Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Апче за ден потоа

Дискусија во 'Бременост' започната од Barbie.Girl, 30 март 2010.

  1. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    Немам многу време да листам на назад низ страниве, ме интересира дали за апчево треба рецепт?
     
  2. naekogasinekde

    naekogasinekde Активен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    здраво на сите .јас сум нова и веке ги прелистав оваа теме но сепак имам уште страв во мене.
    имав однос и тој сврши во мене а ми беа плодни денови .се разбира се напив од апцето после 4 часа и осетив главоболка како и подуеност и голема нервоза мислев глават ке ми пукне .но веке е 7 ден и сите симтоми здивнаа некако веке не осекам ништо само страв во мене .едвај цекам да ми дојде ке пукнам од грижа.незнам веке сто да правам како да бидам посмирена барем да знам дека ке дејствува апцето ....
     
  3. sonce10

    sonce10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    116
    Смири се, ќе делува апчето, може и да ти задоцни или подрани од апчето, не е страшно тоа е само негативна последица, а ако се плашиш купи во аптека тест од тој што се прави после 5 дена од ризичиот однос и ќе си бидеш смирена, не се паничи
     
    На naekogasinekde му/ѝ се допаѓа ова.
  4. naekogasinekde

    naekogasinekde Активен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    се надевам дека ке делува апчето искрено а за тест секако дека ке направам само да почекам уште денеска.леле само ова да помине
     
  5. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    почекај уште 3-5 дена и земај шур чек тест иако мислам шанси за бременост реално инема уживај
     
    На naekogasinekde му/ѝ се допаѓа ова.
  6. naekogasinekde

    naekogasinekde Активен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    тоа секако но сепак да прашам дали навистина постои такво апче што ако си трудна на пр до 4 недела да предизвика абортус мн ми е страв затоа и прашувам прочитав тука некаде за тоа апче
     
  7. sonce10

    sonce10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    116
    постои и такво апче, но не размислувај на таа тема, те разбирам дека си исплашена, но еве овојпат ако си се напила норлево нема да имаш проблем, а за понатаму ќе се договориш со партнерот за контарцепција
     
  8. naekogasinekde

    naekogasinekde Активен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    и јас се надевам дека ке немам потреба од такво апче .се надевам дека ден потоа делува со оглед на тоа што ни аналагин не пијам за глава а и прв пат ми е да пијам вакво нешто. но отприлика колку пари е такво апче ако веке дојде до тоа и како се вика поима немам
     
  9. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Не се секирај штом веќе си испила Норлево и тоа по 4 часа од односот немаш шанси за бременост. Не мисли на тоа. :)
     
    На naekogasinekde му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Poisson

    Poisson Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    14
    Јас го испив тоа апче после 30 часа дали е можно да не ми делува ?? Затоа шо на него пишува 72 часа ..
     
  11. naekogasinekde

    naekogasinekde Активен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    мислам дека делува подобро додека го испиеш во првите 24 часа но сепак би требало да делува.денес направив тест после 8 дена од односот и испадна негативен .малку се опуштив мислам дека ке делува апчето но додека не ми дојде менструација не можам да бидам 100 посто сигурна.но барем се тешам вака дека не сум оти главата ми пукна овие денови.
     
  12. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Не знам дали постоењето на апчево ги подобрува или влошува работите :^) Можеби да знаеа девојките/момците дека не постои, повеќе ќе внимаваа. Можеби немаше на секое да се клукаат со хормони, затоа што не е толку едноставно да се направи бебе, и од чиста случајност да се погоди од прва. Верувам дека 90% од девојките овде и без норлево немало да останат бремени, па апчево би му дошло како труење на организмот. :^) Не знам зошто е толку тешко да се користи заштита однапред, а не отпосле. Тоа е многу едноставно, не сакате бебе, внимавајте. Има секако ситуации кога, да речеме, ќе пукне кондомот, па ајде некако ќе помине, ама останатите? И не станува збор само за бременост, заштита на сопственото репродуктивно здравје.
    Ме интересира стварно, дали непостоењето на апчево би била лоша ствар, или би разбудило повеќе свесност? :^)
     
    На eli25, Doozy, Filiposka и 2 други им се допаѓа ова.
  13. naekogasinekde

    naekogasinekde Активен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    искрено мислам дека би било пола пола .во секој случај понекогаш е добро да знаеш дека има спас во одредена ситуација каде што навистина има потреба од апчето.не викам дека е добро да се пие напротив мислам дека сета сум збркана но немав излез и уште чекам али никогаш не би се напила само за тој да има задоволство кое трае 1 сек а јас да се уништувам со хормони .али сепак секој има право на избор е сега како ке се постави спрема партнерот тоа е до него.ако тој те чува никад не би имале потреба од апче,но мислам дека сега некако му дојде полесно на маските ајде ке се напиеш не е толку страшно само сто не знаат дека и ова не мозе да биде 100 посто сигурно
     
