Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Апче за ден потоа

Дискусија во 'Бременост' започната од Barbie.Girl, 30 март 2010.

  1. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Никако! Има поминато година ипол откако се напив "апче за ден потоа" и од тогаш мојата коса е драстично опадната. :o Немојте девојки со вакви апчиња, всушност не си играјте играчки со никакви апчиња. Бидете малку по внимателни вие. Верувајте на дечковците (посебно во тие пубертетски години) ама баш им е гајле за опасностите кои би ги предизвикало тоа апче. Уживајте во сексот безбедно!
     
  2. DiPi

    DiPi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2011
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    29
    уф ме факја страв... :( ;(
     
  3. catty

    catty Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    19
    Здраво девојки едно прашање во врска со апчево,секако доколку некој е информиран повеќе :worried: се случи несакана работа на 6тиот ден од циклусот се скина кондомот,се испаничив највееќе на свет до сега не ми се случило вакво нешто не знам како успеав така да се испаничам,дури третиот ден го испив апчево од икс причини,а како најголем малер утре дента дали дека испаничени од целава ситуација почна децко ми да се двоуми да не му се испуштило пак пошто се извади заштитата баш на крај,наводно разбрав дека апчето делувало и после тоа веќе не знам што да мислам ама почнав да се осеќам како пубертетлијка боже дали поради ова сум само во паника или ми удрило на некој хормон и сега само паничам а богами и него го имам така добро преплашено,што мислам дека не може ни да спие ме доживува како ноќна мора...не знам што ми се случува,дали делувало и после ако има недај боже нешто....ауууу помагајте,утре праам тест,а он правец во аптека по анти беби,зошто рековме двајцата после 5 год врска после ова без контрацепција нема да седнеме еден до друг :$
     
  4. Arianna

    Arianna Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    145
    не плашисе од толку, имало и полошо :) ќе видиш дека тестот ќе биде негативен ;) среќно :inlove:
     
    На catty му/ѝ се допаѓа ова.
  5. catty

    catty Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    19
    леле ти благодарам на утехата ама стварно не знам зошто така се испаничив некако се осеќам како шлакната,дури прееска дечко ми вика алооо што ти е никогаш не си била паничарка,можно ли е да сум ваква од апчево?! :^) се надевам дека нема ништо ама стравот ми влегол во коски дали дека се почувствував како малер со ситуацијава ајјјј,а него сирот какви ли не зборови му изнакажав...греотка,а он вика па што и да се случи заедно сме си макар и недај боже вака неспремни си се сакаме и тоа е ;( ама се надевам нема ништо,сепак фала за поддршката,утехата твоите зборови во божји уши :$
    П.С. Не знам зошто имам некоја страшна грижа на совест,ајјјј јас се побудалувам :doh: :?: башка изминатава недела не знам ама многу ми се јаде дури сум и поправена,не знам дали е на нервна база или на хормонална ама како америчка крофница сум :worried:
     
  6. Arianna

    Arianna Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    145
    се ти е на нервна база, немој да се нервираш, се ќе биде добро, и ајде чекаме резултати :)
     
  7. catty

    catty Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    19
    Морам да ви кажам дека денес пак добив се надевам дека така треба но сепак ке посетам и гиниколог,затоа што ми дојде доста рано имав на 23.01.2012г а сега денес пак :worried: најверојатно е некоја неубава реакција или пореметување како што пишува во упатството несакани дејствија,само знам дека ненормално почна мн да ми се јаде,дали на нервна база не знам ама сега се осеќам како мечка Божана ;( ...како и да е се надевам дека ќе помине како што треба и памет за друг пат,уште денес дечко ми од рани зори си отишол во аптека и купил ЈАЗ контрацепциски како што ми препорача гиникологот уште пред некое време :?: ама ете како за беља се случува несакајќи ама доволно да направи стрес :sweat: ;( :$ поздрав и Ви благодарам на поддршката и обавезно ќе пишам што сум направила по посета на лекар :)
     
  8. Arianna

    Arianna Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    145
    само биди поопуштена и без нервози, зошто јас од тие нервози еве веќе месец дена имам добиено и никако да ми запре...
     
  9. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.653
    Допаѓања:
    4.559
    Пол:
    Женски
    Не ти е од нервози! И мене така ми се случува до хормоните е , мене ми дадоа терапија и така го регулирам.Обавезно на лекар да одиш!
     
