1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Апче за ден потоа

Дискусија во 'Бременост' започната од Barbie.Girl, 30 март 2010.

  1. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    48.355
    Пол:
    Женски
    Мислењето на Дејдрим воопшто не е резултат на фрустрација и солење памет него издржан совет кој треба да ве замисли и да ви влее памет во главата дека за секој наш хир не треба да го реметите организмот. И јас добив точно дента на Нова година.Ми идеше да се пукнам у колено од мака бидејки ми дојде 3 дена порано,а си ја имав испланирано таа вечер а и тој ден до детаљ.Што во славење што за интимни моменти со дечко ми.И што требаше да напраам ?!? Да се наклукам со хормони само затоа што јас имав план да имам секс баш на тој ден или затоа што не сакав да ме боли стомак и да се тресам да не ми протече црвената тетка на новиот фустан?!?

    Крајна неодговорност е вашето.Ги пиете за што ви текне.Ке плачете ама касно ке ви биде.Задравјето е едно а Нови години ке има уште 100. Едно е да пукне кондом боже мој и тоа се случува и да оправдувам во тој случај конзумирање на ден потоа но некој да ги пие како бомбони затоа што не сака на Нова година да има добиено или упорно дечкото несовесно свршува во нејзе за мене е малоумност и бес.
     
    На makedonkamak, Lovely93, Marossa и 3 други им се допаѓа ова.
  2. emmy.emy

    emmy.emy Нов член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Здраво феминки нова сум на форумов и сакам да споделам искуство со вас. До сега два пати сум пиела Норлево и во двата случаи имавме незгода со пукнат кондом :?: Првиот пат пред 2 години имавме однос 1-2 денови после овулација, а апчето го испив после 14 часа. Имав болки во стомакот, малку ми беше лошо, но добив точно на денот кога требаше и после тоа се беше во ред. Вториот пат пред 2 месеци пак пукна кондом јбг :$ Односот беше во 12 ден од циклусот значи 2-3 денови пред да настане овулација. Се напив Норлево после 9 часови. Имав крварење на шестиот ден откако го испив апчето, траеше неколку денови (слично како менструација), имав и болки во половината и стомакот (како пред да добијам) и ми се лошеше, но не многу. Добив еден ден порано. После тоа никакви симптоми, никакво пореметување, се си беше најнормално. Тестот после 21 ден негативен и нормално проверка на гинеколог. :)

    Ги читав повеќето мислења и нормално сите сме различни, па секоја има различни симптоми. За крварењето може, но и не мора да се случи тоа е секако несакан ефект од апчето. Но, дали ќе се јави крварење не зависи од тоа дали се "фатило" или не како што некаде прочитав, туку од тоа во кој ден од циклусот сте биле кога сте го испиле апчето за ден потоа. Ако го испиете пред да настане овулација тогаш ќе се "помести" овулацијата за некој ден и притоа може да дојде до крварење (кое не би требало да трае предолго и да биде обилно), а ако апчето го испиете после овулација, тогаш не би требало да има крварење.

    Сепак сите сме различни и кај сите различно делува, но најдобро е да не се игра со хормоните зошто дури и да немате никакви несакани ефекти од апчето, тоа претставува шок за организмот и би требало да се пие само ако навистина е потребно. Поздрав до сите и се надевам дека некому помогнав :)
     
    На BabyStyle и UnknownGirl им се допаѓа ова.
  3. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Многу сте свилени да ви кажам, очигледно никој до сега ви нема залепено вербален или виртуелен шамар за освестување и враќање во реалноста. За иронијата да е поголема јас ви зборам за ваше добро, а вие сте тие кои сте "дубоко увреџени". И немој молимте не ми продавај муабети дека на секој може да му се случи. Барем мене не може да ми се случи случајно да пијам апчиња за одложување на менструацијата. Што е тука случајноста? Се' свесно си правите, па после некој друг ви е крив и некој друг ве осудува. Бре, бре.. Може на секој да му се случи еднаш да пукне кондом, во ред, и ако убаво го прочиташе мојот пост, како што не го прочита, ќе сфатеше дека јас не ни зборев за тие девојки. Јас зборев за оние кои што два пати, па и три пати во рок од помалку од една година си го конзумираат, и да, тоа може да се случи само на крајно неодговорни луѓе. Зашто ги мрзи до гинеколог да си отидат и да им препишат соодветни контрацептивни апчиња кога веќе дотичниот им дечко не се грижи за нивното здравје. И уште кога ќе видам дека тие истите имаат над 20 години ми се темни пред очи.

    Ама добро, ако, нека бидам јас и осудувач, и нервозна и не знам ти што, утре вие ќе си ја лупате главата нема јас. Како и да е, искрено ви посакувам се најдобро.
     
    На imelda, makedonkamak, francais и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Според мене Daydream никој не осудува туку отвора очи. И јас пиев еднаш норлево. Да, ни пукна кондомот, ама од тогаш памет во глава. Нели сме жени, утре деца треба да раѓаме. Пиеме вакви пачиња, онакви и на крај се чудеме зошто не можеме да имаме деца. Е во старо време оти немало апче за ден потоа, апчиња за контрацепција затоа и раѓале по 5-6 деца здрави и живи. А дечко што не се грижи за здравјето на девојката и за последиците што може да ги има, за мене не е дечко. Исто имам пиено апчиња за одложување на циклусот, но никогаш повеќе. Знам дека сите сакаме убаво да си поминеме во тие денови кога сме на одмор, нова година, но подобро ќе си носам улошка отколку после да одам по лекари, да пијам апчиња за смирување на хормони и утре да се чудам зошто не можам да останам бремена. Се изгорев еднаш и со норлевото и со примолут нор, но никогаш повеќе. Сакам утре мајка да бидам и да родам здрави деца. Позз и од мене
     
