Може да има секако.Особено бидејки си млада и организамот допрва ти се развива.Едно ако си пиела -биднало веке.За нареден пат повеке пазете се.
Девојки ве молам за одговор.. Пиев апче ден потоа пред 1 недела и сега прокрварев ама не е баш крв,него накај кафеаво е,а треба редовно да добијам на 13-ти мај,зошто вака,ме фати паника сега..
Здраво, ни пукна кондомот ама го видовме пред да сврши сега не знам дали да пијам апче за ден потоа зошто знам дека се штетни. Мислење?
Сум пиела апче за ден потоа и не сте свесни колку се каев, но не рекле за џабе после е*ање нема каење. Така да, не туку купувајте норлево не туку вадете се на нив. Цел организам се пореметува, мислам дека едно 4-5 месеци ми требаа да се стабилизира цел организам. Не дека не пазевме, не бевме пијани ни ништо, пукна кондом (прв пат ни се деси) и моравме да се осигураме. Иако бевме во врска, сепак користевме кондом но ете .... Но свесно да пиете норлево или да си речите ај бе па овие едно норлево што е.... Е не е така, РАЗМИСЛЕТЕ девојчињаа размислете...
Девојкии, девојкии каде забегувате со паметчето на 16год цццц... 21 имам и сеуште сум немала односи па здрава права сум, и нормално не се тресам вака да не сум останала бремена или што ти знам цццц.. ах бе
Здраво! Да ви раскажам за моето искуство со таблетите за ден потоа. Прв пат ги пиев пред 3 години. Не знам како се викаа, бев во странство тогаш. Тогашниот дечко беше студент на гинекологија и подобро од мене знаеше како функционира моето тело. Се случи што се случи а јас бев голема паничарка. Иако тој ме убедуваше дека нема ништо и нема потреба да ги пијам, јас сепак се одлучив да ја земам таблетата. После 2-3 недели уште една. Искрено немав никакви негативни последици иако испив 2 во краток период, освен што се здебелив 2-3 кг после тоа. Но се друго беше во ред. Инаку имам редовен циклус од самиот почеток, 26-27 дена стандард. После 3 години повторно се најдов во ситуација да земам таблета, пред 3 месеци. Значи циклусот ми почна тогаш на 03.02. Имав незаштитен однос на 16.02. не знам зошто се случи но дечкото сврши во мене. Утредента цел ден на работа, не можев да купам таблета порано и толку ми беше мачно цел ден, посебно кога ми текна дека ми се плодни денови. Таблетата ја испив 23 часа после односот. Не се случуваше нешто страшно со мене следните денови, освен што ме болеше половината а тоа ми се случува секогаш пред да добијам. Добив 2-3 дена порано од предвиденото. И се ослободив некако. После некое време ми текна ај да направам тест за бременост, негативен беше. Приметив дека времетраењето на циклусот ми се намали, наместо 26-27 дена, сега е 24-25 дена и менструацијата ми трае 1 ден помалку. Можно е тоа да е поради таблетата? Имал некој слично искуство? Имам нормална тежина, добри пропорции ама стомаче мало си имав од секогаш. После односот и таблетата ми доаѓа 4 пати веќе ,ама не знам зошто ми се врти во глава дека е можно да сум бремена. Некако мешето ми изгледа поголемо а јадам помалку, дури и смалив 1,5 кг. Ништо друго од можни симптоми немам, освен мешето. ПС: Се извинувам за долгиот пост
после испиено норлево апче ако имам крварење значи не успеало да дејствува апчето и јајце-клетката е оплодена или не е точно тоа?
Дали после земање на апчето се добива редовен циклус (не дај боже да ми касни) и дали ако после два три месеци пробаме за бебе ке има некој проблем??? Ве молам нека ми каже некој мн ми се брза
Можно е да ти касни. Прочитај еден од постовите на Sesil (на истава страна). Пишува за несаканите дејства на апчето Норлево.