Девојки ,гледам многу чекате да искрварите Па и глупости во смисол дека тие што крвареле им се фатило и апчето завршило работа Тоа е НЕСАКАНО ДЕЈСТВО од апчето ,исто како и вртоглавици ,пореметување на менструалниот циклус и ред други кои си ги има наведени во упаството .. Инаку апчето би требало да фукнкционира така што ќе си добиете циклус како што нормално си добивате . Се друго е нескано дејство и би требало да се консултирате со лекар доколку ги има .. И ова не е најубаво решение , може и да не е ефикасно ,а доколку веќе настанала бременост апчето нема да помогне.. Затоа памет во глава Ви се чудам на храброста да пиете неколку пати годишно ,ако веќе сте се нашле во таква ситуација еднаш па би требало да се уозбилите и да се однесувате подговорно .. Сепак се работи за ваше здравје , манете што сака дечкото и како му е поубаво . Спојлер Значи презерватив комбиниран со pull out метод
Значи јас апчето норлево го имам користено 2 пати најмногу значи ова е втор пат а првиот пат беше пред неколку години значи беше неопходно и сега сум многу подобро немам ни вртоглавици ни ништо а бременост не верувам дека е настаната бидејќи апчето го испив по 20 мин одкако имав однос.Сепак фала на одговорот мимии
Ни јас не сум користела, од форумов дознав за нив ама како што читам овде, околу 500-600 денари е, едно апче внатре си има секако.
ти благодарам за информацијата, не сум ги користела и нема ни да ги користам никогаш, во ова време има мнору начини да се спречи несакана бременост, само прашање е изборот кој како сака...
Јас норлево земав во мај месец, прв пат во животот, а во јули пиев примолут нор за одложување на циклусот. Мислам дека одкако ги пиев примолут нор све ми се поремети, пмс симптоми 10 дена пред да ми дојде, влакната на нозе и раце чудно ми растат. А норлевото кога го испив немав никакви симптоми, ниту вртоглавици и пореметување на циклусот. Но секој организам различно го поднесува.
Феминки денеска направив тест и излезе негативен сепак мислам дека нема ништо само што сум нервозна секако од апчињата примолут нор ќе ми доцни еве денеска поминаја 3 дена одкако престанав да ги пијам се надевам дека ќе добијам набрзо
Јас одкако ги прекинав апчињата, 3тиот ден ми дојде. Немав болки, ми траеше 5 дена и не крварев обилно (како секој пат кога ми доаѓа). Но не сум во план да ги пијам нареден пат, освен ако не ми ги препише гинеколог.
Ги пиела за да не добие, затоа и имав напишано во претходниот пост дека за обичен ќеиф го пореметуваат организмот, ама секој си има право на избор секако. Јас ги имам еднаш пиено затоа што не добивав и откако ги прекинав по 3 дена добив. Фала богу немав никакви несакани ефекти, но имав многу пообилна менструација и страшни менструални болки кои не се поднесуваа и ни со две испиени аналгетици не се намалија. Буквално се виткав од болка, а инаку јас имам целосно безболна менструација. И да, никогаш повеќе не би ги пиела, колку сака нека ми доцни и кога добијам нека добијам, природно си е природно, не сакам да му наштетувам на организмот без потреба.
имаш право, хормонскиве таблети се пијат во случај кога едноставно мораш затоа што неможат некои пореметувања во организмот поинаку да се средат, значи само ако гинеколог ти ги препише и треба претпазливо да биде, хормоните не се играчка работа, лесно можат да се развијат хормонални пореметувања затоа треба да се биде претпазлив, ако ги пореметиш тогаш тешко ке ги доведеш во нормала.....не се бонбони апчињава -хормони се....не се земаат кога ке ни текне, кога ке посакаме...треба да се мисли малку за во иднина....може и компликации и несакани ефекти да има
Nemam nikakvi problemi gi piev samo za da ja odlozam menstruacijata bidejki.tocno za nova godina trebase da imam samo zaradi toa
Zdravo jas sum nova na sajtot pa posto procitav site sto ste napisale i kakvi mislenja ste imale sakam da ve prasam za sovet.Jas pred nekolku dena imvme so deckomi odnosi i mi svrsi pola vnatre pola nadvor i jas duri sega doznav za tia apcinja sto se pijat.Ako moze nekoj da mi kaze dali moze tia apcinja da se pijat posle 72 casa ili ako ima nekoi drugi da mi kaze.VE MOLAM ZA POMOS I SOVET DA MI KAZITE!!!
