Спирала можеш да купиш во било која аптека, има три вида механички, што на влијаат на хормоните. Сребрена, бакарна и златна. Цените се различни. Ако имаш пообилен циклус се препорачува сребрената, бакарот може да го одолжи крварењето. Мора брисеви да се чисти све да е добро и да се постави. Траат 5години и после се прави замена. Обично поставуваат матични ама и тие земаат за поставување. Така да топло би ти препорачала или Др Афродита или Др Симонида во Ремедика и да е добро поставена и ќе бидеш раат 5 години. Мислам има и од таму директно спирали соработуваат, цените се исти сегде на спиралите.
Како сте се чувствувале после ellaOne? Дали заради хормоните сте имале драстична промена во расположение? И дали кај некој се покажало неефективно т.е. сепак дошло до бременост?
Имаше една пред неколку години бременост па спонтан и се случи. Можеби на време не е земено или не се сигурни секогаш 100 % Исто како спиралата, јас во тоа чудо па ич не верувам, 3 знам досега со спирала што останаа бремени . Најдобро кондом користете тие што не планирате.
Дали и покрај испиено норлево само еден час по односот може да се остане бремена? Партнерот сврши во мене ама на влезот во вагината не длабоко, кога го вадел ама нешто истекло внатре. Има ли некоја што остана бремена и покрај норлево или стварно е ефикасно и спречува бременост?