Мене само едно ме интересира. Толку ли вреди да се рискира здравје и стерилититет за секс без кондом?? Знаете ли вие каква бура од хормони предизвикува Норлево?? Свесни сте што си правите?? Ги голтате како бомбони. Еве ви ги несаканите ефекти : Несакани ефекти на Norlevo може да вклучуваат гастро-интестинални нарушувања, промени во апетитот и телесната тежина, задршка на течности, едем, акни, алергиски реакции на кожата, уртикарија, ментална депресија, промени кај градите вклучувајќи непријатност или поретко гинекомастија, промени на либидото , губење на косата или хирзутизам, замор, поспаност или несоница, треска, главоболка, предменструален синдром-како симптоми, променет менструален циклус или неправилно менструално крварење. Анафилакса или анафилактоидни реакции може да се случи поретко. . Следниот менструален циклус може да се случи порано или подоцна од вообичаеното. На сите настани треба да ја посетите вашиот лекар 3 недели по преземањето Norlevo без оглед на тоа дали крварење се случиле или не. Па закачете си ги на зид у следниот пат кога дечкото ќе сака без заштита размислете дали ќе му дозволите за негово задоволство да си го уништувате здравјето.
Не сум користела такво апче и не ни планирам. Зошто јас да пијам апчиња кога тој може да си стави кондом?
Не живеам во македонија 2 години, во германија сум, го прочитав упатството сакав да прашам да споделите искуства, дали некоја останала бремена и покрај таблетата....
Со оглед на тоа дека 90 посто од тука 'забременуваат' со свршување во воздух,на стомак,прст ништо чудно не ми е со апчево да затрудните. Ах да ,имаше една трудна без да сврши во неа.Скоро ја читав низ темиве
Значи да навистина има и глупави пρашања и одговоρи, ама за тоа е фоρум нели и за тоа е отвоρена темава да се споделат исκуства и да се пρаша што не е јасно κаκо што пρашав јас , зашто ниκој исκусен не се ρодил и не велам деκа безвезе се пијат апчињата κои се доста штетни таκа е и теκ сфаќам отκаκо го испив и еρ κаам пρемногу.. ама ете леκција и тоа тешκа ми беше. И надвоρ од тема нели пишав пρед неκој ден деκа го испив. Вчеρа на гаќите ми се појави нешто κаκо цρвениκаво κаκо со вода измешано многу чудно и ставив влошκа и сега имам неκаκов исцедоκ ама малκу сосем и не е цρвениκав нешто многу посветло ,дали е тоа од ноρлево или неκој дρуг пρоблем?
Сите сме биле мали и неискусни луѓе сме и правиме грешки тоа е точно, но девојче добронамерен совет би ти дала штом си се впуштила во сексуалниот живот треба бар да пробаш да седнеш и да се едуцираш, да гуглаш штом пронајдеш некој проблем штом не ти е јасен, така ке се заштитиш од многу опасни работи, бидејки сексот не е само задоволство. Мило ми е што си си ја пронашла грешката и се трудиш да ја поправиш. Имаку тоа е нормален ефект од норлевото, тоа се хормони и нека не те чуди што си забележала крв бидејки хормонот што си го зела регира на матката и јајниците.
И јас искусна не се родив, па пак никогаш не посегнав по апчиња. И да, затоа е форумот, за да прочитате и да се информирате. Ама џабе се тупи во сите 76 страни уназад во темава дека апчињата НЕ се пијат туку така, ама што фајде кога упорно сите со глава во ѕид и прво што прават купуваат норлеви требало-не требало, пијат по неколку годишно, си ги уништуваат циклусите. Затоа на дрва се збора тука. Не мораше ти да се најдеш во постот, ете си згрешила, биди здрава и жива, и дај Боже да не си играш во иднина... ама ти разбираш дека на форумов има девојки кои ги земаат секој втор месец како да се витамини, дали се свршило во нив, дали не... не е битно... страшно е тоа што се чита тука. И ние сме биле тинејџерки и млади, па немаше вака форуми разработени да прашаш, и пак ова со апчињата беше нешто нечуено за нас... овде ем совети делиш, ем крив на крајот.
Значи извини... ништо лошо не мислев и да се пρонајдов затоа валда одговоρив и си ја тупам главата ама џабе ... си ветив деκа ќе ρазмислувам наρеден пат и сепаκ фала на одговоρите позз
Не знам дали важи за сите овие апчиња за ден потоа но јас ќе го споделам моето искуство со Норлево. Поради тоа што ни се скина презевативот за време на секс и партнерот ејакулираше во мене а во моментот не планиравме бременост одлучив да земам Норлево. Апчето го испив неполни два часа по односот. По 3 недели од настанот кај мене се јавија симптоми на гадење, изострено сетило за мирис и секако изостанок на менструација. Во упатството пишување дека можни се несакани последици како лошење изостанок на циклус и така јас спокојна мислев дека се е поради Норлево кога еден ден случајно реков ајде да земам тест за бременост. Утрото го направив и покажа две црти. Следниот ден отидов на гинеколог и тој ја потврди мојата бременост во 6 месец. Се уште не ми е јасно како ова се случи зато што претходно внимававме но сепак сакав да ви напоменам дека норлево не штити 100% од бременост. Можеби причината беше тоа што бев во плодни денови. Сега пребарувам на нет и гледам дека и на други девојки им се случило истово...
Како ти доцнело 3 недели откако испи Норлево, а си била бремена 6ти месец? Или 6 месеци не добиваше после тоа?
Не ме чуди, на секоја заштита јасно и гласно пишува дека не те штити целосно од бременост, да така и јас имав случај со една блиска личност која и покрај норлево и хормоснски пилули остана бремена... ете судбина ли е што ли е незнам како да мислам и кажам, овие случаеви се ретки но постојат.
Апче за ден потоа се зема во исклучителни ситуации. Проблемот е што овде млади девојки под 18 години кај кои сеуште хормоните дивеат ги пијат како ц витамин. 36 години имам никогаш не сум се напила такво апче. Ама како да се каже не на дечкото кога не сака да стави кондом? Како така па после да и раскине? Труј се упропасти се ама егото на типот не го уривај.
Јас се напив затоа што сврши во мене, иако беше 2-3 дена откако ми заврши циклусот. До сега немам негативни последици, но уште ми е страв, иако бев во неполодни денови, исплашена сум многу. Прв пат ми беше, 2 години имам редовен заштитен секс, и прв пат се случи да пукне кондомот. Не сте вака од помош наостени дека ништо не знаеме...
Како што претходно напоменав се скина презервативот и да има последици ќе ги сносам лично јас, тука сум за да споделам искуство а не да се правдам пред луѓе кои не веруваат во контрацепција.
Сите добро разбираме дека контрацепцијата не е 100 % сигурна, и точно е дека не ни гори нас туку на другите и ке си ги сносат последиците, но ако веќе биднала работата и покрај се тогаш и за тоа има решение нели?! Или абортус или мајка.