Јас сум ги користела норлево... до сега два пати сум зела вакви апчиња за ден потоа.. Првиот пат беа норлево, а вториот, некои други ,, пошто се случи тоа на одмор, и во аптеката таму имаше само такви, но аптекарката гарантираше дека се исто така ефикасни... сепак, главно во нив е да се види присутноста на левоноргестрел, мислам дека вака се викаше хормонот... пишува на интернет се во врска со овие апчиња, и колку се ефикасни и колку треба да има од овој хормон... инаку, обично се по две таблетчиња малечки, во едно пакување, кои содржат од хормонот левоноргестрел, во поделена количина, мислам дека 75% е максимумот... и пошто хормонот предизвикува некогаш и болки во стомакот, повраќање и крварење, за да се избегнат овие појави, дадени се две апчиња, што се пијат во одреден рок, на 8 часа,... прво едното, па по 8 часа другото... и најефикасни се , што порано се земат! а максимумот е 3 дена .. дури и препорачливо е да си носите некои со себе,или да си ги имате дома, така да, ако ви се случи некој инцидент некогаш, веднаш да ги испиете.. а сега во поново време ,и поновите апчиња за ден потоа мислам дека ги имаат направено и регулирано така хормоните во нив што не мора да се пијат по две, туку во пакување има само по едно апче. инаку, ако осетите болка во стомакот после употреба,или видите крв капки.. тогаш делува и, не е препорачливо да се потпирате премногу на овие апчиња... смеат да се земат само 2 пати годишно, поради големата концентрација на хормони.. позз
Девојки имам едно прашање. Пред 5 дена се напив Норлево бидејки ни пукна кондомот, а мене ми беа ризични денови. Го испив после 12 часа, бидејки едвај најдовме аптека во која ни го дадоа без рецепт. Во првите денови немав никакви болки, ама од вчера почнаа да ме болат градите и стомахот. Плус на сето згора чувствувам огромна нервоза и умор. Исто вака ми се случува кога имам ПМС. Дали некоја од вас која користела Норлево имала слични симптоми? Благодарна од напред.
јас го користев ама немав никакви симптоми а во упатството пишува дека можи да се јават негативни симтоми ама немора да значи дека кај сите почекај уште неколку дена и ако уште имаш посети гинеколог
ВЕ МОЛАМ КАЖЕТЕ ВАШЕ МИСЛЕЊЕ ВО ВРСКА СО МОЈОТ ПРОБЛЕМ девојки здраво...темава мозе ја има и некаде по форумиве мегутоа немам време од паника и да барам,затоа набрзинка направив нова,па затоа ве молам казите васе мисленје дека не сум мн информирана околу ова.. јас и мојот партнер имавме односи без заштита и редовен циклус ми иде секој месец на 27 датум. мегутоа ради сугестија во февруари се напив апче кое спречува бременост од 72 часа и во упатството пишуваше дека можно е менструација да ви дојде порано.Па тоа и се случи.Наместо на 27 февруари ми дојде на 9 февруари.сега не знам дали наредна менструација треба да ја чекам на 9 март или 27 февруари.ако е на 27-еве уште ми нема дојдено и затоа ми е страв ве молам кажете ваше мислење!
ВЕ МОЛАМ КАЖЕТЕ ВАШЕ МИСЛЕЊЕ ВО ВРСКА СО МОЈОТ ПРОБЛЕМ Редовен циклус, не значи секој месец да ти доаѓа на иста дата туку на секои 28 дена, меѓутоа не мора да значи секој организам различно функионира, така да тебе значи ти идело на секои 30-31 ден. Ако последен пат си имала на 9 февруари сега значи треба да ти дојде околу 9 март (циклусот ти е сега поместен заради апчето). Ќе ти дојде, не се секирај.
ВЕ МОЛАМ КАЖЕТЕ ВАШЕ МИСЛЕЊЕ ВО ВРСКА СО МОЈОТ ПРОБЛЕМ Не значи дека треба да ти доаѓа на фиксен датум секој месец како што ти се случувало-на 27,доаѓа отприлика 25-30(28 се зема како средна вредност,ама често има отстапувања од 2-3 дена во + или-) дена рачунато од денот кога си добила.Некогаш има отстапувања поради хормонални пореметувања,промена на клима,преголеми стресови и др.здравствени проблеми.
ВЕ МОЛАМ КАЖЕТЕ ВАШЕ МИСЛЕЊЕ ВО ВРСКА СО МОЈОТ ПРОБЛЕМ Не е менструалниот циклус како плата па да стига секој 1ви во месецот без разлика колку дена има месецот Не, стварно сме многу неуки. Си се чудам некад. Барем на 19 години треба да се знаат основните работи за менструалниот циклус, посебно кога сме сексуално активни.
ВЕ МОЛАМ КАЖЕТЕ ВАШЕ МИСЛЕЊЕ ВО ВРСКА СО МОЈОТ ПРОБЛЕМ ^^ Оф топик, леле морав ова Имам една комшивка две деца има, и секогаш истиот муабет: „Ааа мене ми е редовна, секој месец на 31 ми иде !“ Бог да чува.
