ни се скина кондомот и јас свршив внатре веднаш после пола сат испи норлеово еве веќе има поминато близу 24 часа како го испи не осеќа ништо само кога го испи после 2-3 сааати и се гадеше малце и главата ја болеше но помина а терминот за добивање и е сега околу 11ти дали е тоа нормално или треба поинаку да реагира инаку ги има симптомите за добивање ја болат градите , стомакот и е надуен ја боли...
Имам еден проблем......Со дечко ми имавме незаштитен однос,беше ризичен однос,бидејки малку ејакулираше во мене од страв да не останам трудна испив Норлево,но ми кажаа да испијам 2 таблети норлево,а по форумов читам дека требало една.(една е доволна) ........ после тоа имаме односи се со кондоми, но четири недели по ризичниот ондос - имавме односи со кондом,но кондомот пукнал и спермата заврши во мене ( за жал ), од паника пак земав норлево без да знае дечко ми..биддејки ми беше страв......Дали е штето за толку краток период да се испијат 3 таблети Норлево,и какви последици има,бидејки таму пишува 2 годишно///Ве молам за помош...бидејќи многу се нервирам што испив толку таблети за краток временски период....Благодарам
^ Кој ти кажа да испиеш две норлево наеднаш? Едно апче се пие, затоа и едно е спакувано и како едно се продава. Кога купи две од аптека, ништо не ти рече аптекарката? Не ти спомна барем дека едно се пие? Во самото упатство пишува дека не е препорачливо да се пие норлево за период помал од 6 месеци, а ти за еден месец три си испила Хормонска бомба е тоа, може многу работи да се искомплицираат. Консултирај се со лекар обавезно!
Оф лелееее, ова не си смеела да го направиш. Ако имаш навистина 25 години многу работи треба да ти се доволно јасни за да не дозволиш вакво нешто. Мораш под итно да се посоветуваш со гинеколог, иако штетата е веќе направена. И што е најлошо, зашто си пиела апче скришно од дечко ти? И да си се напила едно првиот пат, вториот пат не си смеела, а не па вака... зашто толку се плашиш од бременост, 25 години не се малку за женско, ризикуваш хормонски хаос само за да не останеш бремена. Втор пат за краток период ти се случува, можеби така треба да биде, не помисли и на тоа?
Наредната недела имам закажано на лекар,бидејќи лекарот не ми е тука,а неможам да чекам до тогаш и затоа ви пишав вас, да ми кажете ваше мислење.....Па една другарка пила и ми кажа дека требало две да има апчиња, настана недоразбирање таа зборувала за старопакување, кога се освестив јас да прашам други / веќе ги испив апчињата,Јас незнаев какви се тиа апчиња,знаев дека таа пиеше и ми рече треба две да има...офф лелелееее...Умрев од нервоза и незнам што може да се случи....Во секој случај многу ви Благодарм.
тие што имате користено Норлево дали имате осетено некои промени после подолг период од неговата употреба? пр после 3 месеци, како промени во градите , болки, видливи вени и сл ?
Нема шанси тоа да ти е Норлево. Норлево знае да направи хормонален дисбаланси пореметување ама нема никаква врска со видливи вени после 100 год.
Здраво на сите феминки сакам да ве прашам нешто...од кога го испивте апчето после колкѕ време имавте пак односи...и дали ви се има случено од кога го испивте да ве тера на плачење да бидете тажни...поздрав до сите...
Хормони, ништо ако ти се плаче. А секс после пиењето на апчето, никако барем наредните 5 години(очигледно). Поздрав
Норлево можат да се купат без рецепт и ништо не би требало да ви наштетат ако не ги пиете повеќе од два пати во годината (или еднаш на шест месеци). Секако дека малце ви ги бунат хормоните, бидејќи мора да е навистина јако апчето за да превентира бременост, но тоа е тоа. Јас лично не би се осмелила да пијам такво нешто.
После колку време одкога го испиеш апчето ке може пак да имаш односи??? дали ке може да се пие друго апче пример кафетин менструал ако се случи да имаш големи болки
Девојче, те зафркавав. Можеш да имаш односи уште веднаш, ама земи си кондоми да ти се при рака за нареден пат. Млади сте да се бомбардирате со вакви хормони, затоа гледај друг пат да не ти притреба апчето. Смееш да пиеш апчиња против болки, нема да имаат ефект на норлевото.
Некој вели 1 недела најмалку да не се помисли на односи некој вели 2-3 дена... за тоа прашувам и многу ми е страв за понатамо немој да има некакви проблеми за во иднина на деца и слично....позз ти благодарам
Дечки ве молам за совет. Ми заврши во петокот. Обично ми трае 5 дена. Во петокот имавме односи со дечко ми и пукна кондомот а тој маалце сврши во мене (но битно сврши). Јас бев исплашена иако ми беше 5ти ден но веќе немаше крв. Земав апче (Norlevo) наредниот ден сабајлината и го испив во првите 12 часа (нели тогаш најмногу делува). Сега читам по форумов дека не требало да имам односи неколку дена а јас имав односи во неделата и вторникот (заштитени бевме). Вчера почнав да крварам сабајлината. Ме болеше стомакот и половината како да имам менструација и многу се исплашив затоа што ми заврши пред 6 дена. Еве денес сеуште имам,крварам и имам помали болки но навистина не знам што ми е. Прв пат го пијам апчето и ми е страв да не сум оштетила нешто. Некои хормонални оштетувања.
Не е точно тоа дека не треба да имаш односи една недела, нема никаква врска само треба во наредните шест месеци да не се напиеш повторно од апчето затоа што сепак се хормони и може да направи некое хормонско пореметување. Јас исто имам еднаш пиено но за среќа немав никакви последици исто како и да не сум го примала, но доколку го прочита упатсвото сигурно забележа дека едно од несаканите дејсвија е крварење или прерано доаѓање на менструација така да мислам дека не би требало да имаш некои посериозни последици.Не се секирај