женскиии кажувајтее дали има некаква врска што се напив пола диазепам ден одкога се напив норлево пошто мн бев вознемирена мислев на тоа и висок притисок имав страв ми еее
Кога може да се направи тест за бременост после Норлево,овде гледам пишува после 7 дена, нели треба 14 дена да помнат од односот, јас го испив после 7 часа но немав никави симптоми, ама баш никакви, страв ми е да не не делува.
Не гледам логика апче што е за нерви да има некаква врска со хормонско апче. И ако паниката ти е дали ќе останеш бремена, штом си се напила норлево не се паничи, само опуштено, реши си ги сомнежите со еден тест за бременост, направи го за некој ден и не се стресувај
Мене ме фати паника затоа што читам дека 2 девојки останале бремени и покрај норлево, дали има некоја што пиела апче во плодни денови и било ефикасно?
Ама какви симтоми сакаш да имаш,ммм?? Не ми е јасно, сакаш да ти се повраќа, да прокрвариш?? Тоа се ЕВЕНТУАЛНИ можни негативни последици, а не доказ дека апчето ти делувало или не. И нема врска тестот со норлево, имаш тест што се прави после 5-8 дена од ризичниот однос, имаш тест што се прави после 1 ден доцнење на циклусот, тест што се прави после 2 недели итн... Прелистај ги претходните страници во темата, има доста информации. На претходната страница имаш пост каде што подетално е објаснето, ќе си отвориш скриен текст и ќе си читаш. И незнам што би ти менувало ако 200 девојки кажат дека им делувало, а 2 што не знаеле доволно информации ти кажат дека не им делувало?? Си го испила, сега смири се и чекај да добиеш
Ти благодарам, само ме загрижи тоа што читам дека кај некој не делувало, јас во моментот примам јаки лекарства па ова би било најлошо што може да се случи, затоа и се секирам толку многу.
Исто и јас немам никакви симптоми, ни крварење, ни повраќање, ниту пак вртоглавица... Пишува во упатството дека се МОЖНИ чести несакани реакции но не и дека задолжително треба да ти се десат за да видиш дали делува апчето
Сите лекарства имаат можни нус појави и симптоми, но се ретки, не значи дека мора да ви се случат, но тоа не значи дека апчето не делува!
Го испив после 1час и еве веќе два дена поминаа и немам никакви т.н несакани реакции, исто и другарка ми го испи ден потоа, иако нејзиниот случај беше стварно потежок така што ни помалку ни повеќе дечко и сврши целосно во неа после еден ден се напи норлево, немаше никакви симптоми и и делуваше нема бебе така да нормално е малку да се секираме додека не помине
^ Ти благодарам, и јас не паничев се додека не видов тука на форум девојки на кои не им делувало и се испаничив многу, а знам дека е многу ефикасно, да се надеваме дека добро ќе заврши, и понатаму памет во глава.
Исто и јас тогаш најмногу испаничив но пробав малце да се смирам и сеа подобро е...единствено останува да почекаме и да си соопштиме Убави вестииии
Многу зависи и од тој кој ден на циклус е, за време на овулација само 75 % ефикасност пишуваше некаде.
Побезвезе нешто од ова немам прочитано, оваа информација со 75% или не си ја разбрала или некој не ја разбрал па така неразбрана ти ја пренел...значи апчето спречува да не останеш бремена, а бремена се останува во плодни денови, тоа се најчесто од 11 до 17 ден од циклусот (иако може да варира, зависи од организмот) и не ја гледам логиката со 75% ефикасност кога е овулација. Ама пак ќе кажам, во паника секакви неточни информации се провлекуваат
Значи можеби не се изјаснив добро, сакав да кажам дека поголема е ефикасноста на апчето доколку не е настаната овулација за да ја спречи, а доколку е веќе настаната еве имаме и случаи на форумот каде апчето не делува.
Апчето и ја има намената да делува во овулација,затоа што ако не си во плодни денови ќе немаш ни потреба да го пиеш.А тоа дека апчето не делувало може да се случи само ако апчето се употреби после 72часа од ризичниот однос,а ако се уботреби како што е наведено во упатството нема шанси да не делува.