1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Апче за ден потоа

Дискусија во 'Бременост' започната од Barbie.Girl, 30 март 2010.

  1. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    А нередовност во менструација не е проблем ???? Последиците од овие хормонски апчиња не се гледаат веднаш,туку за жал многу подоцна ,на пример кога ќе планираш дете.Не знам кој ти е гинеколог ,но требал да ти објасни убаво како да ги употребуваш ,а не злоупотребуваш апчињата .
     
    На HplsRomantic му/ѝ се допаѓа ова.
  2. HplsRomantic

    HplsRomantic Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    23
    Последици од тие апчиња нема веднаш!!!! Ама влијаат на плодноста и тоа како... Никако да се зимаат месец за месец!
     
  3. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Ти ќе си останеш жива, и нема физички да ти биде ништо.
    Подоцна се забалежуваат последиците, на плодноста. (како што веќе кажале)
    Прочитај по Интернет, кои се последиците и поради што настануваат.

    Нема играчка со хормоните.
     
  4. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    228
    браво бе девојче! наместо кондоми да користите, ти хормонски апчиња си пиеш секој месец! и си имала САМО нередовна менструација! ич не ве разбирам како ви се ризикува вака. си разговарала со гинеколог за тоа колку често смее да се користат апчињава или на своја рака си ги пиеш?!?!
     
  5. JustBeYou

    JustBeYou Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    490
    Пол:
    Женски
    Ако ги прочита сите коментари ке воочеше дека ДА ! Сега користиме кондом и се е на место ...
     
  6. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    Да не ја разбереме погрешно не ги користи секој месец оти тоа веќе ќе премине во редовно користење како што ми објаснила мене погоре,она ги користи преку еден месец за да ја задржи нередовноста :lol:
    А да и гинекологов што го нашла,или не го сватила кога и објаснувал како се користат или треба да не работи повеќе како гинеколог..............БОГ ДА ЧУВА.
     
  7. memory

    memory Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    9
    Девојки ми треба помош, пред 7 часа имав ризичен однос, и сега купив норлево но страв ми е да го испијам, затоа што пијам Лекоклар за инфекција, а плус на работа сум па да не ми се случи нешто, каква реакција дава апчето кажете , и дали ранитал може да се пие против повраќање ако се јави.
     
  8. memory

    memory Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    9
    Никој ли нема да одговори, колкава е ефикасноста на апчето, не напоменав дека сум 1 недела пред циклус.
     
  9. naekogasinekde

    naekogasinekde Активен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    мислам дека нема врска што примаш други лекарства али пак не сум сигурна прашај во аптека. а колку побрзо го испиеш посигурна си дека ке делува.апчето откако го испив бев во ептен голема паника и откако ми дојде и тоа порано се уверив дека дејствува и дека е доста ефикасно.ако мислиш дека има шанса да останеш испиј го ако не немој затоа штоо има доста негативни последици .
     
  10. memory

    memory Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    9
    Прочитав тука на форум дека една девојка го испила апчето и пак останала бремена, па затоа испаничив.
     
  11. naekogasinekde

    naekogasinekde Активен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    сакам да прашам некоја што го пиела апцето и поминало повеке време
    после колку време ке се смири организмот и се ке се врати во нормала?
    имам многу главоболки скоро секој ден а и болка во јајниците иако ми заврши и ептен обилно бел секрет.знам дека е од апчето но после колку време ке се врати се во нормала односно ке се средат хормоните или пак да посетам гинеколог .
     
  12. sonce10

    sonce10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    116
    Е тоа никој не може со сигурност да ти го каже бидејќи зависи од организмот. Не би требало да имаш некои посебни проблеми, секрет може да имаш и од други причини, немој да мислиш дека било која промена и да ти се случи дека е резултат од апчето. Можеби е, но можеби и не е. Види како ќе ти дојде следниот циклус, како ќе ти реагира организмот и ако сеуште после тоа не се чуствуваш добро тогаш нормално дека ќе посетиш гинеколог. И најбитно - без паника и без стресови
     
  13. JustBeYou

    JustBeYou Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    490
    Пол:
    Женски

    Тоа е во зависност на организмот ... Секој организам не подеднакво исто го поднесува одреден медицински лек ... Јас немав некој проблем освен добивање на менструација порано или подоцна (т.е нередовна менструација), можеш да посетиш гинеколог за некој совет, мада јас мислам да не се плашиш многу :rofl: :*
     
  14. JustBeYou

    JustBeYou Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    490
    Пол:
    Женски


    Апчето се пие во рок од 72часа... Што побрзо го испиеш тоа подобро ...
    А девојката може го испила подоцна .....
     