  5. UnknownGirl

    UnknownGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    6
    Само ме интересира зошто свршил пола внатре пола надвор??? Што мислел...ни ваму ни таму...Очигледно дечкото не е доволно искусен па си експериментира! Не би требало тоа да му го дозволиш никогаш повеќе. На крај краева користете кондом не си играјте играчки..доколку несакате на млади години да имате деца :)
    А апчињата се пијат најмногу до 72 час од половиот однос. Секако најфункционални се доколку се испијат во првите 24 часа.
    Поздрав и направи си тест ;)
     
  6. raven6

    raven6 Нов член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    здраво девојки
    имам едно прашање во врска со апчето за ден потоа.
    кондомот се скина , он немаше свршено али од пусти страв зедов Норлево.
    го испив во првиот час .. се беше ок.. .. али до вечерта ме заболеа јајниците
    го прочитав упатството во него пишуваше дека тоа е еден од нормалните симптоми кои ги носи апчето..
    еве веќе 3 дена јајниците ме наболнуваат незнам дали поради апчето или поради тоа што сум во овулација
    и згора над се .... сабајлево кога идев по мала нужда осетив печење при мокрење..
    доколку има некој со слично искуство ќе ве молам за совет.
    ви благодарам :*
     
  7. chocolatesighs

    chocolatesighs Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    Ми треба итен совет. Имавме односи без кондом со дечко ми, тој сврши надвор, ама се сомнева да не случајно има останато нешто во каналот, па не сум сигурна дали да пијам апче. Иначе денес треба да добијам, ама имало месеци и многу да ми касни, понекогаш неколку недели дури. А, не ми се плодни денови, и не знам што да правам. ПАНИЧАМ, помош?
     
  8. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.482
    може и дечко ти е паничар. јас не би пиела на твое место-сепак се работи за огромен хормонски потрес после апчето,па уште ако е за џабе ...
     
    На chocolatesighs му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MarijaPetrovska1

    MarijaPetrovska1 Нов член

    Се зачлени на:
    25 декември 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Како се викаат апчињата за ден потоа, каде може да ги набавам и колку пари се? Ве молам за одговор итно ми е многу :(
     
  10. DzakSa

    DzakSa Активен член

    Се зачлени на:
    21 август 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    ..Norlevo...okolu 500den vo sekoja apteka..kazi samo anti bebe pilula ;)
     
  11. MarijaPetrovska1

    MarijaPetrovska1 Нов член

    Се зачлени на:
    25 декември 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Без рецепта се?
     
  12. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.578
    Допаѓања:
    40.005
    Пол:
    Женски
    Некаде ја даваат без ама во повеќето места бараат рецепта.
     
  13. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Е ова не сум знаела. :D Зар ако направиш беља треба да трчаш кај матичен да му речеш дај ми рецепт ни се згреши со дечко ми? :lol: Врз основа на што ќе ти го даде ако гледаме така.... глупости, јас мислам дека не треба да бараат рецепта. Ама секако мене ми е сеедно, ни сум пиела ни ќе пијам такво нешто. :)
     
  14. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.578
    Допаѓања:
    40.005
    Пол:
    Женски
    Знам се идеше во државна на гинекологија, таму даваа рецепт.
    Тоа е веројатно зошто доста е штетно да се пијат.
    Ионака не смее во 6 месеци повторно да се пие.
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Знам сум чула дека повеќе од два пати годишно не смее.... ама јас искрено не би се осмелила ни еднаш годишно. :) Боље спречити него лечити. :D
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. 123445

    123445 Нов член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Вака значи,да се навратам на темава,со дечко ми имавме секс пред скоро една недела,не сврши ни ништо,ама пак ни беше страв поради precum.Скоро цело време имаше кондом но крај го извади, мислам дека не беше добро наместен.Како што реков не сврши ама пак ни беше страв и по скоро 24 часа земавме NorLevo,утрото потоа,апчињата,т.е едно апче.Се напив и океј беше се,до денес.Ми се појави крварење,а симптомите на NorLevo кажуваат дека може да има крварење,ама ми се појави скоро недела покасно.А исто така пишува дека може да го премети менструалниот циклус,а за две-три недели би требало да добијам така да многу рано ми изгледа.Сакав ваше мислење,дали може толку касно да се појават симптомите или дали може менструалниот циклус да дојде толку рано? или пак да не има некоја трета верзија со која не сум запознаена? Фала однапред :) :) :)
     
  17. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    ^
    Најди го упатството и прочитај го. И по темава е објаснето доволно пати.
     
  18. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.482
    Во буњаковец не бараат рецепта.
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Епа крварењето ти е несакан ефект на Норлевото всушност. Знам дека не побара мислење, но не можам да се воздржам.... никаква причина не си имала да се напиеш Норлево, да се остануваше од предсемената туку така бремена сите што имаме незаштитени односи ќе бевме бремени. Штом сте толку сигурни дека немало грешка, навистина без причина си се напила, а сега не можеш пак пред 6 месеци. :|
     
  20. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.415
    Допаѓања:
    105.703
    Пол:
    Женски

    На нас пред 3-4 месеца ни се скина кондомот и другиот ден се напив апче норлево,по една недела имав крварење,не ме болеше стомак а траеше околу 5 дена. Потоа нормално добив мензис ама имав мнооогу болки дури и апче кафетин менструал кога се напив и пак ненормално ме болеше стомакот, и си реков друг пат што и да се случи не земам веќе апче :x
     
    На BabyStyle му/ѝ се допаѓа ова.