  10. keti.kety

    keti.kety Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    52
    Девојки внимавајте со тие апчиња не пиете витамини, хормони внесувате во вас. Свесни ли сете колку многу се штетни овие апчиња. Ненормален шок за организмот се, дополнителните хормони внесувате затоа се препорачуваат најмногу 2 годишно НАЈМНОГУ.
     
  11. Arianna

    Arianna Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    145
    се слушнав со гинекологот, треба утре да појдам, а бидејќи сум МНОГУ нервозен тип одма ми рече: девојко, тебе и поубаво ќе ти биде да си намалиш малку со нервози :) ќе одам па ќе видиме како ќе е, искрено страв ме фаќаааа!!!!!!!!! :( :)
     
  12. lastovica88

    lastovica88 Активен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Здраво на сите....се зачленив од мака :)))
    Најверојатно некоја од вас го има веке поставено моето прашање ама да не талкам низ форумов, ке си прашам пак ....
    Имав незаштитен секс, па одма утредента се напив Норлево 8)
    Вечерта и неколку дена потоа немав никакви промени од типот да ми се гади, да ми се лоши...арно ама точно 7 дена после земањето на апчето добив менструација. околу 10-12 дена порано од што требаше.
    Дали ви се има случено ова или да почнам да паничам? :o
     
  13. Fibia

    Fibia Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    22
    Не плачи...ама следен пат читај упатство за употреба пред да пиеш...Нормална појава предвремена менструација и обилно крварење, затоа и не се препорачани да се пијат на помало растојание од 6 месеци
     
  14. lastovica88

    lastovica88 Активен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Го читав упатството, читав онлајн исто така. Само сакав да знам дали на некоја и се има случено ова 8)
     
  15. catty

    catty Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    19
    здраво девојки јас еве чекам да ми заврши овој вториов циклус,т.е. пореметувањето и трк на гиниколог,а black-angel каква терапија ти препишаа? Зошто јас имав еднаш хормонално пореметување и ми препишаа примулут нор апчиња :sweat: леле ова се сериозно доста штетно за организмот,но... :?: морав така ;( :worried: се надевам се ќе се среди...поздрав
     
  16. hearty

    hearty Активен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Секс при менструација

    Здраво феминки, имам еден проблем па би сакала да ве прашам за мислење. Имавме односи со дечко ми додека ми беше третиот ден од менструацијата. Но тој сврши во мене и сега сум во дилема дали да си купам апче ден потоа бидејќи се плашам ако го испијам да не ми се случи некое сериозно пореметување на хормоните. Хелп.
     
  17. Reaper666

    Reaper666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    15
    мене ми се деси нешто слично .. само мене ми беше 6ти ден од циклусот .. па не земав апче .. и за среќа немав ништо ..
    сакам да прашам .. дали некоја од вас имала лошо искуство со Норлево .. да не дејствувало т.е да останала бремена .. :o

    да ти напоменам дека сум читала по форумов дека имало шанса да се создадела јајце клетка уште во текот на менструацијата .. и да се оплодела .. али јас чисто не верувам во вакви работи .. можеби е 1:100000000000000000000000000000000000 случаи .. така да .. не ти препорачувам да не си го трупаш организмот со непотребни хормонски ср*ња .. поззз
     
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Јас пак би ти рекла дека не се толку мали шансите и би се напила апче, колку да не му ја мислам. Не е невообичаено да овулираш кога имаш добиено затоа што е возможно на пример и во другиот јајник да созрее јајце неколку дена подоцна од првиот... И цело време се мислам дали воопшто се родиле толку луѓе на планетата колку што покажува таа бројката со нулите таму :)
     
  19. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.653
    Допаѓања:
    4.559
    Пол:
    Женски
    Истите примулут нор и јас ги пијам еве веќе 5-6 месеци, и сеа за сеа е најок!Чим еднаш ти го дијагностицирале значи не е долечено , пак треба терапија.Ќе се среди се ,само консултирај се со гинекологот ќе ти каже најдобро
     
  20. Reaper666

    Reaper666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    15
    девојки .. можно ли е од Норлевото да ме наболнуваат јајниците ?
    го испив пред точно 7 дена
    и прашањево го поставив мислам вчера а никој не ми одговори но дали некоја останала бремена и покрај тоа што го испила апчето во првите 24 часа ?
    ви благодарам однапред :)