Сето тоа е во ред и до некаде ме теши, но што ако не добијам денес или утре? Тоа ме плаши мене, ретко кога ми касни обично си добивам на 25 дена е сеа незнам
Па требаше уште вечерта... ама од паника не земамвме... утре прва работа до аптека ке тркнеме... не мислиме родители на млади години [/quote] Не ти треба норлево ке ти дојде утре без потреба ек го земаш нем ашанси да биде полоден ден ден пред да добиеш веке одамна е прсната јајце клетката така да друг пат повеке да внимавате и немора да свршува внатре иако има кондом[/quote] Сето тоа е во ред и до некаде ме теши, но што ако не добијам денес или утре? Тоа ме плаши мене, ретко кога ми касни обично си добивам на 25 дена е сеа незнам [/quote] ако имаш секој месец циклус на 28-28 дена тогаш некаде на средина ти е овулацијата кај 12-18 ден преку сила не се трупај хормони ке добиеш без гајле
Чисто информативно, фирмата што го прави Норлево рекле дека ако си над одредена тежина (176lb или околу 80kg), можно е апчето да не функционира. http://www.youtube.com/watch?v=Vxrsrjb3iEU
Дечки работава не е на арно Го пишав погоре мојот проблем Значи белјата се случи на 29ти вечерта... а јас требаше до 1 да добијам.... ама пошто не добив... на 1ви се напив Норлево И еве 6ти е денеска јас уште немам добиено... можно ли е да сум трудна?
Е па норлевото најубаво дејствува во првите 24 часа,а понатаму дејството се намалува.А од 29 до први поминале најмалку 48 часа,колку повеќе време поминува толку повеќе се нмалуваат шансите да дејствува норлевото.Направи си еден од раните тестови преку крв за да бидеш сигурна дали си или не си бремена.
Ако на 29ти се случило тоа, а ти си требала да добиеш до 1ви, според рачунки тоа ти се неплодни денови. Тогаш шансите се мали да останеш трудна. Инаку може и од апчето да ти касни. Сепак тоа се хормони, секој организам различно го поднесува. А може и од стрес или пак што си испаничена дека можеби си трудна па затоа да ти касни. Позз
драво девојки Се напив норлево пред околу 2-3 недели околу 15 часа по односот. Добив 4 дена порано ама не е истото. Всушност еден ден имам многу, другиот ден многу малку скоро воопшто. Крвта е и многу бледа, нормално ли е ова? Имам и вртоглавици, болки во грбот и гадење на моменти. Се мислам сепак да направам тест кога ќе заврши крварењето во целост. Какви се вашите искуства, ве молам одговорете ми веќе сум очајна....
Двојки да ви се пофалам добив во саботата и сега сум раат ... Ама претходните 8 дена пекол беше... проверував по 30 пати на ден и немаше ништо Плус додатен притисок од дечко ми имав кој секој ден ме прашуваше ДОБИ ЛИ? (срце ми е дечкото, рече епа злато аако не добиеш јас ке те зеам кај мене и заедно синот ке си го гледаме, секако знаевме дека нема ништо ама пак самотото тоа што се случи е стрес и за двајцата) И после тоа во саботата моиве отидоа надвор од ск и ние си се опуштивме максимално,си имавме однос и оп ете добив- викам тоа е лекот
Несакани ефекти на Norlevo може да вклучуваат гастро-интестинални нарушувања, промени во апетитот и телесната тежина, задршка на течности, едем, акни, алергиски реакции на кожата, уртикарија, ментална депресија, промени кај градите вклучувајќи непријатност или поретко гинекомастија, промени на либидото , губење на косата или хирзутизам, замор, поспаност или несоница, треска, главоболка, предменструален синдром-како симптоми, променет менструален циклус или неправилно менструално крварење. Анафилакса или анафилактоидни реакции може да се случи поретко. . Следниот менструален циклус може да се случи порано или подоцна од вообичаеното. На сите настани треба да ја посетите вашиот лекар 3 недели по преземањето Norlevo без оглед на тоа дали крварење се случиле или не. дали мислите дека некои од овие пореметувања може да траат и до 3-4 месеци од земањето на норлево? (како задржување на течности,промени во градите и сл)
Драги мои феминки ,сакам да ви кажам дека кога го пиев апчето немав никакви симптоми како што пишува...ни имав некакво крварење ни имав некакви други проблеми,болки... Менструација ми дојде на време како и секогаш,сега и овој месец на време...така да на секој различно...поздрав до сите
Да споделам искуство со Норлево. Пред две недели ни пукна кондом на мене и дечко ми и видовме дури кога веќе беше касно. Бев во плодни денови и се избезумив. Се напив Норлево 2 часа после односот, немав никакви контраиндикации од апчето, исто како и претходните 2-3 пати кога имам пиено. Иако се напив апче, многу ми беше страв да не останам бремена, читав дека 1-2 од 100 жени забремениле и по негово земање. Денес добив, ми подрани 1 ден, што ми се случува чат-пат и без Норлево. Никакви други промени не чувствувам. Така да, не паничете кога ќе земете Норлево, а сте имале ризичен секс во неплодни денови. Штом сте се напиле заштитени сте. Јас бев во плодни денови, па ете си делува апчето и ништо не се случи.
