажно негативен. Така што овој тест(преку урина) земи го со резерва. Можеш да правиш и преку крв бета Хцг тој е поверодостоен за рана бременост. Има тема за абортус, прашај таму, некоја членка во скоро време ако правела да ти објасни.
Bi sakala da spodelam iskustvo so den potoa acinjata. Bev vo situacija kade posle rizicen odnos se napiv norlevo (5 casa po odnosot, iako bev sigurna deka apceto si ja zavrsilo rabotata, sepak ne bilo taka. Organizmot ne reagiral na apceto, nastanala bremenost. Zatoa koristete prevencija, a ne da gi piete hormonite kako analgin