Прочитајте го упатството, имаше и за повраќањето во него - после колку време од пиењето ако поврати треба да пие пак затоа што ни ни имало време да дејствува пчето. Ама сега е веќе доцна. Ако не си свршил во неа немате причина за грижа.
Никола001 пријави се во "Време е за бебе" и поздрави не од таму... доста се праиш интересен тука молим те
Девојки да прашам. Го пиев апчево Норлево, и добив некој ден порано од предвидениот термин но веке 10 ти ден крварам и не прекинува. Мислите дека е нормално или треба да си посетам гинеколог?
Веднаш да посетиш гинеколог,10 дена е премногу.Возможно да е некој хормонален дисбаланс,не си играј!! Ист интезитет има крварењето или намалено е?
Доколку крвариш интензивно 10 дена,секако дека не е нормално и треба да посетиш гинеколог. Инаку од норлево можно е да добиеш порано од предвидениот термин,бидејќи е на хормонска основа.
Ист еве не прекинува. Мислев некоја од вас да не имала слично искуство да не паничам без везе. Али секако ке појдам утре на лекар.
А зошто да ги пиеш тие апчиња (во множина и тоа)? Да не си се помешала со контрацепција? Ова ти е апче за ден потоа, потенцирам едно апче кое се пие после односот доколку направите беља, не се пие постојано, а камо ли кога веќе имаш добиено.
вака денеска имавме значи пред 6 сати ... не сум сигурна ама се скина кондомот и при вадењето истече сперма надвор можи и да нема внатре ама за да бидам сигурна ве прашувам ... инаку менструацијата ми е завршена веќем пред 2 дена значи немам циклус ..
^ Може, ама... ако ти завршило пред 2-3 дена ти не си ни била во овулација за да се случи нешто. Ама да не те носам на душа, напиј си се за секој случај и прашај си го гинекологот, во најмала рака фармацевтот за индикациите.
Zdravo devojki.. Znam za Norlevo apchinjata i site negovi nesakani efekti, kako dejstvuva itn itn. Otkako ispiv Norlevo, posle 3-4 dena epten malki pokrvarev a posle isto 3-4 dena dobiv menstuacija i toa po vtor pat! Redovno/normalno dobiv na 5ti April i mi zavrshi na 12ti, e sega dobiv po vtor pat na 21vi! Imavme odnos vo sabota, e sea poshto nema otvorena apteka vo nedela, apcheto go ispiv vo ponedelnikot ( sepak nemashe pominato 72 chasa). Se plasham da ne sum bremena nedaj bozhe imam 19 godini! Ve molam za sovet ili nekoj so slichno/isto iskustvo..
Aко во рок до 72 часа си ја испила таблетата,нема што да паничиш,ама за да ти биде помирна главата,провери си со тест за бременост.(не те разбрав баш добро,по втор пат си земала таблета или ???)
Јас колку што знам, после пиењето на апчето доколку добиеш во регуларен период тогаш значи немало ништо и се е ок, а доколку по неколку дена од пиењето на апчето добиеш-а треба подоцна, како во твојот случај, тогаш значи имало нешто, т.е. се зачнало па поради дејствувањето на апчето се исфрла и се чисти.... Сега не знам баш колку се точни овие информации, јас не можам да потврдам Исто многу влијание има стресот, можно е ако си била под стрес, ако си паничела да не останеш бремена или слично, тоа да предизвика пореметување на циклусот...... Во секој случај најдобро направи си тест за бременост. Јас мислам дека штом си добила, не би требало да си бремена
Δ Дезинформации на големо. Норлевото спречува зачнување, нема врска тоа крварење со имало/немало нешто. Дали ќе има крв пред или после очекуваното време на менструирање зависи во кој период од циклусот е испиено. Тука стрес нема баш влијание, станува збор за хормони, огромна количина на вештачки хормони кои без разлика на вашето расположение ќе работат на телото. Нема да речете, утре ќе не нукнат ама ако се смееме и пееме иф ју ар хапи енд ју но ит, нема да осетиме ништо.