Девојки, ова апче јас лично ви препорачувам никогаш да не го пиете. еве се напив и сега ми доаѓа на 2 недели,еве на 16 декември имав и денеска пак менструација. Не знам како ќе се оправам
Сакам да прашам дали е можно да се остане бремена и ако ти дојде менструација...значи вака на 01 12 има одност и после тој ден се напив норлево и ми дојде на 09.12 а претходнио месец ми дојде на 20.11 но сега некако се чуствувам подуена и ми е чудно...помошшш кој има вакво искуство дали е од апчето или..?
Дали мора да се изкрвари после пиењетоа на апчето или тоа е само едно од несаканите дејствија? Ова е веќе втор ден од кога го испив и немам никакво крварење.. Прееска само малку ме болеше стомакот така како пред да добијам, меѓутоа можно е и да не е таа болка од апчето, затоа што околу 4-5 би требало да добијам. Е сега прашањето ми е дали затоа што не исквратив значи дека апчето не дејствувало, или тоа не се случува секогаш?
Јас никакво дејство немав од апчето само со ми подрани менструацијата...а сеага сум подуена па си мислам дали е од апчето или и покрај тоа што добив има шанси да сум бремена ?
Нема шанси да си бремена ако ти дошла менструација а плус си се напила и апче, не се секирај подуеноста ти е од апчето. Сигурно не си бремена.
i jas se cuvstvuvam podduena vo dolniot predel od stomakot a isto taka i cel mesec mi se osetlivi gradite praviv dobiv menstruacija praviv i test koj pokaza deka e negativen no nekako mnogu se grizam.dali imate iskustvo so toa da vi se osetlivi gradite sledniot mesec odkako ste go ispile norlevo? fala pozz
па женски норлевото е хормони и најверојатно малку се размрдан вашите хормони и затоа се осека подуеност и осетливост ке се среди се само не се оптеретувајте веке со норлевото забавете малку и ужуивајте
Веке никогаш не би го зела апчето не само со сам подувана како балон туку и имам ужасни болки ете денес ми дојде неможам да мрднам од креветот а преттоа немав никакви болки. Ужасноооо!
Женски можно ли е да ми касни од апчето? Го испив на крајот на циклусот, требаше да добијам пред 3 дена но ништо.. А немам ни никакви симптоми на добивање.. Малку само ме болеше стомак првите денови одкако го испив.. Иначе исто така и болна сум, си се тешам дека е од тоа, ама сепак многу се плашам
Многу е веројатно да ти касни од апчето, треба време додека се средат хормоните од неговото дејство. Ќе добиеш, не се секирај - немаш место за паника. И ако не си прокрварела, не значи дека апчето не делувало - крварењето е несакан ефект кој може да настане при пиењето на таблетката.
значи во апчето кога се купува има упатство и таму буквално се пишува, не ми е јасно зашто сите прашуваат едно те исто - значи немора да се прокрвари после пиење на апчето, тоа незначи дека апчето делувало или не, туку е само една од можните негативни последици! исто така, може да се добие менструацијата порано или подоцна, а може и на време, кај сите може да е различно. значи без паника и без стрес, ако веќе има некои сомнежи, постојат тестови за бременост, clear blue се прави и без доцнење на менструација, self clear после 1 ден, иако и тие можат порано, бидејќи го мерат нивото на HCG хормон кој се произведува ВЕДНАШ по забременување и истиот секој ден се зголемува, разликата во тестовите е дали мерат помали или поголеми количини од хормонот, затоа поефтините тестови се неспособни да измерат многу мало количество од HCG и затоа се прават подоцна, кога веќе мен. доцни, а новите тестови се прават после 5 дена од ризичниот однос (значи немора да се чека да дојде до доцнење на мен.)
Jas gi zemav NORLEVO kako zastita no ne mi deluvaa i ostanav bremena so sto potoa imav spontan abortus i se ustanovi deka predizvikatel bilo Norlevo apceto. Dobiv sovet deka koga veke se slucilo podobro da ostavis na slucajnost da ne ostanes bremena ili ako ostanes da abortiras namerno otkolku da dozivees nekoe hormonsko poremetuvanje kako mene.. Jas ne gi preporacuvam ama sekako sekoj organizam e razlicen!
Δ По кој пат, Норлево не се зема за заштита, туку да спречи потенцијална бременост после незштитен секс. За заштита постојат други работи, така да оставање на случајност не е најмалку соодветно ако некоја не сака да остане бремена. Кое рулет играње? Подобро абортус отколку заштита или евентуално Норлево? Озбилно така размислуваш и кој `стручњак` ти даде тебе таков совет? Хм? Што човек нема да прочита Помлади момички читаат тука, каде со такви мислења? Абортусот не е контрацепција!
Norlevo дејстува на тој начин што или ќе ја одложи овулацијата или доколку дојде до оплодување на јајце клетката ќе оневозможи истата да се вгнезди во матката и со тоа да дојде до оформување на ембрионот и нормално со тоа до бременост. Значи не се користи како заштита, бидејќи ако ја одложи овулацијата, на пример требало овулацијата да биде на 5ти и ја одложи на 12ти, ако на 11ти-12ти повторно се има незаштитен однос може да дојде до забременување. Мислам барем денес има толку можни начини на информирање и косата ми се крева кога ќе слушнам или прочитам како некоја апче за итна контрацепција си го користи како заштита или дека од такво апче имала абортус или разно разни глупости. Штом веќе некоја девојка почнува со односи, треба да се познава себеси и да сфати како и реагира организмот и пред се да прочита основна дефиниција што е овулација, што се плодни денови и што е контрацепција!
ако овој "совет" ти го дал гинеколог - промени го под итно! ако ти го дала некоја другарка, роднина - тогаш двете одете на гинеколог да ви објаснат точно како функционира женскиот организам.
izvini ama drug pat konsultacija dobro ke ti dojde ,za kontracepcija imas drugi apcinja kako na primer mikroginon koi se pijat sekoj den vo isto vreme .a NORLEVO e da spreci da ostanes bremena toa DA ama isto taka i ako postoi veke oplodena jajce kletka ke nema da dozvoli da se oformi embrionot . DEVOJKI NORLEVO NE E APCE ZA KONTRACEPCIJA .ako sakate da se zastitite od bremenos so apcinja MIKROGINON od iskustvo vi kazuvam deka se dobri .
Значи вака .. со дечко ми имавме односи на 20.01 и ни пукна кондомот. Го испив ,,апчето за ден потоа ,, после 35 часа некаде. Е сега имам големи болки во стомаков, бубрезиве и цел грб, повремено ми се гади и врти, градиве ми се мн поцврсти (и стомаков), а денес приметив дека ми дојде. Пред да ми дојде имав кафеав исцедок со чуден мирис .. Дали се ова реакции од апчето или ?? И ве молам ако некој знае какво апче ми е дозволено да пијам зошто имам преголеми болки во стомаков, а уште поголеми околу бубрезиве (цела кичма) .. Фала ви многу .
Zdravo devojki, bi sakala da ve prasam dokolku nekoja znae da mi odgovori dali norlevo apceto ke dejstvuva ako se zeme po ispieno odredeno kolicestvo alkohol?