Значи прв пат во животот ни пукна кондом, а сврши во мене. Кондомот, празен. Пичку матер. Инаку менструацијата ми заврши во вторников пред 3-4 дена, последно добив на 30 март. Не сум во плодни денови, ама читајќи ги мислењава ух страв ме фаќа. Односот беше пред сат и пол, купив апче и сега ќе го испијам, па се надевам ќе делува а додека да направам тест ќе се мрднам. едит: го испив апчето по сат и пол, сеа си прам филмови да не беше прерано па да не дејствува.
Полека без нервози , се ќе биде ок ! Не мора да значи дека се фатило ! Ај ти држам среќа , ќе испадне на добро
Со сигурост апчето дејствува. Е сега имаше еднен случај овде на форумов ама девојката го испила по 36 часа. Ич не паничи седи си смирена и ќе видиш дека се ќе биде во ред. Порано од тоа не си ни можела да го испиеш апчето
Па да и плус спонтан имала, ок испаднало. Ти се плукнам во баксузот, ама ајде една позитивна работа во наредните 2 недели ќе ослабам 2-3 кила гарант, пошо кога се плашам од нешто не јадам ич, немам апетит. А уште сакав да го зафркавам, пошо добив пред една недела, ама му немав кажано му правев филмови дека ми касни и планирав да го заплашам малку као демек позитивен тест сум добила, и сега ми се врати.
ne se sekiraj mn brzo si go ispila apceto ... bi trebalo da dejstvuva bidejki jas koga go ispiv pominaa 36 casa..valda bilo predocna i ostanav bremena..ne se nerviraj samo !!!ke si napravis test i ke doznaes...
Omg,ми иди да се убијаммм треба сега да одам да купам апче а шо е најтрагично сега ми се плодните деној...нз бевме многу пијани ама мене не ми е ништо гаранција...леле пред година и нешто такво апче испив а знам дека не треба многу...600ден беше такаа?зегин до кога работи во недела и то во рок пд 72 сати така е некако ај кажете оти то еееее!!!!!!
Ако нема свршено нема потреба да пиеш. Али ете ако си ептен паничарка земај. Јас прашав пред скоро време гинеколог, т.е. заедно со другарка прашувавме дали е штетно ако се земе повторно норлево за ептен краток период пример 2-3 недели. И ни одговори дека може, но да не стане навика зошто сепак не е бонбонче. Ама ако се има потреба нема врска може да се земе.
има свршено зато зедов,ама прочитав некаде овде дека на некоја не му дејствувало оти била во овулација јас го зедов во првите 12 сати...и ако имаше нешто треба да прокрварам ама до кого за колку сати...знам дека можи да ми ја скокни менструацијата или сл...ке купам утре и тест за бременост...
Не го износив, абортирав. За тоа имам пишувано во темата за Абортус. Веќе имам едно дете и од доктор ми беше забрането да го родам поради здравствени причини, имаше огромен ризик по моето здравје доколку се решев да го родам. Апчето НЕ ДЕЛУВА со сигурност! Прво информирајте се, па после пишувајте. Апчето за ден потоа е ефикасно САМО 75 % доколку се испие во плодни денови.
da da i jas go mislam istoto,no sto pobrzo se ispie tolku e posigurno deka ke deluva....zatoa najubavo e da si se pazime..a ne vaka da se nervirame
Биди сигурна дека пред да го напишам ова добро сум се информирала Да апчето делува доколку се испие во првите 12 часа, нормално секогаш постои ризика, а на девојката на која што и имам одговорено имаше напишано дека не е во плоднид енови туку 3 дена после менструација и го испила одма после 1 ипол час така да ризикот е ептен мал!
девојки, а ме интересира мене ме болеше стомакот некаде за 2,3 сати од кога го испиц апчето дали тоа има некоја сигурност дека изделувало оти пишува дека несакани ефекти можи да се болки во долниот дел од стомакот јас имав некој тапа болка...моментално тоа ми е надежта дај кажете оти ке се пореметам дур да поминат 14 дена за да напрам тест за бременост...не е ефикасност само 75%ако си во плодни денови тоа е точно дека поголеми се шансите и девојката што забременила го испила после 36 сати
Ме интересира само нешто да прашам. Значи имам слушнато за девојче (другарка на другарка), што била во Хрватска на одмор, и им пукнал конодмот, и кога отишла да купи апче, апотекарката и рекла дека може да се напие неколку обични апчиња за контрацепција. И чудно ми беше ова, зошто за кај нас немам слушнато. Па малку прочепкав на хрватски форуми и го најдов следново... ""Kopirat cu ti sto je dr.sc. Romana D. ,dr.med.na portalu cybermed.hr Sve pilule mogu se koristiti kao hitna kontracepcija. Također, sve se koriste jednako: prvu dozu potrebno je popiti unutar 72 sata od odnosa, a drugu nakon 12 sati. Doze: • Diane 35 – 3 + 3 tablete • Yasmin – 3 + 3 tablete • Cilest – 3 + 3 tablete • Logest 5 + 5 tableta • Triquilar, bijele tablete – 3 + 3 tablete • Trinovum, bijele tablete – 3 + 3 tablete • Stediril – m – 3 + 3 tablete • Stediril – d – 2 + 2 tablete"" Има некој слушнато за ова?
На хартија има математика, затоа што апчето за ден потоа е голема доза од хормони кои ги има во секојдневните апчиња за контрацепција. Но во реалност не е така. Како прво, хормонот прогестин, во форма на левоногестрел, кој е всушност апчето за ден потоа е само една врста на синтетички прогестин од сите 8 можни видови досега;норетиндрон, етинодиол, десогестрел, норгестрел, дроспиренон и норгестимејт кои се користат во комбинираните апчиња за контрацепција. Левоногестрел е пробан, проверен и одобрен, значи безбеден, метод на итна контрацепција. Останатите видови на прогестин имаат поинаква како се вика, хемиска конструкција. Мене лично не ми баш паметно изгледа да се изложи жена на поголема доза кога веќе има безбедно апче за таа намена, и кога се земаат во предвид несаканите дејства кај контрацептивните апчиња, вклучувајќи во нив и удар на мозок, па затоа се даваат со консултација од лекар и се бираат и мењаат со оглед на тоа кои и одговараат на жената. Јас би порадо да го испробаат прво тој метод на глувци отколку јас така да пробам на база на таа математика спомната на почеток.
На времето кога во приватните аптеки под рака даваа апчиња за контрацепција го слушнав ова. Тогаш на другарка моја фармацевтот и рече да се напие 3 х 2 таблетки од кутијата. На времето зборам, кога Норлево го немаше уште или пак го имало ама никој не чул за него. Инаку ја убедивме другаркава да не ги пие и навистина испадна дека не била бремена, така да незнам колку е ефикасен и здраствено оправдан методов.
Мислам дека е малку лудо да се игра со овие апчиња и доколку можеле да се користат на ваков начин сигурно во упатството би го пишувало тоа. Од она што јас го знам во упатството освен за нормална употреба од 21 ден за друга употреба не пишува и мислам дека е премногу ризично .За да се направи хормонален дисбаланс треба многу малку ,а за да се средат хормони може да требаат и неколку години.
3 дена веќе ми тече само кафеаво, цело време. На моменти повеќе, на моменти помалку. Цело време се надевам дека ќе добијам, иако е ептен рано за добивање. Ама ова кафеавово ме буни, и тоа не е само неколку капки, туку повеќе. Сигурно е од апчето, ама несакан ефект по една недела не може да е.