1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Арапска кујна

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Sephora, 9 декември 2012.

  1. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Прочепкав низ храна и пијалоци и не наидов на ваква тема.
    Дали имате јадено арапска храна и како ви се допаѓа оваа кујна?
    Мене ми е една од омилените. Мошне е слична со македонската и иако не се истите рецепти, навикнати сме на гравче, некоја добра чорба или шербет.

    Сте ја посетиле ли арапската таверна во Скопје и како ви се допаѓа храната таму?
    Мене ми е како втор дом. :lol:
    Не практикувам да излегувам по дискотеки и најчесто одам на вечера во некој ресторан кој нуди убав избор на храна, пред се различна, па Аладин ми е најпосетувано место во последните неколку месеци.

    Јас како голем љубител на оваа кујна, морам да ги пофалам за одличните јадења. Менито е скромно, но тоа што го нудат е вкусно.
    Имам замерка само за неснабденоста со некои зачини, па никако не можам да пробам едно арапско лепче кое го нудат во менито.

    Мои препораки се фетуш, тебуле (за љубители на магдонос), кускус, туфахија и можеби најдоброто нешто кое го нудат во менито, мојот омилен пијалок, леден чај од кактус. Не бидете скептични, пробајте го!
    За оние кои сакаат да одат на сигурно, лахамбаџун. Превкусна арапска пица.
    Послужуваат и арапското кафе кое е спефицично, има остар мирис и вкус како што може и да се очекува. Мене многу ми се допаѓа начинот на кој го служат кафето. За секого по едно ѓезве, локум и коцки шеќер.

    Вработените се мошне пријатни и ми се допаѓа што носат традиционална облека, па кога е пуштена арапска музика, атмосферата ве носи директно во пределите на Сахара.

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На papillonP, boomsleng, ludoto19 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Арапска кујна прв пат пробав во една арапска земја, значи орИгинал 8) енд ај лајк ит.
    Аладин кај нас го посетувам само летно време, ми се допаѓаат "сепарињата" зa седење со боси ноџиња :D
    Омилени јадења ми е овие на сликава ;) наут топченца и арапска пица лахмаџун.
    [​IMG]
    [​IMG]
    Кафе, чај, салати и некој десерт од малкуте понудени ми се исто пробани. Сепак имам замерка за многу малиот избор во менито. Цените на горенаведените јадења не се скапи, но ако добро се сеќавам другите специјалитети имаа соленки цени.
    Имаше уште едно место каде што има арапска кујна Lunch bar Yummy, накај водњанска, но не успеав да пробам барем наут топчиња од таму и не знам ни дали сеуште е отворено (информација е добродојдена!).
     
    На Sephora му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.213
    Пол:
    Женски
    И мене ми се допаѓа арапската кујна.

    Често одам во Аладин, ми се допаѓа амбиентот, а и не е скапо :)

    Омилен ми е ледениот чај од кактус што го спомнала Сефора :rock: Луѓе, поубав освежителен пијалок мислам дека не постои! Кој пробал знае, а кој не пробал - нека проба што поскоро :D

    Од јадењата, рижотото со зеленчук ми е фаворит. Ги сакам и ќофтињата од наут, многу се вкусни. Инаку, мајка ми уште одамна дома прави ќофтиња со наут, а јас отсекогаш ги мразев иако ги немав пробано. Прв пат ги пробав во Аладин, не дома, и сега сама ја терам мајка ми да прави :rofl:

    Туку, да се вратам на арапската храна :D Имам пробано и кускус, добар е, ама мене лично не ми се допаѓа нешто особено. Арно ама, затоа во лахмаџун се давам :rock: Прекраснотии!

    Таа салатата со магдонос (табуле или тебуле) не ми се допаѓа, од причина што мразам магдонос и го јадам само во супи или во јадење каде што не се забележува дека го има. Ама вака да јадам салата само од магдонос - nope :shake:

    Од десертите - дефинитивно туфакија, тој колачот со јаболка што е. Предобар!