  14. twoB

    twoB Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    73
    Здраво
    Девојки ве замолувам пак ако знаете да ми кажете дали има врска ако норлевото се земе ПОСЛЕ одредено количество алкохол? Го земав уште во текот на првиот час по односот и ми беа неплодни денови, но сепак ми е многу страв зашто веќе пројдоја 5 дена откако го земав а не сум прокрварила а за некој ден треба да ми дојде и редовно циклусот. Сеуште не ми доцни па неможам да направам тест, по аптеките ми кажуваат дека немало некој што се прави без да ти доцни циклусот...ај ве молам за помош.
     
  15. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    Па не секогаш се прокрварува,не е знак крварењето дека апчето дејствува.Битното е што си го зела на време и сега чекај да ти дојде и да те предупредам предвреме може и порано,а може и да закасни поради апчето,значи тоа е нормално.И не алкохолот не влијае на апчето.
     
  16. twoB

    twoB Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    73
    Фала ти премногу, се надевам дека е така ... ќе си почекам сега да добијам :)
     
  17. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Ќе кажам нешто во склоп како одговор на Кравче, и онака генерално мое мислење е.

    Апчето треба да го има кога веќе е измислено и многу жени во зор зависат од него. Ама дека треба да има барем малку регулација, да. Уште повеќе па кога се дава на млади девојки без совет и прашање. Пример еве, јас во 14ина години колку сум, ахам, активна на тоа поле, го имам земено само еднаш. Се штитам, но имаше тој пат причина за сомнеж дека не сум заштитена со гаранција, а со оглед на тоа што не сакам да правам деца, си отидов во аптека и го побарав. Фармацевтот ми даде како формулар да потполнам, кога ми има дојдено последен пат, која заштита ја користам и причина зошто мислам дека заштитата потфрлила. Прочита одговори, ме праша дали го имам земано порано и кога му реков не, ми кажа на две на три дејството и ми препорача сепак да го прочитам упатсвото пред да го испијам. Свесна што пијам, како делува и што да очекувам.

    Значи, треба малку памет, и ако го нема 17-18 годишната девојка која испаничила дека дечко и се испразнил на папокот, па кога станала и потекла спермата надоле до срамните делови(темата дали сум бремена ми е инспирација) трча по Норлево право во аптека, фармацевтот треба да го има тој памет(или да му се даде законска одговорност да советува прво) а да не и го продава како да е Пез бомбонче.
     
    На Pepa B.., NoellePage, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  18. sonce10

    sonce10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    116
    Прва работа -не би требало да се намали дејството на апчето во комбинација со алкохол, втора работа - по стоти пат истото, значи не треба да прокрвариш, тоа не е никаков знак дека апчето делува, туку е само една од можните негативни последици, незнам зашто повеќето мислат дека ако прокрварат после 2 дена откако се напиле апче дека делувало, изгледа зашто така мислат дека добиле и дека ете не се бремени, незнам друга причина...а трета работа - постои тест што се прави и без доцнење, како не постои, се вика self clear и се прави после 5 дена од можното зачнување, односно до 8 дена после ризичниот однос.
    Затоа смири се, ќе биде се во ред, не паничи, а и сама викаш дека ти биле неплодни денови и незнам зашто си се напила апче, но знам дека си била исплашена, ама друг пат внимавај
     
  19. twoB

    twoB Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    73
    Ги барав тој self clear или clear blue во аптекиве ама ги немаат.А кога прашав дали имаат некој што се прави без да ти доцни циклусот некако ме гледаа чудно и ми велеја дека таков тест нема :worried: Сепак иако ми беа неплодни денови несакав да ризикувам па затоа го зедов апчето како што кажав уште во првиот час по односот. За крварењето напоменав затоа што првиот пат коа го имам земено норлевото веднаш прокрварив следниот ден а сега не па си реков случајно да не не дејствувало. Сепак фала ти за одговорот.
     
  20. sonce10

    sonce10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    116
    Незнам во кој град живееш, инаку во Зегин имаат, чини околу 180 денари, изгледа вака како на сликата, но не се грижи, не се паничи, се надевам се ќе ти биде во ред
     

    Прикачени фајлови: