1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Апче за ден потоа

Дискусија во 'Бременост' започната од Barbie.Girl, 30 март 2010.

  1. Kolumbo

    Kolumbo Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2015
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    2.365
    Пол:
    Машки
    Toa sto ciklusot pocnal porano, najverojatno e rezultat na apceto.

    Ne posegnuvaj lesno po tie apcinja, se raboti za dosta seriozen farmakoliski proizvod, koj pokraj dejstvoto za koe e namenet, moze da donese i brojni nesakani sostojbi. Tie apcinja se upotrebuvaat vo ekstremni slucai i najmnogu ednas vo sest meseci.

    Najdobro e da se vnimava sto se pravi vo tek na intimnostite.

    Ubavo napisa, postojat sansi, a stom postojat, nikoj ne e na siguren teren, odnosno sekomu mozat da mu se slucat.

    Se' dodeka nema penetracija, vnimavajte na toa kade ejakulira, neka ne bide toa vrz vaginata, ne e naivna igra, bidejki so samiot obid za chistenje na vaginalnite usni, bi mozela da vneses od ejakulatot tamu kade ne treba, a kolku i da izgleda neverojatno spermatozoidi da stignat vo vnatresnosta, vo sustina sansi postojat.

    Imalo prasanja od tipot deka imalo delumna penetracija, himenot ne bil osteten, dali e mozno da pominat spermatozoidi. Ke napisam i ovoj pat, himenot ne ja zatvora vnatresnosta na vaginata kako da e kapache, tuku e kozhichka so prstenest oblik, taka sto spermatozoidite bi mozele da pominat.

    Za vo idnina, najvazno e da se zapomni deka sekoj nezastiten odnos megju plodni maz i zena e potencijalno zacnuvanje, zatoa treba da se koristi zastita. Najdobra varijanta se kondomite, bidejki ne predizvikuvaat hormonalen haos, a stitat i od bolesti, no za toa tolku, bidejki temava ne e za niv.
     
    Последна измена: 13 ноември 2016
  2. steffriss

    steffriss Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2015
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    1.448
    Zdravo,
    Imam 3 godishna vrska,obicno skoro sekogash koristime zashtita.Imam redoven ciklus,mi doagja tocno na 28 dena,dva tri pati ako mi ima podraneto inace sekogash tocno si e na 28 dena.E sega poslednata menstruacija ja imav na 31 oktomvri,no vcera imavme nezashtiten odnos i svrshi vo mene.Mnogu se ispanicev odposle koga vidov deka vcera mi bil ploden den i deka toa e bash 1 den pred ovulacija kako sto mi pokazuva na kalendarot,t.e tocno na 14 den od ciklusot..nekolku dena pred ovoj 14den zabelezav deka mi e rastegliv i prodziren vaginalniot iscedok i golemo kolicestvo imase izlaceno sto znaci mozebi uste pred nekolku dena pocnal procesot na ovulacija.Vcera nekade posle 3 casa od odnosot se napiv apce norlevo,procitav deka efikasnosta mu e najgolema vo prvite 24 h pa vednash reagirav.E sega otkako go ispiv apceto nemav vcera posebni simptomi,osven malku kako zashemetuvanje i deneska mozam da kazam i kako eden vid na omalaksanost cuvstvuvam.Si proveriv pred nekolku minutni nemam nikakov iscedok bukvalno ni krv ni belo ni prozdirno apsolutno nisto suvo kako da e.Narednata menstruacija treba da mi dojde na 27 mesecov,toa se od prilika neceli dve nedeli.Dali apceto deluvalo efikasno?Dali treba nekakvo krvarenje da ocekuvam vo narednive denovi?se plasham deka vekje procesot na ovulacija bil pocnat a jas go ispiv apceto odma 3 casa posle odnosot.Se izvinuvam za tolku dogiot post i vi blagodaram odnapred
     
