Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Арапска кујна

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Sephora, 9 декември 2012.

  1. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.002
    Допаѓања:
    10.329
    Вчера беше најавено отворање на нов ресторан во чаршија. Еве и мапа каде се наоѓа
    [​IMG]
    Само не ми е јасно дали ќе го затворат тој во трговски или дали ќе има на двете места :?:

    Инаку многу сум задоволна од храната и од персоналот. Сите што сум ги начекала биле многу фини, услужни и културни.
    Од тоа што сум пробала буквално се ми се свиѓало. Омилени ми е фалафел ќофтињата, а особено сосот што оди со нив. Него го порачувам со повеќе лук :$ Истиот сос обожавам да го комбинирам и со тој триаголнестиот чипс. Воедно морам да признаам дека ми е еден од подобрите чипсови што сум ги јадела воопшто. Би била благодарна доколку некој сподели рецепт или евентуално од каде може да се купи.
    Фетуш салатата исто ми е убава и освежителна. Од главните јадења ми фатија око крилцата, оризот, тоа месото со моркови и ореви. Компирите што ги ставаат како гарнир во некои јадења се многу добро приготвени.
    Лахмаџунот исто го пробав, ама тој од Галерија 8 ми е поубав, покрцкав и позачинет,а нормално и поевтин :)
    Од десертите можам слободно да се удавам во туфахијата со крем од урми. Како што не сум фан на многу благи работи ова е совршено за мене. Јаболкото накиселува, кремот совршено заблажува...аххх.

    Инаку голем дел од овие работи може да се направат и дома. Фалафелот и пита лепчињата се прават многу едноставно, само ви требаат соодветни зачини. Тахини сосот што оди со него е малку зафркнат, ама ја пронајдов машинката за мелење сусам и сл. семиња па кога ќе ми заврши диетата ќе го испробам и него ^_^
     
    На Jordanovska-K и mims-89 им се допаѓа ова.
  2. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Јас никад не сум бил во арапски ресторан, а би сакал да посетам.
    Иначе дали нудат животињи за јадење? :D Не дека ќе ги јадам туку онака прашувам од љубопитност.
     
  3. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.419
    Допаѓања:
    9.601
    Пол:
    Женски
    Не би сакала да одам :):)
     
  4. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Обожавам арапска кујна, а во Рим една од најдобрите другарки ми беше од Тунис, така да научив многу од мајка и. Омилено нешто ми е кус- кус, станав експерт за ова јадење, а обожавам да правам фалафел и хумус. Еве ви слика од еден кус кус кој го направив со морски плодови во комбинација со препечени лепчиња и намаз од маслинки и портокал кој сама го направив.

    DSCN2450.JPG DSCN2451.JPG
     
    На Giovanna, Annath, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. En89

    En89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2018
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Дали има негде во Скопје ресторан со арапска кујна?