Најдобро после јадење го испиј, бидејќи ако го повратиш ќе треба да се напиеш пак. А за последиците зависи, не е секој организам ист. Јас немав никакви последици, но што читав тука кај некои се појавува кафеав исцедок.
Благодарам Eleni.S.. Јас апчето го испив после 17 часа од односот (т.е вчера во 5 часот) но немам никакви последици стомакот не ме боли немам главоболка ниту вртоглавица или можеби ќе ми се појави по некој ден.. А треба и да ми дојди на 15 во понеделник. Се надевам се ќе биде во ред.
Чим повратила ,треба да испие уште едно апче. И читајте упаства се си пишува таму,не е само ајде лапни го
Абе кондомот може да пукне, сѐ се случува. Никола, без паника, нека се напие уште едно норлево штом повратила. Колку време помина после ризичниот однос?
Настрана случајот со Nikola001. Читаат и други, па да не дојде до збунка. Не се препорачува конзумација на апчето повеќе пати во текот на еден менструален циклус зашто постои ризик од абнормални крварења.
Да ама пишува ако се поврати апчето да се напие ново. И никола001 памет за друг пат,тоа апче не се препорачува повеќе од еднаш во 6 месеци да се конзумира,значи до 2 апчиња годишно максимум.
Тоа апче не се пие од страв, за превенција. За тоа имате други методи за кои порано треба да мислите.
Абе деца бе, си играте играчки... Зарем секогаш кога ќе ви биде страв ќе пие апче? Тоа е страшно опасно за неа. Можете триста компликации да направите. Ако ви е страв ќе си користите кондом и секогаш навикнувај се и покрај користењето на кондомот да го вадиш надвор пред да свршиш. Со тоа сте 99% заштитени. Велам "99%" зашто се смета дека 100% заштита не постои, освен апстиненција. А сега штом си сигурен дека не си свршил во неа, а она го повратила апчето, не ни мора да пие друго. И не, не е бремена.
Чим не си свршил,не е бремена. Следен пат купи кондоми и нека не ги пие апчињата за без везе бе,дали знаете колку тие апчиња се штетни???Колку се препуни со хормони??Не е само така ај напиј се ,ц ц ц тие апчиња се крајно нешто,више ако нема чаре. А не ако ви е страв па ајде нека се напие. Колку години има девојчето?
Чекај чекај, како тоа се напила Норлево а време е за бебе? Боже боже, не се ова играчки. Или пак ти сакаше да остане бремена а таа не, и сега бараш од нас надеж дека сепак може да биде?
Којзнае ова што го збори дали е вистина или само не знае како да се искаже. Пред неколку месеци напишал дека он има 17 години а девојчето 14 ,ако сметаат дека е време за бебе алал да им е..