  3. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.725
    Допаѓања:
    172.713
    Пол:
    Женски
    НИКОЈ не може да ти каже дали апчето делувало!
    Не се гледа тоа на гравчиња.. А богами не знам ни гинеколог дали може 100% со сигурност да ти каже.. Крварењето не е мерило за успешноста на апчето,..
    Омалаксана си затоа што си под стрес и си ги поремети хормоните со апчево, може да ти се одрази и на расположението во следниов период..
    Ниту вагиналниот исцедок што ти бил растеглив не е мерило за ништо поврзано со бременост, кога секс си имала само пред еден ден...
    Така да, место да прашуваш тука, почекај 2 недели и купи си тест за бременост..тогаш ќе знаеш со сигурност
     
    На Kolumbo му/ѝ се допаѓа ова.
  4. steffriss

    steffriss Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2015
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    1.448
    Denska 5 dena od odnosot zabeleziv kako kafeav iscedok ama mnogu malku i nemav nikakvi bolki vo jajnicite nitu pak osetlivost vo gradite.sega povtorno koga proveriv imam kako poluzolt uscedok kako pogust i nemam nikakvi bolki vo gradite nitu vo jajnicite,treba da mi dojde za 10 dena od prilika.mnogu sum pod stres,se na toa mislam i edvaj cekam da mi dojde.
     
  5. Olimpija17

    Olimpija17 Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2016
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    108
    Пол:
    Женски
    даали апчево се купува без рецепт?
     
  6. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.725
    Допаѓања:
    172.713
    Пол:
    Женски
    Без рецепт се купува, ама не е играчка..
    Не знам зошто се дозволува без рецепт да се купува кога за едни Јасмин бараат рецепти...ова е 100 пати поголем хормонски шок за телото, а е во слободна продажба
     
    На Tajnaotrovna му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    @Dust во принцип апчето не смее и не се продава без рецепт, ама ради профит аптеките го даваат а после тоа они самите набавуваат рецепти.
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.725
    Допаѓања:
    172.713
    Пол:
    Женски
    Дали смее или не смее, не навлегувам во тоа. Важно го продаваат без рецепт, а сметам дека не е правилно едни обични апчиња за контрацепција кои што споредени со Норлево се гола вода, да бидат на рецепт, а притоа жената сама треба да одлучи на кој начин да се заштити од бременост, а овие да ги делат како чоколатца..
    Ама ете, одговорот е дека идат без рецепт... А реални па да бидеме, ако некоја имала однос во петок навечер, и чека до понеделник за Норлево, џабе и е чекањето :)

    Во САД пред некоја година апчиња за ден потоа видов на полица меѓу апчиња за забоболка..беа во слободна продажба, дури и се зачудив..
     
    На Rebecca_R и DVAANGELA им се допаѓа ова.
  9. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    @Dust секако, било какво хормонско апче не смее да се продава без рецепт, ама реалноста е друга.
    Ако појдеме од тоа дека апчето за ден потоа може да биде прилично ефективно, а притоа ако таквата грешка се случи само еднаш, ризиците сепак не се толку големи.
    Е сега, многу млади девојки го пијат апчето како аналгин, и место еднаш да им дојде памет, не им е проблем да го испијат неколку пати. А тогаш може да има и многу посериозни последици.
    Јасмин се пијат секој ден, цела терапија е тоа, па затоа и треба совет со гинеколог поради хормони и ред други работи.
     
  10. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.725
    Допаѓања:
    172.713
    Пол:
    Женски
    Јас разбирам и направив само споредба. Ама верувај дека децава Норлево не го користат само еднаш... многу од нив го користат и по 3-4 пати годишно..па и повеќе. Мислат дека после секој ризичен однос доволно е да се напиеш едно апче и мирна глава... за жал си прават лоша "услуга" а уште полоша услуга им прават фармацевтите...
    Во однос на Јасмин, не би сакала да се распишам... тоа е се само терапија не..затоа единствено ќе те заштити од бременост.. сите лица што ги знам што ги пиеле за друга дијагноза, не им помогнале. Ако за заштита од бременост е потребна терапија, тогаш да земам да се убијам...
    Сепак мое мислење.. не би го наметнувала тука, си го чувам за себе
     