  15. Simona292

    Simona292 Активен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    здраво женски јас сум нова на форумов и сакам да ве прашам за совет иако ги прочитав сите можни страници во врска со темава :) значи јас и дечко ми имавме незаштитен однос, значи досеа сме немале ваков проблем веќе 3 години. но се деси набрзина и уствари додека имавме секс коа дојде до свршување јас додека се тргав од него он сврши, поголем дел имаше на него но сепак мислиме дека имало малце и во мене, се напив норлево после 1 час вчера а денеска немам несакани дејства, сакам да ми кажете дали постои место за паника иако мислам дека не сум во плодни денови така што добив на 26 ти одприлика... совет ве моооооолааам :(
     
  16. JustBeYou

    JustBeYou Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    490
    Пол:
    Женски

    Норлево апчето е 99% сигурно само доколку се напиеш во наредните 72 часа ... Мислам дека нема место за паника или нешто слично. Си го испила на време и готово ... Јас почесто пиев и сега можеби 6 месеци не имам користено ... користиме кондоми и поевтино и на крај краева посигурно е ... Што е најбито од се дечко ми е многу совесен за таа работа :rofl:
     
    На Simona292 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Simona292

    Simona292 Активен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    и мојов беше совесен еве прв пат ни се деси :( не можам да издржам паднав психички скроз од страв што како ќе испадне и дали ќе ми штети :(
     
  18. JustBeYou

    JustBeYou Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    490
    Пол:
    Женски

    Мислам дека си премногу исплашена ... Го прочита ли упатството !? Мислам дека нема потреба од толкаво плашење ... Не си ни прва а ни последна што си испила апче ... Јас лично со ред пиев неколку апчиња но сега повеќе нема ... Мислам дека нема потреба од грижење дфоколку си го испила на време ... Опушти се, вечер излези и забавувај се :rofl: ;)
     
    На Simona292 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Simona292

    Simona292 Активен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    прочитав и упатство и се, и пак некој немир во мене ахххх проблеми.. фала на совет се надевам се ќе биде добро :))))
     
  20. sonce10

    sonce10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    116
    Ајде вака еден совет, така малку подолгичок за еднаш да се престанат да се шират неточни информации и паники во врска со оваа тема. Затоа и ќе пишувам во спојлер па кој сака нека чита.
    Прва работа, Норлево НЕ Е АПЧЕ ЗА КОНТРАЦЕПЦИЈА, туку апче за УРГЕНТНА контрацепција, значи не се пие секој месец, ако веќе имате незаштитени односи постојат неколку видови апчиња за контрацепција, а кои ќе ги користите ќе се консултирате задолжително со гинеколог. Гледам дека многу девојки се плашат и срамат да одат на гинеколог, но во тоа нема апсолутно ништо срамно, жени сме и помирете се тој пусти срам или страв стручно лице (гинеколог) да ви даде совет. Втора работа, норлево делува на принцип на хормон Levonorgestrel коj што гo има и во контрацептивните пилули кои се пијат секој ден, но во норлево дозата е многу е поголема и изнесува 1,5мг. Самото апче НЕМОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА АБОРТУС, туку делува на два можни начини:1) ја одложува овулацијата или 2) доколку дошло до оплодување на јајце-клетката хормонот во таблетата ќе ја направи состојбата во матката непожелна за вгнездување на оплодената јајце-клетка, а со тоа до формирање на ембрион и ќе овозможи оплодената јајце-клетка да биде исфрлена надвор од организмот пред да дојде до вгнездување, а со тоа и до бременост. Трета работа, апчето делува 99% сигурно доколку се испие на време. Во светот постои 1% шанса апчето да не делува и не ми е јасно како во 2 милиона народ во Македонија, од кои што да речеме дека најмногу 700 илјади се сексуално активни жени на форумов секоја трета девојка се изјаснува дека апчето не и делувало или познавала другарка, роднина на која што не и делувало. Значи, доколку сте испиле норлево и доколку апчето ја одложи овулацијата, на пример требало да овулирате на 5ти, апчето ја одложува на 10ти и на 10ти повторно имате незаштитен однос Е ТОГАШ МОЖЕ ДА ОСТАНЕТЕ БРЕМЕНИ, а тоа воопшто не знали дека апчето не делувало. Затоа и е наведено во самото упатство - да не се користи повеќе од два пати во еден циклус и доколку сте испиле апче додека да добиете менструација да користите соодветна заштита (кондом). Четврта работа, повраќање, лошење и прокрварување се МОЖНИ НЕГАТИВНИ ПОСЛЕДИЦИ, а не репер дека апчето делувало, во најчест случај менструација се добива на предвидената дата, но може и да задоцни или да подрани.
    Значи детално читање на упатството (3 пати ако треба) пред да испиете ваков вид на апче и без паники и стресови откако веќе сте го испиле. И еве линк од норлево, детално објаснето е буквално се, се надевам ќе го разберете бидејќи е на англиски јазик http://www.norlevo.com/method.html
     
    На Simona292 му/ѝ се допаѓа ова.