Здраво феминки. Имам едно прашање до вас,значи вчера имав секс со кондом ама ни пукна и испив норлево апче по 20минути некаде а пред тоа пиев апчиња примолут нор за одложување на менструацијата и сношти прекинав да ги пијам а од кога го испив норлево се чуствувам како уморена омалаксана ми се мели во главата дали некој знае дали апчето делува зошто досега немам искрвавено ај ве молам за помошшш
Ти девојче хаос си му направила на хормонскиот статус. Хормонална бомба! Каква омалаксаност, какво мелење во главата, под итно на гинеколог, еден ден ќе се каете што му приредувате вакви нарушувања на организмот само за лично задоволство или задоволство на партнерот. Што нема да чујам и прочитам.
Значи јас побарав помош а не осудување апчињата примолут нор ги пијав само за да ја одложам менс.како што погоре наведов јас не знаев дека ќе пукне кондомот.Значи ако можи некој да ми даде одговор а не осудување зошто тоа во моментов ми е најмалце потребно-Осудување
Добро де Лавли, па немора веднаш да ја напаѓаш, никој не е тука компетентен да и суди, ниту јас, ни ти, така да стварно не ве сваќам кога ке почнете со муабети од типот "куку леле, па ти они, па ти ова, што си направила, нека те голтне земја" и сл. И се случило што се случило и бара совет, помош. И јас сум за строго пазење и претпазливост, посебно во ситуацијава погоре, голема неодговорност и незрелост, но сепак може и без осудувачки пристап Инаку тања отиди на гинеколог најубаво, овдека совет што ке ти помогне мислам дека неможеш да добише, сепак е озбилна работа што не е за на фемина. Ти се случило, но немој да дозволиш да се повтори, отиди на гинеколог ке се среди ситуацијата, немој да се нервираш само, знам дека е тешко да седиш мирна, нервозата може да ти придонесе само за полошо.
Жалосно е што се повеќе „лекови“ им се достапни на младите кои или од страв или од незнаење ги зло употребуваат. Тоа е случајов и со овие апчиња за ден потоа, кои секако дека се повеќе штетни отколку корисни. Јас ги сваќам младите дека ги фаќа паника кога ќе се случи такво нешто како пукање кондом, или ненадејна ејакулација, но сепак треба добро да размислат дали да ги користат овие „лекови“ и колку често. Мој совет е да се преземат сите потребни превентивни мерки да не дојдете во ситуација да морате да ги користите овие препарати. Неможам да сфатам кога ќе каже девојка, не користиме кондом затоа што му верувам на дечко ми. Му веруватеш и на сопствениот газ, но и тој знае да ве зезне кога најмалку очекувате. Не ја ставајте сопствената судина во рацете на партнерот, колку и да му верувате, преземете нешто и вие а не само да се водите од она, мене тоа неможе да ми се случи. Најчесто до пукање на кондомот доага доколку е со несоодветен квалитет, и што е многу по чест случај, од неправино чување, по џебови, новчаници, изложен на високи температури.... Според мене ништо не е страшно кондомите да ги купува или барем чува девојката, затоа што познато е дека ние жените сме по марливи од мажите. Подобро е 1 неделно сигурен секс отколку 5 пати секс кој ќе ви го скратува жиотот секој месец дали ќе добиете или не.
Се извинувам ако звучеше како осудување, тоа јас и одбегнувам да го правам на форумов и им замерувам на оние што го прават (а ги има многу), меѓутоа јас многу се плашам од такви пореметувања и избегнувам секаков вид на хормонски апчиња (доколку не морам, а фала богу не сум морала), па кога прочитав дека си ги измешала тие две ми удри во глава. И ти дадов совет, а советот е да си се консултираш со гинеколог обавезно, а ако можеш и направи една проверка на хормонален статус, преку крв. Поздрав.