Ке ве молам за помош,кога имавме односи со дечко ми на завршување кондомот пукна на средина имаше малку сперма не сето тоа истече а и одма се измив со вода внатрешно миење после еден ипол час испив Норлево а мислам дека ми е прв или втор ден од плодните денови.Дали апчето ке има некакво дејство? Бидејќи имам 19 год и не сакам животот да си го уништам јас сакам деца но не е право време за тоа барем според мене. Ви благодарм однапред
Zdravo devojki! Imam prasanje do vas koe mozebi zvuci malku detinesto no sepak bi ve zamolila za mislenje... Dali preporacuvate da se zeme norlevo dokolku ne sum imala seksualen odnos no se plasam (mozete da zabelezite deka sum malku paranoicna :/ )deka mozebi sperma ili precum zavrsila na prstite na mojot partner koj podocna me zadovoluvase so prsti.
Норлево не е апче против страв од бременост, изгледа не ја сваќате сериозноста на апчето. И одговор: не!
Ќе напишам по 100 ти пат. Немојте, а посебно ако нема сериозни индикации за бременост. Ќе плачете за деца кога ќе дојде време.
Секако дека НЕ. Тие апчиња се земаат едно во неколку месеци а не кога ќе ти текне. И тоа се земаат ако си 100% сигурна дека свршил во тебе а не за вакви глупости. И место норлево купете си течен сапун за твојот партнер да си ги измие рацете пред да те задоволува со прсти во случај да не останало нешто.
Девојки пиев Норлево пред 16 дена, околу два дена откога ми заврши менструацијата. Имав повремено главоболки и повремена болка во јајниците. Денес пред неколку часа забележав кафено розев исцедок, треба да добијам редовна менструација инаку за 5 или 6 дена? Дали е ова нормална појава од апчето? Ви благодарам однапред
Ќе ве молам за помош. Започнав да користам контрацепција во вид на апчиња Микрогином од неделата од 07.09 и денеска со маж ми имавме незаштитен сексуален однос.Дали постои шанса да останам бремена или навреме да одам да земам Норлево? Однапред благодарам.
Во принцип се советува барем првиот месец кога ќе се почне со контрацептивни апчиња да се користи и кондом. Апчињата би требало да те заштитат, но сепак не се знае. Мој совет е да не пиеш Норлево, сепак тоа се хормони на хормоните што веќе ги пиеш, и јави се кај гинекологот за консултација.
^ И јас исто мислам дека е бомба и контрацепција и Норлево и исто така мислам дека нема потреба, дека ќе се труеш скроз за џабе. Јас лично сум и против контрацепција ама добро тоа е друг муабет и секако ти си знаеш. А јас пак имам сфатено дека првиот месец откако ќе почнеш да пиеш контацепција не си воопшто заштитена, треба да ги пиеш еден месец прво за да делуваат, не почнуваат сигурно одма.... така знам јас. Прашај си гинеколог, ама секако не мора уште првиот месец да свршува внатре, за секој случај.
Здраво, ме интересира вака, некој што има искуство со Норлево да ми каже какви симптоми има, подуен стомак и сл.?
^^ Ретко се случуваат нуспојави, нсјчесто гадење. Земи прочитај во упатството што све може да се јави.
Грозно чувство, грозно во секој случај...подуен стомак, болку во јајници, мали главоболки, стегање во глава....подуени гради, симптоми како да доаѓа мензис а никако да дојде .... И додека да дојде повторно паники ....барем јас можда е до мене, но јас бев таква.
И јас имам пиено само еднаш, но чудно ми е зошто стомакот веќе месец ипол ми е подуен и тоа значително... а добив само помалку од вообичаено, бидејќи секогаш имам обилно. Затоа ме интересираше. Би благодарам девојки.
Секако дека може, таблетата пореметува се, може и да ти доцни и да ти дојде порано, индивидуално е...