Баш и вчера направив тест не беше во рано утрото беше во текот на денот но излезе негативен иако доцни 12 дена затоа незнам што да мислам Сакам да почнам со таблети кои ми ги препорача гинеколог ама незнам кои се нус ефекти од нив, ваши препораки?
Зошто тие апчиња? Штом си пиела апче нормално е да ти се измести циклусот. Почекај пред да пиеш други хормонски. Дали претходно си имала редовен циклус или?
Тогаш според мене немаш потреба од апчиња, почекај. Како што прочитав погоре имаш симптоми за добивање.
Здраво. На 7ми ден од менструација имав интимен однос со партнерот при што сврши во мене.Веќе ми беше завршен циклусот да речам еден ден при што имав ептен малку кафеав исцедок.Веднаш се измокрив, се измив со млаз вода малку внатрешно на интимата и по 3 часа се напив апче Норлево. По некое време чуствував малку гадење, малку вртоглавица, болки во стомак( кои продолжија до 5та ден) , односно симптоми што веќе ги прочитав во упатството дека може да се случат.Некој да сподели мислење дали е можно да останам бремена, како што читав и не ми беа плодни денови.Дали симптомите доведуваат на тоа дека е спречена бременост. Сеуште ми е во мисла. Ви благодарам на одговорот.
Не е можно, затоа е апчето. Не си бремена. Следно ќе си користите кондом, ако не сакаш бременост. При секој незаштитен однос постои ризик од бременост. Плус ова е хормонско апче и не се пие стално. На 6 месеци се пие, плус зашто да си пореметуваш хормони од него.
Истите симптоми ги имав и јас најизразени на денот кога го испив и наредниот ден. Овој месец добив циклус 5 дена порано и крварам помалце од вообичаено, но зголемено отфрлање на ендометриум. Веќе ми е 5ти ден и нормално крварењето е намалено. Имам закажано преглед на гинеколог наредна недела, ќе видам што ќе ми каже. Ме интересира дали некој имал слично искуство? Поздрав
По некое правило треба да добијам крај на месец, неколку дена чуствувам дека ме болат градите, поточно брадавиците а и ретки стомачни болки.Можеби пак се знаци дека треба да добијам(дај боже), зошто сеуште ми е во мисла дека може да се случи спротивното. А и нормално дека е добро да се отиде на доктор еден преглед после испиено апче да ни се отргнат мислите, така што ќе отидам и јас наредната недела. Но ќе те прашав дали откако го испи апчето прокрвари (мене тоа не ми се случи) и д не случајно направи тест за да се увериш да ли има нешто или не. Поздрав и секое добро.
Ne prokrvariv i ne sum pravela test bidejki spored situacijata (incidentot) sto ni se sluci so decko mi mislam deka rizikot ne bese golem, NO sepak postoi. Prv pat ja pijam tabletava i generalno prv pat pijam bilo kakvi hormoni. Ne ocekuvav da imam nesakani efekti bas kako vo upatstvo. Za toa sega ke pocekam da odam na pregled, pa da vidam dali ima potreba od nekoi ispituvanja na hormoni i sl.