Сакам да прашам дали апчињата норлево би можеле да ми пречат во менттруалниот циклус, бидејки јас веќе пијам хормонски апчиња веќе една и пол година за регулација на циклусот препорачани од гинеколог, бидејќи без нив имам големи проблеми ( да не објаснувам сега на долго што и како ). Тие секогаш прават да добијам на точен датум. Прашањето ми е дали ако испијам норлево би ми го пореметил датумот на добивање, и покрај тоа што другите апчиња што ги пијам прават секогаш да добивам на точен датум.
Ако апчињата се наменети како контрацепција те штитат од бременост , а воедно го регулираат и циклусот , и Норлевото ти се хормони , така да нема мешање , ке добиеш дупла доза на хормони , тоа е шлогирање на организмот , свашта можеш да пореметиш !! Со апчиња нема играчка
Апче- ден потоа Пошто нема големо искуство барам ваше мислење. Последниот пат ми дојде на 12ти. После 8 дена имав незаштитен однос т.е. на почетокот само немавме заштита после тоа зедовме кондом. Имам читано дека можно е да има предсемена течност па да се направи беља. Да земам апче ден потоа или....?
немој да земаш само ке си го пореметиш циклусот од искуство ти зборувам ...сепак процентите да стане нешто од предсемената течност се мали позз
Добро, мене друго ме интересира. Дали е можно во аптекиве низ Македонија да има толкав дефицит на Норлево, што воопшто и ги нема? И дали е само изговор дека се у дефицит оти повеќево што одат по аптекиве се у принцип испаничени, им треба апче за ургентна постапка нели. Или па владава стварно се залага за трето дете?
А кога веќе владата си игра со нас, постои ли алтернатива на Норлевото? Некаква замена, некоја тревка, билка, некоја андроид апликација? Хаа! Сериозно, има ли нешто шо може да спречи бременост при грешка, освен нели абортусот, кој верувам е крајно трауматичен?
Апче за ден потоа е апче за ден потоа, а кај нас мислам дека СИТЕ апчиња за ден потоа се у дефицит. Имајте трето дете... Одамна на никој не му пукнал кондомот, слабо темава нешто.. бидете добри и внимателни, да заборавиме на темава
Јасмин се користат за превенција од гравидитет што делува така што спречува овулација (созревање на јајна клетка) отежнува движење на сперма низ матката и спречува на евентуално оплодената јајна клетка да се вгнезде во ѕидот на матката. Како контрацептивно средство се употребуваат континуирано со повремен прекин (да не речам според шема). Да дополнам дека по состав Јасмин табл. се прогестин и естроген. Спојлер How should I use Yasmin? 21-day pack: Take 1 tablet daily for 21 days. Take no tablets for 7 days, and then begin the next pack. 28-day pack: Take 1 tablet daily for 21 days, then take 1 "reminder" tablet daily for 7 days, and then begin the next pack. Норлево е исто така контрацептивно средство кое се користи во итни случаеви во кои стандардната контрацепција (било хормонска , било кондом, било друго нешто) не успеала. Се користи еднократно а не по одредена шема (како Јасмин) и плус комплетно различен состав е, пошто Норлево-то е левоноргестрел што е форма на прогестинот, но го нема естрогенот (како Јасмин-от). Значи го нема оној несакан ефект од естрогените хормони. И, џабе е ако го земете покасно од 72часа по незаштитен секс. И да жени, женчиња, девојки и девојченца...работам у аптека и во секоја нарачка ги побаруваме но ги нема норлевото....што да ви кажам... земајте кондоми али не се будалете со хормонски контрацепции. Или барем додека гинеколог не ви посочи. Памет у глава
Ете, Bubbi убаво објасни. Сите работи што се на база на хормони не се заебанција. Само ме чуди големиот дефицит на Норлевото, право да ви кажам.
Во кој град можам да најдам Норлево? Навистина не знам што се случува но го нема никаде. Проверив во 7 аптеки и никаде го нема. Некоја замена за него постои ли?
Значи Норлево може да се најде во аптеките на Деметра во Куманово. Јас денес земав од таму, само си бараат рецепта. Позз
I jas Primetiv deka gi nema norlevo-to, Pa sakam da ve prasham dali nekoj znae da mi kazhe nekoja alternativa za da ne dodje do nesakanoto? (pominati se 44 saati od odnosot)