Pa vaka lugje, na 8mi avgust mi pukna kondomot so devojkata i posle 18 casa taa ispi norlevo. Problemot e sto i dojde 3-4 dena posle toa ( a pred toa i projde otprilika na 7mi avgust ) a denes na 24ti avgust mi kazuva deka pak i doslo, odnosno krvari. Inace ima 16 godini. Utre ke kupam test za bremenost no bi sakal da slusnam sto vie mislite za toa, dali e normalno da i doadja sekoja nedela posle toj odnos. Odnapred blagodaram
Ако имала циклус на почетокот на месецот па и дошло сега-по мене не е ништо страшно.Генерално Норлево-то не го пореметува циклусот и после испиената таблета треба да си добие во нормалниот термин. Сепак испила хормон + стресови = веројатно затоа и дошло порано. Направете си тест во секој случај.
Можно е некој хормон да се мрднал , сепак апчето има голема концентрација на хормони во него , дошло до некој дисбаланс во телото па ќе му треба време да се врати во нормала , да се среди. Доколку продолжи така мора да иде на лекар да видат што и како е
Денес имав однос со дечко ми но ни пукна кондомот. Отидовме одма во зегин што работи 24/7 но не ми дадоа под изговор дека ми треба рецепта. Потоа купив од друга аптека и го испив после 7-8 саати но не е тоа битно, поентата е што имав веќе добиено и еве сеуште продолжува да ми тече и откако го испив апчето.. би требало да значи тоа нешто или ?
со оглед на тоа што ова е единствена тема од овој тип во форумов, ќе прашам, дали НорЛево е ефикасен за време на менструација? Јас го зедов на вториот ден откако почнав да крварам, и циклусот ми продолжи, со таа ралика што крварам малку повеќе од вообичаено. Тука прочитав дека не е ефикасно доколку го испиеш за време на менстурација. Фала.
Ефикасно е норлевото и за време на менструацијата, исто толку како кога се зема и друг пат, зависи од тоа да се земе со време после незаштитен однос. Ефикасноста не му се мери со промената на количината од мензис.
Ок, пошто барав насекаде низ форуми, се консултирав со онлајн гинеколози, кои се разбира- не ти враќаат во солидно време, и на неколку пати видов мислења дека Норлево не било ефикасно за време на менстурација.
Пред неполн месец го испив апчето...добив пред 3 дена но никогаш досега ми се нема десено толку многу да крварам и болки во стомакот кои не се издржливи..пијам кетонал секој ден што не е нормално..ве молам за помош !!
Да, не е нормално да пиеш кетонал секој ден- јас имам многу болна менструација, ме болат јајниците и кичмата па едно кетонал завршува работа... Најверојатно тоа е некоја нус- појава на апчето- УШТЕ УТРЕ ОДИ НА ГИНЕКОЛОГ, ние тука на форумот не можеме да направиме ама баш ништо!!!
А дали ве болеа градите после апчето? Поминаа 9 дена откако го испив, и сеуште ми се подуени и ме болат, како пред добивање на циклус, а не треба да добијам, заради тоа што апчето го испив додека имав менструација и ми заврши пре некое време.
Кога се појавуваат ефектите од апчето, го испив денеска предпладне и сега за сега само половината по малку ме боли, но ништо посбено. дали е можно само со тоа да поминам?
Мене ме интересира дали апчево е уште у дефицит, и дали на повеќето места бараат рецепта како што е во последниве неколку месеци колку што имам слушано. Уште ли за трето дете се бориме?