ВЕ МОЛАМ КАЖЕТЕ ВАШЕ МИСЛЕЊЕ ВО ВРСКА СО МОЈОТ ПРОБЛЕМ Што има врска кога ќе ти дојде? Ти биди среќна ако ти дојде воопшто ,не се грижи многу за датата
ВЕ МОЛАМ КАЖЕТЕ ВАШЕ МИСЛЕЊЕ ВО ВРСКА СО МОЈОТ ПРОБЛЕМ Хаха прашај ја а што сега што фебруари што нема 31ви? нема да и дојде, или готово, од сега нередовна ќе и биде Редовна е циклусот да ти трае 28дена, и не ко некои што бројат 28 дена од коа ќе им заврши, туку 28 од првиот ден коа ќе добиеме. Ама многу ретко некој да има вака редовна, дури не ни верувам дека некој има Не дека сум правела статистика ама вака од читање, муабети, 30-31 ден изглеа е просек
ВЕ МОЛАМ КАЖЕТЕ ВАШЕ МИСЛЕЊЕ ВО ВРСКА СО МОЈОТ ПРОБЛЕМ секој незштитен однос не значи и автомаско останување во блажена состојба,менструацијата кај секоја жена во секој месец различно варира и може да дојде неколку дена покасно но и неколку дена порано како што е случај кај мене.поентата ми беше и прашањето зошто младиве девојки пијат на своја рака таблети за 24 часа сперчување бременост а притоа не се сигурни дали и има потреба за истите?ако уште сега го труете своето репродуктивно здравје без причина, баш кога највеќе ќе посакувате да останете бремени можеби ќе се соочите со проблем за зачеток.за секоја недоумица и проблем посетете гинеколог,тој е вистинската личност на кога треба да му ги поставите овие прашања и да добиете точен одговор.
ВЕ МОЛАМ КАЖЕТЕ ВАШЕ МИСЛЕЊЕ ВО ВРСКА СО МОЈОТ ПРОБЛЕМ абе дајте ве молам што е ова,колкав календар имате за плодни неплодни денови дај малку разгледајте не е ова плукни па остани бремена. зошто самите си стварате стресови,што се овие вакви такви лекови....дајте малку здрав живот терајте....а како секоја девојка сака порано или подоцна сака да е мајка....а сите претеруванја со овие лекарства влијаат на васето здравје и ствараат импотентност.....имам случај со моја прва братучеда цел живот ос дечкои пазеа се клукаше со апчиња и кога дојде ред да саакаат да створат фамилија.....таа морасе да се оплоди вештачки а не по природен пат....зошто?????за да зивее 10 год со нервози зошто не можи да стани мајка????пазете се
heeellllpppp најпрво да ви кажам дека самошто се регистрирав на форумот и Ве молам да ми помогнете...ми се случи мала незгода...со дечко ми имаме сексуални односи еве скоро 2 години но никогаш не сме имале незаштитен, прв пат ни се случи пред 40 саати и сега малку сме исплашени. Тој не ејакулира во мене но сепак страв ни е..земавме таблета норлево но сеуште не сум ја испила зошто се плашам од некои несакани дејства...и само да кажам дека менструацијата ми заврши еден ден пред тоа да се случи... ве молам за совети и неешто повеќе за апчињата и што е можно побрзо...ви благодарам однапред
heeellllpppp Добро таблетата не ти ја дале на рака, туку имаш и упатство. Прочитај го. За несакани дејства.. животот е ризик и онака
heeellllpppp Има тема за овие апчиња, најди ја и прочитај. Еден куп искуства. Инаку штом не свршил во тебе ептен се мали шансите да останеш бремена, скоро никакви, а и тие денови после завршувањето не се плоди т.е постои минимална шанса. Значи коа да видиш нема од што да се плашиш ама ако не си сигурна веќе имаш апче. Прочитај во темата за несакани дејства. Мада колку што иам читано, не се опасни. Сепак апче ко апче, зашто да голташ хемии ако нема потреба Ти си знаеш. Јас да сум на твое место не би го пиела ако сум сигурна дека свршил надвор
heeellllpppp Не свршил во тебе, а односот бил ден по завршувањето на менструацијата? Ако е така не ги пиј само апчињава, ретко која така останала трудна.
heeellllpppp сигурна сум дека ејакулирал надвор само ете така дека прв пат ни се случува а и како што кажа не сакам да голтам хемикали безпотреба...затоа се двоумам што да правам
heeellllpppp срце јас и дечко ми веќе 2 години имаме незаштитен секс па до сега да не се подречам ништо не се случило штом не ејакулирал во тебе мали се шансите(не дека ги нема)да останиш бремена...друга работа,исто така мали се шансите за тоа во првите 2-3 дена откако ќе ти заврши менструацијата( но како што реков секогаш е можно)...мислам дека нема потреба да се плашиш,но бидејќи уште си мала за да чуваш деца,ја те советувам да си имате односи со заштита за да не се мислиш вака секој месец
heeellllpppp И ние се плашевме кога почнавме без кондом. На почетокот без кондом само по завршување на менструација, демек неплодни денови, а сега веќе сме нон стоп без. Јас два пати го пиев апчето, ама само ми ја поремети менструацијата, Не било кај сите вака, ама кај мене ете... Не знам, јас мислам дека нема ништо, ама вие најубаво си знаете
heeellllpppp ете пвој пат беше исклучок но се случи и дека ние е прв пат затоа сум исплашена и не знам дали за секој случај да ја испијам таблетата