heeellllpppp леле ај те молам не се клукај непотребно со апчиња.Ако вака правиш со паника ти ќе мора послем секој однос да пиеш апче.И сама кажа дека не свршил во тебе!!Па зошто толку паника не гледам причина.Апчињата не се пијат туку така, само во конкретен случај-значи кога навистина ќе сврши во тебе.Сега си само исплашена и тоа е се.
heeellllpppp Година ипол скоро имам незаштитен секс и не сум останала бремена. Ептен се ретки шансите да останеш, ако се остануваше така лесно досега ќе чував дете. Не пиј беспотребно апчиња убаво ти кажаа.
ВЕ МОЛАМ КАЖЕТЕ ВАШЕ МИСЛЕЊЕ ВО ВРСКА СО МОЈОТ ПРОБЛЕМ Како прво не си требала да пиеш апчиња бидејќи после секој незаштитен однос не значи дека ке останеш бремена. И друг пат пред да направиш вакво нешто консултирај се со некој искусен што знае бидејќи овие апчиња се многу штетни и можеш да останеш стерилна. А за циклусот ке ти доаѓа на 2ри многу нормално
Многу ми сте интересни кога од ракав ке си лупнете некоја си ваша информација! Од каде тоа дека стерилна се останува од апчето за ден потоа? Боже. Многу неоткриени гинеколози на форумов да ти имало. Не лупајте глупости за сериозни работи ако немате некако доказ за тоа што го тврдите. Па после девојките ќе биле лошо информирани, е да, ќе бидат.
Девојче 5 години имам незаштитен однос, но всушност прекинат однос без ејакулација внатре. Како и 70% од светот, прекинатиот однос е најпознатитот начин за несакана бременост Без кондом ама никако ејакулација внатре. Прочитав една феноменална статистика пред година дена : Шансите за забременување од предсемена течност се еднакви со шансата да ти се скине кондомот! Па сега види ти. Поголемиот број што имаат еден сексуален партнер се одлучуваат да имаат односи без кондом. Така да според мене нема потреба од апчево, само ќе си пореметиш циклусот. Али ако ти толку си решила да го пиеш твое е. Баш јас го прашував гинекологот за можноста да забременам со прекинат однос и ми рече фурај си без кондом шансите се и помали од минимални. Јас до сега требаше 3 бременсти да истерам и да направам детска градинка
незнам дали од таблета за ден потоа можеш да останеш бремена или не, ама знам дека тоа се хормони, што треба гинеколог да ти ги препише за да почнеш да ги пиеш, а не на своа рака дека на тебе ти текнало наместо да се клукаш со се и секави таблети од страв,закажи преглед на гинеколог и ке добиеш објаснување и се разбира совет.
Дали на некој му се случило откако се напил норлево да има слабо крварење кога добил менструација? Мене еден ден само ми траеше.
Всушност шансите за да ти се скине кондом се поголеми Никогаш не сум сретнала некоја да остане бремена од предсемена течност, туку и гинеголозите кај што сум била немале ваков пример....повеќе е ова како теорија со најмининални шанси за остварување. А кондом да ти се скине не е баш толку многу ретка работа, знам многу девојќи вака што останале бремени....а многу мнои другари ги имаат пиено апчињава за ден потоа од причина што им пукнал кондомот. Плус ете низ форум читаме како пукаат кондоми а никаде до сеа не сум прочитала од течноста да се жали некоја Спојлер значи ова е моја статистика според она што слушам и читам, и мислам и дека е логично А за ова второво потполно се согласувам, само има еден битен детал: Дечкото да е искусен. Од причина да знае коа треба да прекине и за може да се контролира, а не некој тинејџер што вчера почнал да има односи и појма нема (тинејџери и неискусни без навреда ама така е)
Абе да Алиса, ама се мисли на тоа дека нели шансите за да се скине кондом ако е ПРАВИЛНО наместен се скоро никакви. Така и со предсемената течност. Кондомот пука затоа што во брзање и попалени и најчесто го местат неправилно. Колку да е ставен, не обрнуваат внимание. И затоа пука.
Епа вака... пред 10тина дена ни се скина кондомот со дечко ми и после некаде пола час-час испив едно Норлево... Ги поминав повекјето од симптомите... главоболки, болки во стомакот, мачнини... Требаше да добијам на 20ти овој месец... ама добив пред 6 дена, што не ме загризи баш, затоа што имам нередовен циклус, макар да никогаш не ми подранува... и ете денес ми помина, само што крварењето беше мноооогу намалено... Се прашувам дали има некакви шанси да сум останала трудна...
Мислам дека нема шанси...тоа веројатно е од апчето пошто може да ти се поремети циклусот,може да ти биде многу слаб или многу обилен..зависи од организмот.Мислам дека не треба да се грижиш
хм... да знам... и јас истото го помислив... ама секогаш кревам паника околу такви работи.... а башка и затоа што ова ми бесе прво вакво искуство сепак сега кога добив сум донекаде порелаксирана... се надевам се ќе биде во ред
Вчера со дечко ми ни се случи мала незгода,кондомот се извадил и он сврши надвор (како и секогаш) но од спермата ми летнало на задникот,јас од паника да не ми влегло нешто од спермата после 1саат испив Норлево иначе вчера ми беше 22ден од последната менструација а веке ги имав симптомите дека ке добијам (подуван стомак,болки во градите,ми се исфрла лицето итн како и секогаш што ми се појавуваат пред да добијам) и сеа уште ми е страв да не останам бремена.Додека да ми дојде менструација сеа ке полудам од грижи.Има ли шанси за бременост??
Штом си испила Норлево нема место за паника. Внимавај за другпат, зошто ми се чини дека и овој пат си го испила беспотребно.
И пак јас досадната... Пред 2 дена пак добив ако може да се нарече тоа добиено по една капка дневно или малце кафеав исцедок... јајниците ме болат како и обично... се е нормално освен тоа што во рок од 3 недели добивам 2 пати... и тоа толку малку што не можам ни да кажам дека имам добиено... Дали е можно ова да е ефект на Норлевото... Не знам што да правам...
Што не направи еден тест за секој случај? Мада не ми се верува да си трудна. Јас кога испив апче еден месец не ми дојде, само имав ептен кафеав исцедок. бев на гинеколог и ми рекоа дека е ефект од апчето, па следниот месец ми дојде. Зависи кај кој каков ефект има апчето... А да си отидеш на гинеколог и еден преглед да си направиш?