    Фино е што има ваков ресторан кај нас, чисто ете за промена да вкусиме и нешто поразлично :clap:
     
    На Sephora му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Velvet

    Velvet Активен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    11
    Знам понекогаш да го посетам арапскиот ресторан во ГТЦ и со секоја посета ми доаѓа убаво на душичката :D

    Ќофтињата со наут,лахмаџун и тој ражничот теке,теки така нешто се викаше :?: мх мх мх :D
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.010
    Допаѓања:
    198.822
    Пол:
    Женски
    Во последно време почнав поинтензивно да ја проучувам арапската кујна. Вака, ми се гледа доста вкусна и блиска до нашата, меѓутоа, изобилува со зачини кои ние ги немаме тука или потешко се наоѓаат. Се надевам дека во најскоро време ќе имам можности да пробам повеќе од јадењата што ми фатиле око.

    Сум била во арапскиот ресторан во Скопје, и можам да кажам дека храната е одлична, барем она што сум го пробала. Многу сакам зачини, а сакам и да експериментирам со нови вкусови. Меѓутоа, не секое јадење го има истиот вкус и шмек како што го прават било каде на Ориентот. Но, доброто е тоа што ете и ние тука имаме можност да пробаме нешто ново.

    Мои фаворити се фалафел, табуле и фетуш салатите, чајот од кактус, раженчето тике и пилешкото со ориз, бадеми и зеленчук. Друго не сум пробала, засега.

    Ја обожавам салатата табуле, бидејќи многу сакам магдонос. Ептен е освежителна поради сокот од лимон.
    Понекогаш ја правам и дома, ама сега некако не ми е убава, затоа што не е сезона на домати и краставици.
    Рецептот оди вака:

    Шолја булгур (ситна пченица)
    3-4 домати
    краставица
    главица кромид
    2-3 китки магдонос
    еден лимон
    2-3 страка свежо нане
    2-3 супени лажици маслиново масло
    сол
    црн пипер
    Пченицата се кисне 24 часа во вода. Ситно се сечкаат сите состојки и убаво се мешаат. Се зачинува по желба, се става малку маслиново масло и сок од 1-2 лимони.


    Ова е оригинален рецепт, со булгур. Ама кај нас не сум ни побарала дали има, па ја правам со карфиол, како што прочитав на интернет и ми се допадна и вака. Пробајте, нема да зажалите, превкусна и освежителна е.
     
    На Sephora му/ѝ се допаѓа ова.
  6. l0vE...-love

    l0vE...-love Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2012
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    Имам желба да ја пробам..
     
  7. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.646
    Денес ја посетив Арапската таверна-Аладин и имам многу позитивен впечаток. Вработените се многу љубезни и добро упатени во храната што ја служат и општо целата атмосфера е пријатна и опуштена,а сепак специфична.

    Храната е исклучително вкусна иако е необична за нас. Пробав фетуш,салата од марула,краставица,домат,кромид,лук и едно специфично тенко и крцкаво лепче. Салатата е превкусна,освежува и дефинитивно би ја пробала пак.

    Пробав и фелафел ,кофтиња од наут и ми се допаднаа иако сосот со кој ги служат имаше малку специфичен вкус па не ми беше баш по мерак.

    Благото им е феноменално,се удавив мислам во туфахија-јаболко со крем од урми.Кремот од урми е едно од највкусните слатки работи што ги имам пробано било кога. Пробав и атаиф,палачинка со гриз и ореви,ама беше пресилна и преблага за мој вкус.

    Кафето очекувано е цел ритуал,што особено ми се допадна. Мали гезвенца,локумче,коцки шеќер и преубави шољички,ептен го надополнуваат целиот впечаток. Иако арапското кафе е специфично и на мирис и на вкус,ми се допадна. Само јако е и мислам дека ќе ме остави без спиење. :D

    Инаку од арапска кујна имам пробано и лахамбаџун што особено ми се допаѓа во комбинација со ајран. И шиш ќепаб што не ми е баш по мерак зошто не сум љубител на месо.
     