    На Rebecca_R му/ѝ се допаѓа ова.
  11. steffriss

    steffriss Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2015
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    1.448
    Moze nekoj da mi odgovori sto se nasol vo slicna situacija kako mojava?ova mi se slucuva samo ednash zatoa i go ispiv apceto.se soglasuvam so postovite pogore deka ne e igracka i deka ne treba da se pie tolku cesto.Jas go ispiv apceto vo rok od 3-3ipol casa posle odnosot.denovive sum pod stres i samo na toa mislam ​
     
  12. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.725
    Допаѓања:
    172.713
    Пол:
    Женски
    А што да ти одговориме девојче? Од исцедок кој што го опишуваш на форум, не може никој ништо да ти каже од проста причина што не сме видовити...за чудо.
    Исцедок со изменета боја или миризба, не значи ниту дека си бремена ниту дека не си..може да значи дека си пред добивање, може да имаш инфекција, можат уште барем 10 други работи да бидат
     
    На Kolumbo му/ѝ се допаѓа ова.
  13. 95marija95

    95marija95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2016
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите! Морав да направам нов акаунт бидејќи сум го заборавила пасвордот на стариот.Морам да го пофалам сајтот најубавото нешто до сега што сум го имала видено исто и вас срцки баш сте фини.:* имам мноогу голем проблем бе молам само не ме осудувајте вака ..на 18ти ми дојде циклусот на 19ти дечкото се запнал секс да има со мене ајде попуштив иако ил нејќам во циклус ,и не ми кажа дека сакал да сврши внатре во еден момент го гледам дека свршува го турнав наеднаш и пола внатре пола на нога ми сврши и вика ако нема гајле не се останва бремена на менструација арно ама меме што ми беше шубе другиот ден т.е денес по 8сати од односот се напив норвело.Дали има шанси да останам бремена?стварно се плашам..:'( и од кога го испив апчето има поминато точно 8 саати а јас немам никаква промена.ВЕ МОЛАМ ЗА ПОМОШ СРЦКИ :'(
     
  14. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.725
    Допаѓања:
    172.713
    Пол:
    Женски
    Шансите се ептен мали (скоро никакви) ..туку смее апчево да се пие за време на циклус? Никогаш не ми текнало да прашам :^)
     
  15. 95marija95

    95marija95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2016
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Јас во аптека прашав ми рекоа дека смеј да се пие во секој ден од циклусот.Се молам да не останам бремена а треба 25 дена уште да чекам до следен циклус :(
     
  16. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.725
    Допаѓања:
    172.713
    Пол:
    Женски
    Смеело, прашав.
    Нема да останеш бремена, не се секирај :)
    А каков ти е тој дечко што обожава да свршува во тебе? Сака да останеш намерно бремена? Да сум на твое место, не би поминал така лесно..
     
  17. 95marija95

    95marija95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2016
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Мило ми е што и други велат дека смеј да се пие за време на циклус..вервај јас не ни знаев дека сака да сврши внатре ова прв пат се случва..а дали знаеш нешто за норлевото? Немам никаков симптом од кога го испив незнам дали делува..
     
  18. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.725
    Допаѓања:
    172.713
    Пол:
    Женски
    А што те интересира девојче?
    Се што би можеле да ти кажеме, веќе го пишува на упатството. Се надевам го прочита пред да го испиеш..
    Никој не може да ти каже дали ти делува. Тоа е направено за да делува, ама па не е 100% сигурно..
    Ќе си го почекаш циклусот и ќе си видиш..
    Или за едно 2 недели земи тест за бременост и провери :)
     
  19. 95marija95

    95marija95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2016
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу и извини за замарањето ама сум испаничена зато...
     
  20. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.725
    Допаѓања:
    172.713
    Пол:
    Женски
    Смири се. Со паника ништо нема да постигнеш :hug: