Ај добра вечер.. имавме незгода со сопругот. Ни пукна кондом.. немам дома апче за ден потоа, не ми се чека до утре. Прочитав на гугл дека може да се земе ударна доза од обичниве контрацептивни, имам дома заостанато пакување Јасмин. Пишува да се испие 4 веднаш и после 12 часа уште 4. Јас испив 5 еве сега. Појма неам дали е стварно ефикасно, ама не можам да си дозволам бременост никако. Не е момент. Утре да пијам уште 4 таблети или да купувам ЕллаОне ??
Прашав фармацевт имам другарка. Не знае. Овие апчињата за ден потоа биле levonorgestrel, a јасминот Drospirenone + ethinyl estradiol. Drospirenone e прогестерон. А levonorgestrel исто прогестерон.
Не требало да пиеш ништо сега требало да земеш утре апче за ден потоа Сега штом си почнала со јасминот терај со него како шо пишува во упаството За секој случај јави се на матичен гинеколог и консултирај се тоа е финтата голема доза прогестерон да внесиш
Забегана сум. 5 ги испив како ништо. Сеа некако ми се лоши... Немам матичен гинеколог моментално. Ќе се потпрам на гугл. Од некој доктор е советот. https://www.icliniq.com/qa/birth-co...used-as-an-emergency-contraceptive-pill?amp=1
@DarkStormm епа утре најди си гин. чисто за да имаш стручен чоекнза констултации. Како и да е ако почна со јасмин држи се до упатството. Исто ако пиши 4 апчиња ударна доза не знам зошто би земала 5. Како и да е не мешај одма ново апче. For future notice, можиш утрото после односот да одиш и земиш апче за ден потоа, не мора да е одма во моментот.
Одам фала Богу на прегледи. Ама матичен немам, тој што ми е пишан матичен е безобразен, не ми се оди кај него од што е арогантен. Во упатството на Јасмин не пишува за ваква опција и комбинација јас како што направив. Затоа и пишав овде, дали некој слично постапил. 5 испив затоа што се плашам дали ќе се доволно 4, поголема телесна тежина имам. Понатаму, знам дека може утрото да купам апче за ден потоа, логично така и се вика, ама јебига нели најсигурно што поскоро да се испие. А јас денес до 12 часот не можам од дома да излезам. Знам 72 саати е ефективно, ама со секој изминат час се намалува веројатноста. Цепидлачам сега, јебигаа многу се плашам не сакам второ дете во никој случај. Затоа и користиме заштита. Од понеделник веќе имам план, само да добијам менструација и веднаш одам на било кој гинеколог да консултирам за најдобра опција и да ми препише контрацептиви. Ќе прашам и за спирала. Уствари и јасминот ми беа препишани ради ПЦОС ама не ги пиев од страв да не се здебелам. Симптомите на ПЦОС скоро и да почнаа да не се чувствуваат последните 10 месеци кога средив исхрана, па решив да не пијам.. Сеа како што се тресам моментално прифаќам и 100 кила да станам само бремена пак да не сум.
Сеа пак се јавив. Појма нема она, праша колешка, и рекла па што знам, можеби требало микрогинон да пијам 5 таблети, наместо Јасмин. Микрогинонот бил со levonorgestrel, и апчињата за ден потоа биле со тоа. И викам па нели и drospirenon e прогестерон ? Вика да да синтетички прогестерон се и двете, ама не знае да одговори. Таблетите со Дроспиренон биле од понова генерација, помалку несакани ефекти давале.
Ми треба итен совет, имав однос со сопругот ама лошо го наместил кондомот и испадна во мене, кога сврши се тргна ама гледам кондомот останал во мене, го извадив ама и во него имаше течност. Ме фати паника пред 10м сум породена со трет царски и несмеам да останам бремена. Кое апче да се напијам, ке има ли ефект, уште во дојам бебето, смее ли апче за ден потоа при доење? Минатиот месец прв пат добив циклус, еве сега ми стои дека за три дена треба да добијам. Мн се испаничив.
пишав на гинекологот,чекам да одговори можам да го испијам после 17.00ч,сега сум на работа немам можност да купам порано, ке има повеќе од 12 ч, фактички после 17-18 часа, дали ке има ефект?Треба за 2 дена да добијам, минатиот месец добив сефте менструација после породување.Иначе се тргна сопругот, демек надвор сврши ама кондомот останал во мене, кога го извадив и во него имаше малце течност.
Мене матичната ми кажа дека не смееш да го земаш апчето додека доиш, не знам. Јас после ова би размислила за некоја друга заштита освен кондом Сепак почекај што ќе ти каже гинекологот.
Абе аман веќе колку се нервирав, предходно останав од предсемена течност,еве го 11 месеци има, тогаш не користевме ништо, само свршуваше надвор, и ете тој 1% можност ни се случи, тоа ми е трето дете.Не ги подврзав јајниците и сега дебело се каам.Прашав за контрацепција одма после породување ми рекоа спирала нема шанси дека сум со 3 царски, за хормонски таблети треба да добијам циклус, да имам 3-4 месеци редовен па тогаш да почнам, и советот беше користете кондом.По се изгледа ке се откажам скроз од секс. По тоа што го поминав мене желбата за секс ми е на минимум ама брак без секс па никаде не води.
Може сопругот да направи васектомија и ете решение, не е секогаш само комдомот и чао.. инску можеш и после еден ден да го испиеш апчето, ама мислам дека нрма да ти дозволат.
Не е за баксуз,зошто така збориш? Невнимание е Епа 11год и 3 бремености. Мора да се погрижиш за непланирани бремености да не ти се случуваат веќе. Од пред семена течност бременост…штом си до толку превземи нешто. Иако јас 2% верувам во тоа