    На Sephora и anabel-a им се допаѓа ова.
  8. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    653
    Ја сакам арапската кујна и јадења
    Имав можност да ја запознаам нивната кујна и да ги вкусам нивните традиционални јадења и специјалитети при посетата два пати на Египет и еднаш во Тунис.
    Најповеќе го засакав кус кусот, и тоа со пилешко и со јагнешко месо, посебно во Тунис го прават многу убав и вкусен, најчесто арапите ги приготвуваат јадењата со пилешко и јагнешко, поради религиозни причини не конзумираат свинско месо.
    И ден денес дома приготвуваме доста често јадења со кус кус, кус кусот го купуваме од поголемите маркети - Тинекс, Тедико, најдобро е да се приготвува на пареа за да биде сув.
    Исто така добар му е хумусот, фелафелот, и други благи специјалитети со урми и ореви.
     
  9. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Убаво е што имаме арапски ресторан во Скопје.
    И мене ми се допаѓа фелафел со сосчето или кус кус во Аладин.
    Но, пред година дена имав можност да престојувам во Египет и Мароко.Луѓе мои, да не беше МекДоналдс и попатните чипсови, ќе си умрев за јадење.А, во принцип мразам фаст фоод, така што практично бев речиси гладна цели 20 дена.Се вратив во Скопје ослабена :(
    Не дека сум страшен фан на македонската кујна, напротив, ми се допаѓа кинеска,тајландска,мексиканска,јапонска кујна....ама,ова беше страшно за мој вкус.
    Премногу јагнешко :puke: , премногу сомнителни манџи со тежок мирис,многу ,ама страшно многу зачини,па дури и во лебот!
    И да, дефинитивно сите тие далечни,егзотични кујни во европскиот свет (читај ресторани), се модифицирани и прилагодени на нашиот вкус.
    Па, така пред извесно време во Италија, желудникот ми се преврте кога сфатив дека треба да одам на вечера во марокански ресторан :x
    Ама,за живо чудо ги немаше тие тешки мириси и уште потешки зачини ;)
     
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    А каде точно се наоѓа? :^) Никогаш не сум го приметила :tmi:
    И ако може некој предлог за јадење, тие ќофтињата ми изгледаат превкусно, само се надевам не содржат јагнешко. Значи секој предлог кој не содржи јагнешно ми е добредојден :) се можам, само тоа не!
     
  11. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Аладин се наоѓа во ГТЦ до Џино (гледа накај Жена парк). Инаку ќофтињата од наут (фелафел) не содржат никакво месо, а за јагнешкото не се плаши и јас не го сакам ама на менито во ресторанов не е толку застапено.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Имам пробано во Аладин и ми се допадна...
     
  13. luvS2

    luvS2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    42
    Не сум ја пробала, но баш би сакала да ја пробам... :)
     
  14. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Девојки како се цените во Аладин ресторанот? Во Скопје сум па би сакала да одам таму :)
     
  15. Andola

    Andola Активен член

    Се зачлени на:
    17 август 2013
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    12
    До сега имам пробано кускус и табуле, ама кускусот ептен ми се допаѓа :D да можам цел ден ќе јадам :D
     
  16. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Невр трајд!
    Баш би сакала...Некој арапски ресторан низ Ск,плеасе? :?:
    Освен овој Аладин.
     
  17. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Сум била повеќепати, не ми се допаѓа арапската кујна ама зависна сум од тоа фалафел топчињата и сендвичи. И во ирски ресторан има фалафел ама не е ни прближно добро како во арапскиот.
    Има ли некоја рецепт за фалафел?
     
  18. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
  19. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.029
    Пол:
    Машки
    Арапска храна пробав во Франција. Печено јагнешко со кускус и некаков зелен грав приготвени на пареа. Месото го решив, кускусот не ми одеше нешто, некако невкусен. Не е тоа за мене. На вечера со луѓе што не ги познавам, а тоа кускусот нејќе да се црпе со вилушка, се рони, паѓа како луд. Дали ја незнаев како се јаде (може со раце требаше), дали беше посуво зготвен или таков е ич незнам. Нејќам ни да знам.
     
  20. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Таму најчесто ги јада фелафел ќофтињата, но го знам оргиналниот рецепт, па сега си ги правам дома.
    Посебно ми се најавуваат гости за да им ги правам тие. :lol:

    Во Аладин убава ми е атмосферата, но кога сум начекала гужва било катастрофа, неизбришани маси,чекање по цел час, па нешто заборавиле во нарачката... :^)