Земи го апчето и уживај. Нема потреба за паника... Колку порано го земеш-толку подобро. Инаку да, апчето дејствува. Само мислам дека и на самиот проспект пишува дека откако ќе земеш апче-норлево , треба да пазиш за наредните 6 месеци. Да се трудиш да не зимаш пак, за другото немај гајле. Супер се тие апчиња. Инаку, не се секирај ако нареден месец ти касни или ти подрани- нормално е тоа.
Како бе не делува штетно? Делува, и тоа како... Како ураган да поминал низ хормоните. Таа вика дечко и не свршил во неа... Значи нема потреба од апче. Нема причина да го пие за џабе, само ќе си направи хаос во организамот. А ако свршил, или ако мисли дека свршил, нека го испие ама во иднина многу внимавање, да не дозволува да и се случи пак нешто вакво. Со среќа
Сакав да и дадам до знаење дека нема да има никакви последици со тоа..и ако не е сигурна да го испие за да не секира и да мисли до следниот месец...а и самата кажа дека не е сигурна така да никој не би сакал да ризикува за такво нешто.
И на мене ми се има случено истото на дечко ми му пукна/се скина кондомот пред две години, Норлево - дејствува до 72 часа колку што се сеќавам, јас го испив по околу 10 часа, истиот ден мислам дека добив до вечерта или можеби следниот ден, само не треба да се претерува со овие ден потоа апчиња
Imav seks bez zastita i mojot svrsenik svrsi vo mene... barav tableti no ne mozev da najdam bez recept od doktor... imavme seks uste nekolku pati i togas se brzo se odvivase i sega imam bolki vo dolniot del na stomakot... dali znae nekoj zosto me boli ? Blagodaram odnapred..
Норлево се даваат без рецепта, не знам зошто така ти кажале. Офтопик... колку ли бебиња не се родени откако ги има овие норлево ах леле... после чудете се, се намалил бројот на бракови е ќе се намали
Испив еднаш вакво апче,ама не би се осудила пак! Не само што се подув како балон и се здебелив 10 кила,него и со месеци не можев да си го релугирам циклусот и понашањето...на моменти не се препознавав.Многу поемотивна бев од вообичаено,дури и малку депресивна. Ептен голем хормонален дисбаланс осетив...не е тоа решение за мене.
Женскиии...апчето го испив после 28 саати од односот...немав никакви симптоми освен што се осеќав како преуморена...циклусот редовно треба да ми дојди почетокот на наредниот месец. Дали дотогаш треба да искрварам??? ми кажаа дека за 3-5 дена после апчето треба да искрварам
пиеф норлево септември,меѓутоа со дечкото имафме однос прееска и ја беф врз него,со кондоом беше но он коа сврши , седефме така некои 2-3 минути коа се тргнаф видофме дека спермата истекла од кондомот и сеа незнам дали да пијам пак норлево..бидејкисе поминати само 4 месеци..
Истото ми се деси и на мене денес, само што јас после половина час се напив од норлео. Кажете ми од прилика за колку време ке треба да прокрварам, или кои рекции ке ги имам, а циклусот до 22 месецов треба да ми дојде...
Истото ми се деси и на мене денес, само што јас после половина час се напив од норлео. Кажете ми од прилика за колку време ке треба да прокрварам, или кои рекции ке ги имам, а циклусот до 22 месецов треба да ми дојде... ?????????
Значи за ова имаме пишувано не се знае колку пати. Прокрвувањето, вртогалвицата, гадењето, главоболката... не се реакција дека апчето дејствува туку се наведени како несакани ефекти. Штом го имате испиено апчето навреме, во наведениот рок значи дека ќе дејствува. Како можете да пиете нешто без да му прочитете упатството од почеток до крај??? Се најубаво си пишува.
Ајде женски, помагајте! Значи вака, пред некој ден со дечко ми имавме однос но заштитен. Еднаш сврши, и одма потоа си смена друг кондом. По извесно време приметивме дека кондомот се слизнал, но тој е 100% сигурен дека нема свршено во мене но ни беше страв дане има останато нешто од предтоа. Купивме Норлево, но го испив после 27-28 часа од односот. По некое време откако го испив, чувствував вртоглавица и болки во стомакот (прочитав дека тоа се само несакани дејства). Е сега, дали од што ме тепа психата или совеста ми се врти умот и ме боли стомакот (од кога го испив апчето има поминато 24 часа). Ги прочитав сите искуства, и малку ме фака страв што кај некои касне и по месец Колку е сигурно апчето? Имам 16 години, ве молам не осудувајте ме, само најбрзо дадете ми некој одговор. Однапред благодарам!
Чим си го испила апчето мислам дека нема потреба од паника..најдобро е во првите 24 часа..но може и на 72 часа да се испие,сигурно е околу 90 и нешто %..нормално е да имаш вртоглавица и сите тие работи ги имав и јас првиот пат кога го испив апчето ,по неколку дена прокрварев и исфрлив нешто што личеше на мало ембрионче,отидоф на гинеколог и ми кажа дека доколку сум прокрвавела тоа значело дека делувало апчето и дека среќа што сум го испила..боље хормони отколку гребење доколку не прокрвариш барем 7-8 дена откако си го испила ете и 10 дена нека се..најдобро да направиш еден тест за бременост најдобри се sure chek..тоа што те боли стомак може да е предизвикано од други фактори,или пак самата психа бидејќи цело време мислиш на тоа )
Јас ќе те осудам, не дека е моја работа и да ти изигравам ,,мајка,, ама имаш 16год. кое си 8 одд или прва год. средна. (можеби сум заостаната ама овие млади генерации навистина претеруваат. Почнете да се сексате уште на 12год ). Сеуште не си целосно оформена и таа матка што ќе каже бре. Норлево не се ,,сипи напиј се,, се знае за што се користи. И ако не свршил во тебе каде бараш бременост, во папокот . Не што ќе згрешиш ти или било кој ама жално е кога сте неинформирани и свашта слушате и читате, па и тоа е знак ? колку слушате или читате. Честитки, не си бремена!
Devojki ve molam za mislenje ... Pominaa okolu 52 casa otkako go imam ispieno apceto,t.e go imav ispieno vo naredniot pola cas od rizicniot odnos, no pocnav da imam nenormalni bolki vo dolniot del od stomakot, osobeno desniot jajnik i zabelezav deka imam nekolku kapki krv... Toa znaci li deka ne sum bremena, poso ocigledno apceto deluva??? Ma da do 22 ri treba da dobijamm...
Ако тие болки се толку јаки и се наведени како еден од несаканите ефекти мое мислење е дека треба да отидеш кај матичен гинеколог. Ако ништо друго барем да те посоветува како што треба. Не си играјте со вакви работи и не се ослонувајте на мислења од форум за се и сешто.
Болките ми се намалија, скоро и исчезнаа, истото ми се случува и во моментот пред да добијам само сто беа малку појаки овој пат. па се надевам не е ништо страшно. Сепак фала за мислењето
и јас имав само неколку капки крв после апчето...дали то е доволен знак дека не сум бремена ??? оти некои од другарките што имат користено норлево ми рекоа дека треба да крварам како во нормален циклус