знак дека делува апчето,односно дека стварно ја спречило бременоста е ако прокрвариш неколку дена после конзумирањето..Така ми објасни мојот гинеколог
Не е точно. Можеш и да не прокрвариш, а да делувало апчето. Прочитај го упатството, крварењето е само една од најчестите несакани последици. Инаку, во најдобар случај, не би требали ништо да почувствуваш од апчето.
несакана реакција е доколку прокрвариш веднаш по конзумирањето или ден после тоа.а доколку прокрвариш недела дена после тоа,или некој ден повеќе тогаш значи тоа.јас требаше да добијам околу таа дата,и место да добијам прокрварив околу 8 дена по пиењето на апчето,крвареф 2 дена.наредните 2 не и после тоа уште еднаш..така ми објасни мојот матичен гинеколог дека тоа значело дека апчето делувало односно дека ке сум останела бремена доколку не сум го испила.а ако не се деси ова крварење,значело дека џабе сум го пиела
Јас прокрварив после 2 дена со оглед на тоа што и требаше одприлика тогаш да добијам, менструацијата не ми е обилна, нормална како и обично, па се надевам дека во ред е...
Оф и пак јас Значи кои баксузи сме !!!! Денес незнам како али кондомот се извадил а да не осетиме или при вадење се извадил и мислам дека дечкоми сврши во мене, ма да трето свршување му беше само што претходните два пати сврши во кондом... ииии пак морав да испиам Норлево после 11 дена ах воопшто не сакав али ете се случи, а толку се пазиме при однос.... Организмот шокови ми доживува Нешто утешно ???
тоа и ке биде само ете баксузи кај најде да се извади ке имам ли некои лоши последици од апчето што го испив во мн краток период-11 дена ? мислење...
Да ќе си ги пореметиш сите хормони и ќе створиш дисбаланс во телото!Не е дечкоти крив , ти си крива што му дозволуваш да свши во тебе!Ако толку ти се сака да му правиш кејфови, иди на гинеколог и ќе ти препишат апчња за контрацепција,и нема што да се секираш. p.s. Не се бонбончиња Новрлевото па кога ќе ти текне напиј се! Хормони се, и се пијат само 2 пати ГОДИШНО!
Zdravo zenski sakam da ve prasam nesto, minatiot mesec dekemvri imav redovna menstruacija na 2ri...na 16ti dekemvri imave nezastiten odnos so partnerot i posle nekoe vreme zemev Norlevo. Istiot mesec na 29ti dobiv, a sega ovoj mesec Januari vekje e 31 a jas seuste nemam dobieno. Dali mozebi mi docni, ili mi se poremetilo nesto zaradi apcheto ? Koj znae neka pishe ve molam Ushte podobro ako e od licno iskustvo Fala odnapred
јануари си добив менструација на почеток на месецот како што требаше да ми дое,пиеф норлево накај 11-12 јануари така и неделата прокрвариф ама не ко менструација него онака малце сам прцвиот ден имасе повеке..и добро заврши тоа сеа завчера пак добив..се ми е пореметено ,апчето многу ги уничтува хормоните,веројатно од тоа ти е и на тебе ,кај секој различни реакции прави
2 апчиња во две недели?Дипи бре леле што си правела :// сммее на 6 месеци,така демек препорачано... а зашто два пати? немој да ги користиш како средство за контрацепција ,НИКАКО!! :// сеа хормоните сиг урнебес ти се :/
баксузиииии денес забележав кафеав исцедок од мислењава тука сфатив дека апчето предизвикува таков исцедок, знам дека циклусот ке ми се поремети али неизбежно беше да се напијам, се надевам дека со тек на време ке ми се регулира циклусот. не ги користам за контрацепција, туку морав да се напијам инаку големи беа можностите да чувам бебе хехе. Сметате ли дека со тек на време ке ми се стабилизираатт хормоните?
DIPI Ти читам како делиш совети во интимни прашања и дали сум бремена за другите, а ти самата не ги применуваш. Многу се лоши тие апчиња гледајте ептен да ги избегувате доколку не сакате да си се сносите со последиците ако ви дојде до хормонално пореметување. Доколку скоро се започнале со сексуалниот живот никако не применувајте го никогаш без заштита. Не доведувајте се во ризик.
знам , и самата сум свесна, користиме заштита секогаш али тие два пати ненадејно се деси, а мн се пазиме, сега и веќе не свршува во мене, максимално внимаваме... зал ми е за тоа што се случи али тоа е ...
Незнам како си дозволувате да си играте со ХОРМОНИТЕ , па така едноставно да ги користите овие апчиња толку често. Како прво ако си го земала апчето а сеуште не си добила , треба да си свесна дека првото апче делува и нема потреба од второ. Како второ, поарно појди на лекар нека ти каже одприлика кога ти се плодни денови, за да си знаеш за друг пат, а не да ја користиш оваа хемија. Колку е лесно да е човек неодговорен за своето здравје(не зборам за односите, контрацепција и сл) и да не сваќа што всушност се хормони, колку сериозна работа е тоа. Но, разбирам и јас можеби немаше да го сфатем сето ова, ако уште многу млада не ја почувствував тежината, болката, маката со хормоните.
сфатив јас дека апчињата не се играчка,дека не е во ред да се пијат, најмалку два пати годишно и тоа на 6 месеци, али неизбежно беше, секако дека ова ми е лекција за понатака. ако не е тајна, каков проблем си имала со хормоните? исто од овие апчиња или друг проблем ?
Мојот проблем нема врска со апчињава, меѓутоа е проблем со хормоните. Затоа сакам само да им стане јасно на повеќето девојки дека, хормоните не се ни најмалку едноставна , неважна работа, за да не се внимава на нив, а посебно не вака да се “тестираат“ со хемии. Верувам дека нема никогаш повторно да го повториш ова што сега си го направила.