1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Апче за ден потоа

Дискусија во 'Бременост' започната од Barbie.Girl, 30 март 2010.

  1. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    3.101
    Пол:
    Женски
    Можни се измени на циклусот лога пиеш апче, хормони се нормално е . Прочитајте ги тие книгичките внатре, не туку ги голтајте апчињава ко пез и после се чудите што ви е
     
    На Mumoftwo30, anggell и SummerGirl им се допаѓа ова.
  2. potatoface

    potatoface Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2020
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    На 16.4 ми беше последниот циклус, кој е редовен. Неколку дена од кога ми заврши (на 27.4) имав ризичен однос и за прв пат се напив апче неколку минути после односот. Прво немав никакви симптоми, но недела дена подоцна, стомакот и пределот кај јајниците имав тапа болка и повраќав, а болката и чувството на гадење траеше три дена по цел ден, и еве сега сум подобро само осеќам мала тапа болка кај јајниците. Немав никакво крварење. Знам дека апчево е лошо, и не планирам веќе никогаш да земам нешто вакво, би замолила само за совет дали ова што ми се случи е последица од апчето или е нешто друго? За жал, не сум во можност уште некоја недела да одам на гинеколог. Фала ви!
     
  3. Rosaliaa

    Rosaliaa Нов член

    Се зачлени на:
    13 мај 2024
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво, вака на 01.05 добив последно менструација и со сопругот имавме незаштитен однос на 06 ти утредента после 16 часа од одност испив норлево и на 11 ти повторнп добив менструација и еве трет ден уште крварам дали е нормално или не пошто читам дека некои имале мало крварење само. Убава вечер.
     
    На MиЛаѓ му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Boomer

    Boomer Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2022
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    200
    Пол:
    Машки
    Колку време има трајност апчето ?

    И дали ако девојката има пиено денес смее да пие пак после 15-20 денови ?
     
  5. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    14.991
    Допаѓања:
    167.839
    Н-И-К-А-К-О
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.582
    Допаѓања:
    6.144
    Пол:
    Женски
    Убаво ти пишале погоре. НИКАКО! Значи со едно апче за ден потоа можеш пореметување на целиот организам, а не па да помислам што може со редовно кликање!
    Имате друг начин на заштита господа !
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. selenophile11

    selenophile11 Активен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2022
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, ве молам за помош и совет, да не беше итно немаше да пишувам волку касно.
    Јас веќе три дена пијам таблети - Дабростон за да добијам менструација бидејќи ми доцнеше медец ипол и гинекологот ми ги препиша за да се испитаат хормоните откако ќе добијам. Проблемот е тоа што денес ни пукна кондом и мора да испијам апче, не сум го испила бидејќи ова се случи пред два саати но не знам што да правам на гинеколог ќе одам утре. Дали е премногу штетно бидејќи пијам сега Дабростон и ако се напијам од ова апче за ден потоа, дали е можно да не делува апчето. Пишете ве молам и ви благодарам.
     
    На Jasz му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.091
    Допаѓања:
    7.565
    Пол:
    Женски
    Да, може да е проблем бидејќи се двете хормонски апчиња, мораш да почекаш до утре и да прашаш гинеколог, на своја рака не смееш да пиеш.
    Бидејќи веќе ејакуалацијата се случила, како што разбрав внатре, можна е бременост, но и не мора да значи дека ќе бидне.
    Сепак, консултација со гинеколог за апчињава, со оглед на тоа дека веќе пиеш хормонски апчиња за добивање менстурација.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Imangela

    Imangela Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2020
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Zdravo me interesira za apceto den potoa imavme nezastiten odnos a pritoa i imav menstrucija 4 ili 5 den dali treba da kupam takvo apce preporaka kako da go pobaram vo aptekite
     
  10. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.322
    Допаѓања:
    26.017
    Пол:
    Женски
    А зошто незаштитен сте имале ако не сакаш дс останеш бремена ?
    Ова не е шекерче па ко ќе ти текни ќе пиеш
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.091
    Допаѓања:
    7.565
    Пол:
    Женски
    Норлево се вика апчето, и не смееш да го пиеш повеќе од 2 пати годишно, поточно 1 на 6 месеци.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.952
    Допаѓања:
    35.833
    Пол:
    Женски
    И не е 100% сигурно. Јас знам за случај каде што имаше бременост и покрај тоа што апчето беше испиено.

    Се почеста е појавата да се користат апчињата како да се бонбони. :x
     
    На minne992, Ava.84 и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  13. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.091
    Допаѓања:
    7.565
    Пол:
    Женски
    Знам, се ми е јасно и навистина не знам што да кажам, секогаш постои можност за бременост, и менструација ако си имала, и неплодни денови и се, никогаш не се знае.

    И доколку не сакате бременост, користете заштита побогу, не се пие се и сфашта, ова е хормонско апче, и не е заебанција.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. laura biel

    laura biel Активен член

    Се зачлени на:
    25 септември 2023
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Здраво,имам прашање до вас. Пиена таблета за ден потоа,циклусот дојде една недела порано.сега овпј циклус нешто доцни.дали е нешто пореметено од таблетата?
     
  15. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.091
    Допаѓања:
    7.565
    Пол:
    Женски
    Секако дека е, тоа се хормонски апчиња. Советувај се со гинеколог.
     
    На laura biel му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lily26_n

    Lily26_n Нов член

    Се зачлени на:
    9 јули 2024
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите❤️На 01 јули имав односи и дечко ми сврши во мене,но бев и во плодни денови,веднаш на другиот ден отидов на гинеколог и ми рече да се напијам норлево,навечер имав малку болки во долниот дел од стомакот,претходна менструација ми беше на 16 јуни,сега би требало на 18 јули да ми дојде,немам никакви контраиндикации од норлево само понекогаш стомак ме боли,дали има шанси за бременост?
     
  17. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    57.185
    Пол:
    Женски
    Нормално дека има.
     
  18. Lily26_n

    Lily26_n Нов член

    Се зачлени на:
    9 јули 2024
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Се напив норлево на другиот ден,мислиш дека немало дејство?
     
  19. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.876
    Допаѓања:
    19.762
    Пол:
    Женски
    Рачунај дека не секогаш има 100% дејство ( тоа го имам читано овде, кај мене делуваше без нус појави ) , а и хормонално апче може да доведе до тоа да добиеш и сега порано, наместо на 18ти, па од тоа да ти се болките. Може да ти се поремети малку циклусот сега
     
  20. Lily26_n

    Lily26_n Нов член

    Се зачлени на:
    9 јули 2024
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Во петок ке си направам и крвна анализа па ќе видиме,ако има нешто ќе си го родам❤️