Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Апче за ден потоа

Дискусија во 'Бременост' започната од Barbie.Girl, 30 март 2010.

  1. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.602
    Пол:
    Женски
    другарка ми се напи после 12 часа па не и делуваше апчето,,кога ја однесов да абортира докторот и рече добро што дошла затоа што за некој ден и самата ке добиела спонтан абортус.и рекол како и да е бебето немаше да го биде..кажи и на д-рката за норлево обавезно..поздрав и со среќа што и да одлучиш. :)
     
  2. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    ^
    Оти така напамет пишувате кога не ви се јасни некои работи? Нема врска дека тоа девојче ќе добило спонтан поради Норлево апчето. Апчето норлево има работа да спречи бременост, а не да ја абортира веќе создадената. И не, на самиот плод нема да му наштети самото апче, исто како и нормалната орална контрацепција која нема да наштети на плодот во раната бременост.
    Единствен ризик е доколку апчето потфрлило и не дејствувало, има некој зголемен ризик дека бременоста која се создала може да е ектопична, но само зголемен ризик од нормалното, не значи дека е.

    Како и да е преглед задолжително, но не ја плашете момичката со рекла казала приказни.
     
  3. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.602
    Пол:
    Женски
    ова не се рекла казала муабети :devil: јас само и пишав што се случи со другарка ми...е сега девојчево си има гинеколог и фино лепо све ке си ја праша :D
     
  4. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Другарката ти кажала докторот и рекол вака, и рекол така, тоа е рекла казала. Ти како другарка, ти ја разбирам лојалноста, таа што сака нека си каже дека ќе и создало спонтан и без тоа, макар и бозата што ја испила од претходниот ден нека земе за причина, ако така нејзе и е поленко на душата, во ред. Абортус не е лесна работа, и секој се справува на негов начин да го направи и преболи физички и психички тој чин.
    Сепак, девојката ќе оди на преглед многу јасно тоа и ништо смешно, но нема потреба да и се набива паника со нечии приказни во кои медицински нема трошка вистина.
     
  5. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Имелда , ти не би и кажала на докторката дека имаш пиено Норлево? ... и не би се секирала дека тоа би му наштетило на плодот?

    Јас непознавам мајка која барем 10 пати не си помислила дали е се во ред со бебето кое е во нејзината утроба, па макар и андол да се има напиено, ... па и ништо да се нема напиено ...
    Што има лошо во тоа да праша, да си олесни, да ја тргне таа мисла од памет
     
  6. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Каде реков да не каже на докторката дека пиела норлево? Напротив, како што реков има зголемен ризик за ектопична бременост и затоа реков преглед обавезно, многу јасно ќе и каже за норлево апчето како што девојката и самата си рече дека ќе и каже.
    Ама постови от типот, дека некоја испила норлево и од тоа секако ќе дошло до спонтан, што апсолутно не е вистина, не и требаат на девојката.
     
  7. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.602
    Пол:
    Женски
    имелда
    ,ова и го каза д-р од св.лазар...а ти да не си д-р гинеколог случајно????
     
  8. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Ако Норлево вршеше работа на спонтан за веќе создадена бременост, немаше да измислат апче за абортус во првите 8 недели и да го стават во употреба баш пред некоја година. Ако те интересира ќе ти објаснам за ова дополнително.

    Ситуацијата со другарка ти настрана, и тоа што веруваш и се случило од апчето, во овој случај со девојката на темата, кај која еве норлево не функционирало, и која е загрижена дека ако продолжи со бременоста дали си направила штета веќе, јас и дадов факти што треба да си ги знае. Не морам да сум гинеколог за да можам да се информирам од А до Ш за секој вид на контрацепција, па и за норлево итна контрацепција, и за страни ефекти од сите нив, како функционираат и што се случува во телото...нешто од страна на мојот гинеколог, нешто од брошури во болници, друго од упатства од самите таблети...кој сака да најде-ќе најде инфо. А секоја жена треба да се информира и да одлучи тогаш што да земе а што не.

    Ова е од упатство на истата таблета како што е норлево, само на англиски јазик. На македонски за жал нема опширно упатство, или јас не можам да го најдам, па можеби затоа е потешко за некои девојки да се информираат подобро.

