Ај и јас да си прашам...само што го испив апчето Норлево,значи поминати се 11 часа од односот...е сега прашање ми е како ќе знам дека апчето делувало, односно што да очекувам? И има ли врска тоа што синојка пиев алкохол а денес го испив апчево(во упатството ништо не пишуваше)?
Апчето е најефикасно во првите 24 часа а понатаму делува пак само со помала ефикасност....а пошто поминале 11 часа од кога си го испила значи тоа веќе ја завршило работата.....е сега можи наредната менструација да ти дојде малку порано или покасно како последица на апчето а и не мора затоа што секој организам е различен....кај мене на пр немаше такво нешто ама кај мои другарки се случило тоа....така да не се секирај спасена си
Да, би требало да делува апчето, а доколку имало нешто ке ти потече малку крв и следната менструација ке ти дојде покасно или порано. Немај гајле, нема место за паника
На претходните страници прочитав дека апчето не делува доколку си во период на овулација,а мене баш сега ми се плодни денови...ме фати страв луѓе, што да правам, вистина ли е тоа
Апчето заштитува околу 90% така да не се грижи. Знам како е и јас ја имав истата мака пред некое време. Се напив апче и ми каснеше плус, се мрднав. Ама ете добив.
Оф леле, ќе се изначекам додека да добијам, уште десетина дена...дај боже да делувало апчето,многу се испаничив од претходните постови.
Вака пред 3 часа до дечко ми имавме односи, кога завршивме дечко ми сврши надвор од мене но видовме дека кондомот е скинат( тој вели дека со рака го скинал кога пробал да го извади) , пред 7 дена ми заврши менструацијата... Она што сакам да ве прашам е дали во мојот случај постои реална потреба од норлево? Ужасно многу ми е страв да ги пијам, пиев еднаш но пред година ипол можеби и повеќе... Ве молам за побрз одговор !!!! Фала
Ако сакаш да бидеш сигурна напиј се........нема од што да ти биде страв од нив секако не треба нон стоп да се употребуваат ама за ти да се чуствуваш посигурно земи си апче
Пиев норлево после 44-45 часа од сексуалниот однос .после 2-3 дена од пиењето на апчето ми се гадеше и тоа беше се . Е сега после 8 дена откако го испив ми дојде менструација ако можам така да ја наречам бојата беше некако светло црвена и имаше и кафеав исцедок .. има ли шанси да сум бремена?
Значи девојка ми вчера пиеше норлево 9-10 часа после тоа иако имавме предигра и бев без кондом значи требаше уште да малку да започнеме со нашиот прв однос, и свршив околу вагината..таа вика дека и поминале плдоните денови но сепак страв ми е ...сеуште имам 19 години . Дали е добро тоа што го направив и колку што ми кажаа дека би требало да добие идниот ден или после тој ..Но сеуште ништо нема...хелп
Сте немале однос и се напила апче?? Нормални сте? Апче се пие ако не си сигурен дали си потсвршил во неа, или ако скроз си свршил внатре, а таа се полни со хормони за џабе затоа што си свршил околу вагината?? Нареден пат сврши и на стомак и нека се напие апче. Да да, ќе остане бремена ако е Дева Марија. Што ли ќе биде кога ќе почнете со секс, на секое ли ќе пие апче? Невозможно е да е бремена, 19 години не знам што учевте досега на училиште. Како може без пенетрација да зачне?
Па непамтам што како беше...се ми е во дамка ...Но ја мислам поодобро е со апче поради тоа што не сум сигурен дали е кај вагината или не е..Ме исплашија когами кажаа ако е вотој дел дека може и да впие...
А кој те тоа исплаши? јас да го карам Земи прочитај нешто по нет а не да слушаш бош муабети од другари . Спермата неможе да се впие преку кожа и да одскока до јајцеклетката во матката. Само немој да прашаш што е матка
Значи дефинитивно младинава плаче за сексуално образование!!! Не ми се верува дека прочитав оти мислите дека може да се забремени со впивање на спермата преку кожата... деца бе, имате интернет, читајте, учете биологија аман!
Како ќе се впие спермата жити се? Значи МОРА ВНАТРЕ да свршиш за да остане бремена. И што е најбитно како може невина да остане бремена? Тој што ти ги кажал овие глупости, или се зафркава, или му треба итно предавање на оваа тема.
Ај сега части по едно пиво [/quote] Обавезно ќе частам Чим викате дека е океј ви верувам =) А тоа да се искомплицира може од апчето или нешто ?