овие апчиња се добри..затоа што може машкото некогаш да си го направи кејфот и да сврши во девојката...но тоа да не биде многу често..зошто сите знаеме..дека апчињава штетат по здравјето на девојките..
Значи за машкото да си направи кејф, женското да голта хормони, да му прави шокови на организмот и да си пореметува циклуси! Ќе си свршувате во девојките кога ќе си решите бебе да правите. Ама и девојките се криви, кога прифаќаат без заштита, па ќе голтаат после апчиња како бомбончиња секој месец, оти некој 'кејф' сакал да си направи.
Абе убаво ви е, затоа темава е преполна, па и онаа за абортус. А да не правам муабет за сексуално преносливи болести, за тоа нема апче - ден потоа. Ама за жал таму и вие машките страдате, а не само женското.
ако јас не сум сигурен во девојката..тогаш користам кондом..и мислам дека се заштитувам од болести..и сл..како и да е..модерно време...сите сакаат..од се да пробат
kje moze nekoj da mi pomogne, deckoto so prst me doprese tamu...i isto taka ko dirase svojot** i jas bev isplasena i zemav apce za den napraviv test 1 denot koga trebase da mi dojad i mi izleze negativen, sad 4 dena mi docnat , dali ima sansa da sum bremena?
da ispila sam posto ne me dirase samo nadvor tuku i vnatre, a jas citav negdje i pisuvase deka mozes da zabremenis..
@mikaelaa , не знам колку години имаш, можеби си мала, или почетник, ама да ти кажам. Сега кога веќе си се решила да имаш односи, мораш да се едуцираш на таа тема, пред да си го запустиш организмот уште од млади години. Те молам немој да читаш глупости по интернет, туку само од релевантни извори. Ние кога бевме 17-18 години, немавме по дома интернет, само по интернет кафиња, па беше скапо, и пак повеќе знаевме од вас, бре луѓе. Еднаш не интересираше нешто, најдовме број од гинеколог, и се јавивме и прашувавме. Па не ни знаевме за тие глупави апчиња за ден потоа. Еве, по стоти пат, на темава и останатите теми на форумов, се забременува од полов однос, што вклучува ејакулација (свршување) ВНАТРЕ во вагината. Орален секс, анален секс, прсти и јазици НЕ забременуваат. За предсемената течност е уште дискутабилно, и не е доволно испитано, меѓутоа еве некои минимални шанси постојат. Затоа постојат кондоми, за да ви биде помирна душата. Тебе како што те сфатив не си ни имала секс, туку само петинг, т.е. те допирал со прсти. И се плашиш да не ЕВЕНТУАЛНО, кога се допрел му останала на прстот предсемена течност која ЕВЕНТУАЛНО може да содржи сперматозоидче (кое инаку доколку е надвор од органот се суши и умира во рекордно време), и тоа да некако испливало до јајниците и те забременило. Те молам едуцирај се, секој гинеколог би ти дал бесплатен совет ако не сакате веќе нас да не слушате овде. Апчето што го пиеш се хормони, кои сакала или не, ти го пореметуваат организмот и циклусот. Не си играј со такви работи.
jacqueline.s потплоно се согласувам со тебе. Девојки внимавајте со хормонските апчина не е мајтап сериозно му наштетувате на организмот. Во денешно вереме има кон. апчина или па ако не можите да си ги дозволите купетеси кондоми. Не си играјте со здравјето
Леле луѓе до кај дошло времево! Апчиња да се пијат ко бомбони, анални сексови пред вагинални! И тоа се муабети од мали девојчиња. Жими се став ме фаќа. Зошто да се има анален секс пред вагинален, тоа ме интересира. Како се доаѓа до таква идеја. Како двајца толку млади луѓе, да не речам деца, прават муабет на таа тема па дури и ја реализираат истата. Или разговори не постојат, нема прашања, нема мислења. Само се прават глупости па после спаси глава ако можеш. Пиј апчиња, уништувај си го телото. Се согласувам сосема со jacqueline.s во наше време немаше ни интернет, ни списанија ама се снаоѓавме па се информиравме. Вакви глупости не сме правеле. Ова интернетов само глупости им става во глава на децава, а никој да седне да прочита нешто, да се едуцира. На темава не се вклучувам веќе се изнервирав.
devojki piev norlevo, po nekolku dena dobiv menstruacija, treba da dobijam na 28 odprilika a vekje od pred nekolku dena imam bolki vo gradite i polovinata i po malku mi se losi . dali e mozno da imam nekakvi hormonsko poremetuvanje? pomos..
Болките во градите и половината се типични за пред добивање менструација, а за да не се сомневаш во исходот од норлеовото препорачливо е прво да си одиш на гинеколог, апчиња за настинка не се земаат на своја рака а не вакви хормонски. Сепак мислам дека симптомите воопшто не се страшни.
Норлевото може да делува до 72 часа максимум после ризичен однос, повеке часови имаат поминато толку помало е дејството...
Здраво, сакам да прашам, имам пиено апче за ден потоа пред 2 години и вчера се случи пак да ни пукне кондомот, не по наша вина и ми е страв повторно да пијам бидејќи се плашам дека е многу штетно апчето, ве молам за совет