Пилулата може да се земе до 5 дена најкасно после односот, но ако го земеме во предвид и тоа дека името на пилуливе е ДЕН ПОТОА најдобри резултати дава ако се земе најбрзо што може па еве дури до 12 часа после однос.
Јас мислам дека е 72 часа после ризичниот однос, а не 5 дена. Ако станува збор за норлево, а за друго не знам.
дали е можно алергија од норлево да се добие?јас пиев пред 1 месец и сега имам алергија ..дали вас ви се има случено да добиете алергија по пиење на норлево?
Девојки колку чини апчето и може ли да се купи приватно вака? и кажете ми тест за бременост колку време после односот се прави? после недела дена ли како иде тоа?
Јас апчето го купив од кумановска аптека Деметра. Прво се јавив телефонски да прашам дали го имаат и ми рекоа со рецепта само дека го даваат, но кога отидов таму ми рекоа дека така морале да ми кажат преку телефон и не ми ја земаа рецептата. Инаку 500 денари е апчето, а тест за бременост се прави после 2 недели односно 14 дена од ризичниот однос.
Devojki izvinete so pisam na latinica ama nemam kirilica od telefonot a mnogu mi e itno . Taka znaci pisav pred nekoj den ovde (na 126 stranica) , znaci imavme odnos, se skina kondomot, decko mi svrsi vo mene i posle nepolni 5 casa ispiv norlevo. Menstruacijata mi bese zavrsila 2 dena pred odnosot napomenav vo tekstot so go pisav. Imav bolki vo stomakot takvi simptomi kako sto pisuvase vo upatsvoto, napraviv test za bremenost SureCheck posle 4 dena i pokaza negativen, i eve sega 5ti den pred okolu 2 casa si otidov doma i gledam deka sum prokrvarila malo kolicestvo na krv ne e mmogu. Sto treba da znaci toa? Ve molam za pomos! Ovaa nedela planiram da otidam na ginekolog i da proveram sto e rabotata.
Си прокрварила од апчето, без паника. Eleni.S, не мислиш дека малце е рано за тест две недели по ризичниот однос? Тоа може само со еден вид на тест на бременост, ама морав да те поправам да не сфати некој буквално за сите тестови.
Мене гинекологот ми има така кажано, па не знам. Ако не верува на тестови, на крвна слика ќе покаже сигурно.
Истото ми се случи и мене... ова е втор пат како ни пука кондомот ...Пред месец и нешто истото ми се случи, земав норлево и добив менструација на време. Денеска повторно ни пукна кондомот и дечко ми сврши во мене... Повторно се напив норлево, но не знам дали ќе делува...
Ќе делува ама никако не смееш пак да се напиеш во текот на оваа година. И покрај кондом нека не свршува во тебе бе. Или ако сакате свршување внатре, орална контрацепција, трето нема.
Здраво девојки, јас сум малку загрижена од причина што денес имав односи со момче, првиот пат кога сврши пред да сврши го извади од мене, и сврши во кондомот меѓутоа јас бев уште врз него иако не беше во мене, а кондомот се имаше качено малку погоре па ми беше страв да не искочило од таму и влегло во мене иако веќе го имаше извадено пред да сврши. Кондомот го наполнив со вода имаше внатре сперма,а не беше пукнат не истекуваше водата од него. По тој однос имавме уште еднаш, со кондом исто така некои 5-10 минути по завршувањето на првиот однос. Ми беше страв вториот пат да не имало останато сперма на него, од страните препони и слично каде што вториот пат кога го стави кондомот половиот орган се допре. Не знам дали да се напијам Норлеево, менструацијата ми заврши пред 3-4 дена, а паничарка сум голема повеќе за вториот пат да не се допрел кондомот на сперма останата на него и слично. Ве молам за помош и мислење
nema potreba od norleovo, toa ne e obicno apce pa ajde ke se napies toa e samo za urgentni slucai na primer koga ke vi pukne kondomot pa da svrsi vnatre togas samo inaku za tvojot slucaj nema potreba od norleovo pozz
Од страните т.е. на препоните и погоре над пенисот и од страна беше мокар, и се плашев да не е сперма тоа од првиот пат. Кога вториот пат го стави кондомот, половиот орган се допре на тоа место мислам дека и страв ми е да не било сперма па при вториот однос да не влегла во мене. Можеби биле моите вагинални сокови тоа погоре на него, бидејќи првиот пат бев јас врз него. Се плашам, има потреба да се напијам Норлеово? :/
Пред еден месец пиев Норлево, ми дојде циклус на 27 јули. Очекував да ми дојди повторно на 26-27 август - но доцни. Дали е последица на норлевото...или не дај боже друго ???
Здраво, ме интересира вака дали подуен стомак може да е последица на норлево? Пиев на 11.08, немав никакви симптоми. Добив на 16.08-23.08. и имав односи, но не сврши во мене. Меѓутоа стомакот ми е додуен и како водичка чувствувам низ него на моменти. Има ли шанси за некаква бременост и дали е загрижувачки подуениот стомак? Малку сум испаничена. Благодарам многу, поздрав.
Свесни ли сте што му правите на организмот со апчево. Ве читам и се чудам. После секој однос вие пиете апче. Како бе во мое време немаше такво апче, па несканите бремености ги немаше!? Или на 100 една ќе забременеше. Искрено ни секс немаше толку многу. Немојте да ги конзумирате како бомбончиња, по некое време ќе се каете кога ќе сакате да забремените. Вие си знаете.
Далерон, мислиш дека знаат што пијат? Си пијат апченца против бременост, без да прочитат дека е права хормонска бомба , и им прави каша попара со хормоните. Незнам дали никој не ги информира како да се заштитат, ама па при толку достапни извори на информации жално е да не си запознаен со СПБ и како да се штитат од бременост.
Деца. Значи ниедна контрацепција не е штетна колку што е Норлево али уште не се свесни дека утре деца ке сакаат..