    Seek medical advice if there is abdominal pain and vaginal bleeding 4-5 weeks after taking the morning after pill as there is a chance these are the symptoms of an ectopic pregnancy.
    If a woman becomes pregnant after taking the morning after pill, or was already pregnant when it was taken, the baby will not be affected.

    Превод за блондираното. Ако жената остане бремена после земање на итна контрацепција, или ја зема додека веќе останала бремена, на бебето нема ништо да му се случи.
     
  9. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Имаше пишувано членка дека и покрај апчето норлево, останала бремена.
    Но!! Затоа имаше вонматерична бременост.
    Не штима тука нешто, не може покрај норлево да остане бремена и плодот да е нормален.
    И еден совет од мене. Ако не си спремна за дете, подобро абортирај. И друг пат повеќе пазење.
    И не и солите памет на девојката од типот тоа е што е, сега гледај си дете. |(
    Аман ко од дедо Ное да сте времето! Како може да кажете тоа е што е ајде чувај си бебе, ко тоа да е плукни залепи лесна работа. Можеби девојката не е спремна, можеби стојат слабо финансиски или триста други работи. А посебно тие коишто се венчале и после тоа кога биле спремни си направиле дете. Ви се молам, не мешајте баби и жаби.
     
    На Водолија и andromedae им се допаѓа ова.
  10. 123asd

    123asd Активен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    7
    Preeska koga otidov vo wc vidov deka imam malce bleda krv :worried: sega povtorno koga bev gledam deka ima pak no sega e potemna krvta :worried: moze li nekoj da mi kaze sto znaci toa ? a testovite pokazuvaat deka sum bremena ?
     
  11. 123asd

    123asd Активен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    7
    imaa li nekoj da mi pomognee da mi kaze sto od prilika znaci ovva so krvta????
     
  12. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    па можеби е вгнездувањето на јајце клетката, имам читано дека тоа се случува во почетокот на бременоста, кога оплодената јајце клетка ке си го најде местенцето и таму се вгнездува и со самиот чин предизвикува крварење.
     
  13. 123asd

    123asd Активен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    7
    aaa fala ti devojce jas si dadov nadez si pomisliv deka testovite me izlazale pa moze ke dobijam :(
     
  14. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Абе девојче, оди на лекар, не си играј играчки. Ние не сме доктори и не знаеме да ти кажеме, та крв, та апче, та ова, она... Оди види си, вака џабе се мачиш. :doh:

    Уште одма отиди, има во Брза помош работат, ќе те проверат, има и дежурни гинеколози. :)
     
  15. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    абе оди на лекар што поскоро, и види што се случува, некогаш и тестовите може грешат, се е можно оди види провери се и така ќе бидиш најспокојна
     
  16. 123asd

    123asd Активен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    7
    utree ke odam :)
     
  17. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Јас пак имам читано дека тоа може да се случи недела време пред да добиеш менструација, а не одкако ќе ти задоцни. Незнам што сеуште чекаш и не одиш на гиниколог, најдобро ќе ти каже.
    А ова апчето што не делувало ама ептен ми е чудно, а да не ти е бременоста од предходен однос??
     
  18. DiPi

    DiPi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2011
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    29
    123asd што направи, беше ли на гинеколог ?
     
  19. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    A зарем тоа што го зела апчето после 36саата од односот, не може да е доволен показател дека функцијата на самото апче се намалила ??

    Мене не ми е тука нелогично зашто останала бремена сепак 36h се у прашање, ја еднаш кога прашував, аптекарката убаво ми кажа дека е нај ефикасно доколку се земе што е можно побргу, зашто инаку се намалува ефикасноста . :?:
     
  20. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Абе и во самотот упатство пишува дека апчето е најефикасно ако се испие првите 12 часа, но ако не е ефикасно и после 36 часа зошто се орепорачува да се пие најдоцна до 72 часа тогаш нека биде само за првите 12 часа. Ова некако ама ич нема логика. Јас сепак сметам дека нешто друго е во прашање, ајде девојката ќе пиеше како поминала на гиниколог