Пола надвор, пола внатре, пола ваму таму... Не нема апчина за после 72 часа, туку треба да има памет во глава! Прв совет порасни, па имај секс, очигледно сеуште си за играчки под елка. Се извинувам ако бев сурова, ако те навредив, но навистина морав вака да изреагирам. За години не прашувам, знам дека ке се уплашам. Ништо ке направиш тест и ке видиш какви се резултатите, во случај да си бремена никако кажување на дечко ти, само на твоите родители
Ги пиеше само зашто на нова година требаше да имаш менструација?!?!?! Ги пиеше на своја рака од бес? Без да се консултираш со гинеколог? Браво, не знам што друго да ти кажам. Освен да ти посакам многу здравје со вакви екскурзии што му ги правиш на организмот. Јас не знам како вака сте неодговорни за своето здравје. Посебно па за овој дел од организмот. Па нели еден ден ќе треба да бидете мајки, зарем не мислите на тоа. Зарем не проработува во вас тоа чувство на грижа на совест? Зарем не се прашувате што ако си наштетите? Така е ова мислите мачкина кашлица. Па јас за едно кафетин менструал се мислам буквално 10 пати дали да се напијам едно во месецот, а не редовно вакви изненадувања на организмот да му приредувам. Па знаете кои шокови се ова за цел репродуктивен систем? Има хормони кои не сакате да знаете што може да се случи ако дојде до нивни дисбаланс, ќе не можете да се оправите со години. Е тек тогаш ќе треба да се клукате со апчиња. Ццц, не знам, не ми се верува, запрепастена сум значи што читам, посебно во оваа тема. Кога ќе прочитам се напила апче во мај, па јули, па дечко и' пак свршил во неа па пак се напила во декември. Играчки си играат. Си се опуштаат зашто знаат дека нема да останат бремени со тоа апче и на секое пиј само. Ќе речеш имаме интернет, се' на дофат, може да се информираме за секоја област, а ние се' тоа во обратна насока го искористуваме. Освестете се на време да не ви биде касно зашто после и да ја удрите главата од некоја ивица малку ќе ви биде. Бидете одговорни. Седнете и читајте. Како што дремете овде на форумов и поставувате прашања на темава, истото време искористете го за да се информирате. Тој до вас што дреме и што го нарекувате дечко и на него да му отпеете една. Ако не знае да се воздржи и ако не знае кога да се тргне на време има да си стави кондом и да се трга 15 минути пред да сврши. А не уште на темата "Секс без кондом" читам зафрканции, исто било како да лижеш сладолед преку стакло, а не ви држи (да ми простите на изразов) г**от, па после пиете апчиња секој месец. Срамота е. Ама сами на себе си наштетувате, јас дрндам овде, вие од утре пак по старо и никому ништо. Ама вие ќе си имате последици, никој друг. Ова најдобронамерно ви го пишувам (колку и да изгледа осудувачки) на тие што ќе се пронајдат во мојов пост, си се знаете, кој сфати-премногу ќе ми биде мило, а кој не сфати, тоа е, јас се обидов.
Day Dream sekoj si ima svoe mislenje sajtov e za pomos a ne za osuduvanje a ako imas ti vo sebe nekoja lutina ili nervoza te molam isfrlija na drug nacin a ne ovde da se prideruvas i da kazuvas a pred se da osuduvas mozebi ne si se nasla vo takva situacija zatoa i kazuvas nikoj ne planira da mu pukne kondomot znaci seto toa e neisplanirano ako nekogas se najdis vo vakva situacija togas ke si go postavis istoto prasanje kako i ovde tie sto baraat pomos na ovoj sajt znaci ako sakas da pomognis ok a za osuduvanje ima 1000000 licnosti na ovoj svet i toa e najmalce potrebno na nekoj koj sto se najduva vo takva situacija znaci ovde barame pomos a ne OSUDUVANJE
Не бидете сурови веднаш, девојчето бара совет. Ако поминале повеќе од 72 часа е касно. Се надевам дека не станало ништо лошо Ако не си сигурна земи тест Sure Check мислам дека најбрзо ќе ти покаже дали си забременила. И мене не ми се допадна тоа што дечко ти туку така неодговорно си се однесува, сигурно задоволството му било поважно Штом не е сигурен секогаш користете кондом. Мене не ми е јасно зошто НЕ користете (зборувам општо не само за вас). Подобро е? Јас мислам дека не е. Подобро така и да ви биде мирна главата отколку вака секој пат да имате нервози и грижи.