Здраво девојки, имав не заштитен однос на 16ти . Ни пукна кондомот. Одма во рок од еден саат се напив Норлево , не повратив се информирав со фармацевтот што треба да се следи но обично ми доаѓа кон 1ви , а сега сум подуена, ме болат градите ( не како првите дена кога го испив ), не прокрварев и имам промени во расположението. Дали сте имале вакво искуство и плус бев во плодни денови. Паники.
Паники а? Епа од паники може и цел месец да не добиеш, види, си го испила навреме, а негова работа е да те заштити од непланирана бременост. Меѓутоа "хонорарна работа" на апчето е да ти поремети циклус хормони итн, така што очекувано е да ти доцни. Опушти се, ќе добиеш.
Ти благодарам многу, практикуваме заштита и прв пат ми е да пијам па затоа и дополнително паничам, се исто и апетитот ми е многу зголемен.
Хормон е, не се секирај. Се ти е дозволено сега, кажи и на партнерот да не ти замерува одреден период додека се среди ситуацијата ќе биде се во ред
Малер е што не знаеш дали ризичниот однос бил за време на овуалција. Како што пишала членката погоре. Мислам дека кондом сам по себе и не е доволна заштита. Кондом + pull out метод ти е далеку по сигурна заштита.
Без разлика временскиот период најбитно за тоа апче е , дали е помината овулацијата или не . Не се труј со хормонски апчиња , доколку не сакате бременост избегнувајте секс за време на плодни денови . Едит: Доколку не добиеш , направи тест на 14ти ден од ризичниот однос.
Тоа планирам, не се поминати сеуште 14 дена и таа болка што ја доживеав во стомакот од кога го испив и толкава надуеност нема да ми падни на памет повеќе да се напијам.
Здраво на сите, ве молам доколку некој има слично поминато да ми пише…фала ви. Пред два дена имав незаштитен однос и партнерот направи грешка испив апче за ден потоа после 10часа но прашањето ми е како да знам дали сум била во овулација бидејќи јас и така немам менструација природно бидејќи имам полицистични јајници и веќе 3 месеци немам менструација (пиев Јаз таблети но правев пауза така ми кажа гинекологот и од тогаш немам менструација) ве молам некој совет или нешто стварно сум очајна ќе чекам да поминат 2 недели да направам тест ама вака ептен сум во мисли дека никогаш не знам кога ми се плодни денови бидејќи како што кажав немам менструација природно никогаш освен без терапија… фала ви уште еднаш